Златното гомно

[ ]

Беше тоа во далечната 2018 година кога светот сè уште спиеше и се делеше помеѓу Русија и Енглеска (ама не и биќе земја пролетерска), Сирија кравареше а американците беа убивани од голи пиштолџии, додека младиот Џовани Џорлев од неготинско патуваше низ Италија.

 

 

ii

 

 

 

Екскурзијата требаше да трае десет дена и сите беа млади и весели. Класниот, Џузепе Фекалијски и Анета Дрворедова, будно ги следеа убавините на итaлијанските градчиња воедно потпевнувајќи песни од Сузана Спасовска. Во пролетното априлско утро автобусот застана пред мотелот на Луиџи Сакраменто, таму беа предвидени два дена со ноќевање. Набргу учениците се сместија во мотелот Пријапеја (наречен во чест на богот на фалусите – Приапус). Џовани прв се мушна да истражува низ лавиринтите на мотелот а нешто подоле од мотелот се наоѓаа и урнатините од едно старо римско светилиште во чест на богот Приапус. Беше во друштво на младиот искривоколчен поет Бранко Ташиќ-Мрвоје. Мрвоје му раскажуваше за обичаите и за културата на древните римјани, глумејќи дека е во најмала рака Сенека, тој се палеше на секој камен од рушевините, па застана пред еден мегалитски фалус со очи, се поклони пред фалусот и прокламативно изрецитира:

Rex non potest peccare! (Кралот не може да згреши), па се обеси на мермерниот фалус како да се слика со некаква поларна мечка. Џовани помалку се сомневаше во природата на Мрвоје, но сепак тој имаше високо мислење за неговиот успех и познавањето на латинскиот. Бранко, нагалено Мрвоје, беше најдобриот ученик на генерацијата, капитен на школската фудбалска репрезентација, најдобар стрелец и пијанист, играорец на годината, најбрз виткач на џоинти и што уште не. Одзгора на сè, Бранко изгледаше антички, со руса кадрава коса и очи бадемасти, што светлеа во мракот како картагински бакли. Бранко беше сон на сите девојки. Врвен генетски штоф. Вечерта ја минаа со Тијана Варварска и Гени Абдулов наречен Курлито. Пиеја Самбука под една лоза и се цереа како зелени. Некаде околу полноќ решија да се пошегуваат со Мартина Сопкова. И бидејќи „брадата не го чини филозофот“, испијанети и можеби издрогирани тие се прибраа во мотелот некаде пред зори.

Хигиеничарката Фабула Фазлија Џеновезе (натурализирана италијанка од Горњи Милановац) пристигна на работа точно во шест часот наутро. Потпевнувајќи една арија од една српска поп ѕвезда – Шабан Шаулиќ, таа набрзина ги отвораше вратите од туш кабините и прскаше млазови вода кон нив. Во еден миг нешто го привлече нејзиното внимание, таа со згрозување примети дека во последната кабина на среде кадичката се ветрееше една голема фекалична тортиља, спирално извиткана како оние сладоледи од Палермо. С`вриште и оттрча во канцеларијата на Луиџи Сакраменто. Луиџи бесно и со неверување преврте со очите и опцу: Ма ќе сучесо кара Фаслиа, МЕРДА?! Набрзина оттрчаа кон кабините. Сега сонцето ја осветлуваше токму последната кабина и изметот доби питорескна величенственост, иако смрдеата сè уште беше поднослива.

Кара Фаслиа куесто е, Мерда ди оро? Гуарди покажа со прстот кон фекалијата. Кативи мачедони! Пагани! И`о парла а диреторе субито! Побрза да го пронајде одговорниот на групата. Џузепе Фекалиски штотуку се трезнеше од домашната грапа на Фенко Арнаудов, кога некој затропа на вратата со крешендо од тупаници. Набргу сите излегоа по ходниците. Менаџерот налутено објаснуваше дека виновникот мора да се најде, никој не смееше да го напушти мотелот.

„Сењоре Џузепе куесто е терорисмо! Ун тероре ди мерда!

Во меѓувреме пристигна и Сопкова, којашто разбираше по некој збор на италијански. Таа забрзано ги собра учениците и започна со распит.
„Велат дека некој се ис`ттстрал во кади`ч`то, но кој? Кој и` тои?
Хммм… Групата почна да се испрашува меѓу себе, те смеејќи се, те веднејќи ги главите. На челото од колоната со гордо кренато чело застанаа Џовани и Бранко. Џовани самоуверено искашла: Errare Humanum est.

Errare? – со негодување примети Луиџи.
Си, Ераре. – засрамено возврати Сопкова. Ераре коме: грешка.

Ма нон`че ераре, куесто е мерда д` ор! Мерда! Мерррдддаааа!!!

Дигиталните камери забрзано ја сликаа фекалијата којашто попримаше златен изглед. Некој примети дека тоа се случува поради светлината. Џузепе пак забележи дека прекршителот изел доста пиперки, и сигурно имал глистично заболување, во секој случај деликвентот тоа го сторил со смиреност и точно ја измерил положбата во централниот дел од кадата.

 Мора да се работи за некаква оддмазда? Г-дине Луиџи?

А?! Ма ќе парла? Ступидо мачедоно… – се заврте кон Сопкова. Таа пак со мака се обидуваше да преведе.

Квесто е виледа!

Виледа?!

Но, скуза… – па се сети на еден италијански филм и на зборот вендета! Квесто е вендета сењоре.

Ааааа вендета? Пер ке? Вендета а мерда д`ор?!

Набрзо пристигнаа карабинерите и направија записник за случајот наречен „Златното гомно од Македонија“. Немилата случка беше предмет на интерес на европската комисија и италијанското министерство за правда. Пристигна и демант од македонското М инистерство за наука и образование со образложение дека златниот измет треба да биде испратен со Федекс за понатамошна анализа, бидејќи се работеше за златното гомно, нешто како „златното теле“ за израелитите. Случката доби интернационален оддек. Беше донесена забрана за престој на македонски студенти и ученици. Џовани Џорлев со потсмешлив тон го задеваше Бранко. Бранко замислено: „Но кој тоа навистина го стори?“ – примети со неодреден сомнежлив поглед.

После неколку часа автобусот ја мина италијанската граница заминувајќи за Франција. За сето време беа со придружба од полициски патролни возила. Попат неколку бесни азиланти покажуваа со среден кренат прст држејќи се за тестисите притоа скандирајќи: Одете си! Не нè резилите!


 

Идеалистичко патување низ анархистичка Русија

21.05.2018

Кон првиот дел од трилогијата „Брегот на Утопија“ (Патување), Берег утопии. Часть 1. Путешествие, од Том Стопард во режија на Алексеј Бородин, во изведба на Рускиот ...

10.05.2018

Еминентната писателка Кица Колбе, добитничката на престижната награда „Роман на годината“ во 2006 за „Снегот во Казабланка“, деновиве ни подари нов, возбудлив роман, насловен „Земја ...