Донаторска акција: Помош за Задруга „Артикултура“

[ ]

Социјалниот непрофитен центар – Задруга „Артикултура“, кој се востанови во мај минатата година во Битола како простор за дружење и поттикнување на независната алтернативна култура, неделиве се соочува со тековни административни проблеми кои го оневозможуваат тековното фунционирање на задругата. Оттаму, Артикултура бара ваша поддршка и помош.

Ak

Задруга „Артикултура“: „Просторот во кој моментот престојува Артикултура од стартот до сега беше непрофитен проект, слободна зона полна љубов, отворна за сите, во кој група на многу различни луѓе фрлаја мноооогу време, идеи и пари за еден културен концепт кој сметавме дека му е потребен на градот, не очекувајќи ништо за возврат.

Сепак, и покрај досега постигнатото, моментално е многу неизвесно дали просторот ќе продолжи да функционира ради финансиски проблеми, особено поради фактот што СИЗ-от ни бара 2 и пол кирии плус за момент кога просторот беше нефункционален, без одвод и без можност да се отвори, па сега се заканва со извршители и шо не.

За да се извајме некако ќе треба неверојатен напор, ама ние верваме дека заеднички можиме да ја пребродиме кризава, па зато сакаме да замолиме, кој сака, да поможи на некој од следниве начини:

* Да стани член/ка (годишна чланарина е 60 евра).

* Да донира средства (јавно или анонимно) во Артикултура, или на сметка 210071188300171, НЛБ Тутунска Банка, со назнака „Донација“.

* Да иди и дроп да се прај секој ден за празниците, а и потаму.

Сепак, доколку не успејме, ова не значи дека ќе се откажиме од идејата, и обеќаваме дека ќе му го најдиме чарето поинаку.
Артикултура е поќе од просторот на ул. Браќа Мингови бр. 7 и нема да умри ако се клај клуч на просторот во пазарот.

Со многу љубов, шо и да се деси,
Задруга Артикултура

Ak2


 

Три билборди надвор од Ебинг, Мисури
режија: Martin McDonagh

20.01.2018

Тргнувајќи од славниот цитат на Маршал МекЛуан, „Медиумот е порака“, сценаристот и режисер Мартин МекДона во своето ново остварување „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“, ...

Холивудска приказна: Star wars, прости!

09.01.2018

Четириесет години по премиерата на првиот филм, односно, четвртата епизода од сагата „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас, и нешто помалку години од почетокот на ...