Jan Akkerman & The Band утре во Скопје

9 ноември 2017 Станица 26

[ ]

Концертно-продукциската куќа 3 гонга за в четврток, 9-ти ноември во клубот Станица 26 го најавува гостувањето на легендата на светската музичка сцена – Jan Akkerman & The Band.

JA@S26Холандскиот гитарист Jan Akkerman (1946) денес се смета за еден од најквалитетните музичари и автори на ерата на прогресивниот рок на 70-ите. Работел со многу различни музичари како BB King, Charlie Byrd, Cozy Powell, Claus Ogerman и Ice-T, покрај тоа што е член на водечките интернационални бендови како Brainbox и Focus. По напуштањето на Фокус во 1976 Akkerman продолжува како соло артист, додавајќи џез фјужн влијанија, воведувајќи во својот стил и барокна музика. За време на својата, речиси шеесетгодишна кариера, Јан реализирал педесетина соло записи, без разлика дали станува збор за “Tabernakel” (1973), познатиот guitar-in-bed албум “Jan Akkerman“(1977) или неговите најнови студиски излети “CU” (2003) и “Minor Details” (2011), тој истражува и комбинира елементи на рок, џез, блуз, класична барок и танц музика.

Jan Akkerman доаѓа во Скопје по петти пат, а овојпат ќе настапи со тапанарот David de Marez Oyens, Coen Molenaar на клавијатури, басистот Marijn van den Berg, како и тонскиот мајстор Neil Denholms.

Концертот на Jan Akkerman ќе се одржи утре во клубот Станица 26 со почеток 22 часот. Билети за коцертот можете да најдете на Купи карти за сè.

facebook настан

17.11.2017

Кога нешто доаѓа „со љубов од Русија“, особено доколку е насловено „Нељубов“, тогаш мора да му се посвети особено внимание. Но, својата особеност рускиот режисер ...

17.11.2017

Секоја чест за селекцијата „Гала премиера“ во киното „Милениум“, во чии рамки на „Синедејс“ можат да се видат новите остварувања на ѕверки како Акин, Ханеке, ...