Partibrejkers во Скопје на 9-ти февруари

9 февруари 2018 МКЦ

[ ]

Младинскиот културен центар за 9 февруари следната година го најави концертот на белградскиот рок бенд Partibrejkers.

P@MKC

Партибрејкерс последен пат настапиле во МКЦ на 11 декември 1992, додека последниот скопски настап го имаат во 2008 година на 14 јуни на Скопскиот саем во рамките на четвртиот Интернационален Мото-фестивал. Милениците на скопската публика доаѓаат во Скопје на 9 февруари за да го промовираат нивниот последен албум од 2015 – Сиротињско царство.

Наместо класична најава, извадок од „Дневникот на еден 13-годишник“ за концертот во МКЦ во 1992: „Среќа дека имам постар брат и дека сака да ме влече по концерти. Не беше лоша година, два пати ЕКВ и еднаш Електрични оргазам, едвај чекам вечер да ги гледаме и Партибрејкерс. МКЦ преполно, панкери, скинери, секаков тип луѓе. Почнува концертот и одма сфаќам дека ова нема да биде баш ист концерт како минатите, публиката е полудена, пола сала е у „шутка“, се повлекувам на скалите горе од кај што можам да гледам подобро. Сфаќам дека Цане е луд, го плукаат, го вреѓаат, нему како да му се свиѓа сето тоа. Завршува со „Оно што покушавам“ – и Цане вика: „Ово су вам задњи дани слободе, зато се лепо проведите“.

Реченица што на момент ми го смени текот на концертот и која сигурно ќе ми остане врежана во глава, но на кој му е гајле… Дури и ако навистина се последни денови на слободата, не пропуштам да се спуштам доле на – „1000 година“ – и со 1000 разулавени луѓе да пеам на цел глас:

Знам кад би живео 1000 година
цео би ми живот стао у један дан
а један позив мења све…“

Билетите за концертот на Партибрејкерс се 250 денари и веќе се во продажба преку продажните мрежи на MkTicketsКупи Карти За Сè, како и на билетарница на МКЦ. Цената на билетите се менува на 350 денари од 1 јануари 2018.

 

23.04.2018

„Пази што посакуваш“ од Норм Фостер, сцена Академија 28, Белград. Режија: Јана Маричиќ, продуцент: Андрија Милошевиќ, улоги: Александра Томиќ, Радован Вујовиќ и Александар Радојичиќ.    ...

21.04.2018

По успехот со „Панкот не е мртов“ (2011), кој освојуваше награди на светските фестивали и беше одлично примен од филмофилите, Владимир Блажевски во 2016 година ...