Вива ла Револусион

[ ]

Лула се појави како фантом во подрумската просторија во куќата на Спајк. Договорени беа да пушат некоја убица трава таа вечер.
„Рецепторите на трн-оф бебо, иначе рикверц назад идеш“ – ја потсети Спајк.
„Ова ти е слободна вечер“.
„Готово бе, исклучени се (само колку е крајно неиздржан тој термин… слободна вечер…)“.
„Аман пушти го навака џоинтот бе бебо, го исцица цел“.
„Држ, бебо“.

vlr
Стварно е посебно задоволство да се пуши џоинт со Спајк. Ритуал. Апсолутна посветеност. Убави мрсни туфни без многу семки. Мерак за очи, за прсти, за плуќа. При тоа секогаш има доста, Спајк е стар џано, риспект; и травата е толку добра – те удара уште при прво влечење прв џоинт.
Спајк не дила, да се разбереме, он е медијатор. Кроз него несакајќи поминува добар дил. Дилот го наоѓа него. Нема замарање, нема брканици.
Последица на вградените рецептори од повисок вид кои овие чудни суштества ги имаат од раѓање. Магнетизам. Необјасниви феномени. Да се влече спонтано некаква ситуација… битие… суштества… мит… Со тек на време се научија правилно да ги контролираат. Па така, на моменти знаеја сами да ги предизвикаат работите што им требаат, а на моменти силно ги затвораа тие канали на восприемање со цел максимално да се опуштат.
Но дури и кога беа присилно затворени тие канали, сепак чудни необјасниви фантастични моменти предизвикуваа со самото постоење. Не е можно под присила да ги поттиснеш тие канали до крај – стално се тука, стално брчи главата, тоа е нешто што се носи од раѓање. Ги оставаш само привидно затворени додека се препушташ на моментите релаксација.

Низ полуотворените прозорски капаци се протнуваа виолетови зраци од месечината. Во позадина валовито носеа звуци од убав психоделичен транс.

– Јас не знам бебо што ставаат во ова грасов ама многу е добро.
– До целата ситуација е воопшто бебо. Ти се погоди поимот слободна вечер. А до пред малце ми се тегавееше неодлучно дали да останеш.

Вистина е, си помисли Лула. Но, едноставно поучена од сите претходни искуства знаеше дека кога доаѓа од оваа страна на градот мора да и’ се деси некоја пропратна неочекувана дешавка. Просто ќе ја изнајде нештото. Ќе го предизвика. Ко да знае нештото дека е тука и баш тогаш ќе најде за сходно да ја извика. Рецепторите не и’ се исклучени – тоа е. Никогаш не научи како да ги исклучи скроз. Истрауматизираност. Потреба да се биде секогаш спремен. Борба за опстанок.

– Бебо, ни’ улетаа у терен вчера – рече Лула – не сме раат, дојдов да ти кажам. Точно знаеа што бараат. Мобилизирај се.
– За сè прашале?
– Топтан!
– Знам кој е…

Во ноќта само тишината остана да им прави друштво. Каков џоинт! Штета. Мигрената ја снема скоро истиот миг. Главоболка на толеранција ниво. И сè ќе ја уништат. Цела нива. Во себеси им испофрла еден куп клетви.
Добри се Македонците за фрлање клетви. Им се фаќа зборот. Чувството зад него е силно. Нереално дури. Кога нив ги боли до крв пуштање, клетвата се фаќа. Од срце. Многу неправди трпи овој народ. Глуп. Најмногу поради себе. Поради тоа што се добри и за еден друг збор на к, многу сличен на овој – клевета. Има и уште еден на к – кодош. Единица мерка купен кодош. Дупло к. Продаден. За грст пари. Или власт. Исто е. Од премиер до чистач, насекаде наоколу, кодош до кодош. Сè купен до купен. Кога ги гледаш, гледаш низ нив. Оној зад нив можеш да го видиш. Проѕирни се. Сите. Штета. Процентуално ако се земе, сигурно повеќе се проѕирните отколку реалниот свет.

Но, тој пак реалниот свет е нешто за што вреди да се тепа човек. Тие малкумина, тоа малцинство (чие име не смее да се спомне повеќе), останато од минатиот век и сè уште нерасипано до срж сиве овие ненормално долги години транзиција (кои траат и траат и траат и никако веќе да се излезе од нив), е тие, малкуте, со чисти срца и добри мисли, со огромни души, со способност за другарство, е тие, како овие двајца, се најзагрозен вид, вид во изумирање, најголем непријател на новите, пак, сељо-пластика касти со најперверзно изместени вредности….при контакт помеѓу овие два вида пука шав во реалниот свет ….толку смета тој интензитет на ОДБИВНОСТ!

Тој реален свет почна сега веќе толку многу да смета на проѕирноста, што одлучија на сила (ако не со пари и заканувања) комплетно да го исчистат од терен. Впрочем, фино ќе бидат нафатирани за ликвидација на истите, па дури и наградени со Нобел од големите светски сили, ако успеат, се разбира…

Ама не оди тоа туку така, се нервираше Зајко д Фул – квази премиери да шит оф земјата која не смее да има име. – Јака сорта се Македонциве, барем јас си знам… тоа реалниот свет колку и да сакаме да го забутаме во илузијава што ни’ ја сервира Запад, сепак постои од дамнина и не го уништил до сега уште никој, се плашам…се плашам дека ако не успеам да си го уништам својот род, ќе ме уништи мене оној туѓиот… или ќе успеам да му избегам и да го измајмунисам и него како и сè друго…зашо па да не, и вака и така сите само ги лажам и тоа ‘ногу добро…

Истиот миг на врата се слушна тропање.
– Кој е?
– Open the door when I tell you, Zajko. We have things to discuss, your rebels are very active nowadays, we did not agree to this. What is happening?
– Nothing I can’t handle, Sir (матер им ебем, пак се дигнале, не требаше да им ја пипаме травата). Ебате тоа реалниот свет ебате, им реков мирни да си седат и да си кркаат од моите дробеници. Тие не па не. Ај добро тоа, ама почна да ми се меша во бизнисот, а на овој па Јенки-бој немам намера да му кажувам ништо. – Just provocation, Sir, don’t worry, Zajko has it all.
– Вештеруууш!!!!!!!!!!! Доаѓај одма!

* * *

Му се умешаа у бизнисо. Со о. Долго. Ама бизнисо тие не го гледаат како бизнис, Црпко. На овие поднебја од памтивек се одгледуваат афион и марихуана. Скришем скришем. Прајват. И многу успешно. Ама за лек. Има деца кои прават масло од марихуана и помагаат на болните. Види види, тоа да ти било запад. Не си знаел? Уносно било. Е па сега конечно знаеш. Е ама како сега само они да се нафатираат, т.е да има само за мене за мене и за мене. А тебе? Нема тебе. Плати ти. Баснословни суми. Или цркни.
Фино си зема Црпко Квази Премиерит да Шипт си презема сите бизниси за одгледување марихуана во земјата.

– Профит има беееее. Ќе го земеме со бато. Мрдање јок, сè ќе средам со шпонците. Пара има да лие. Сè ќе заплениме што се сади друго, се’ ќе уништиме, нема друго освен моето бе. Така ли бе љочка брат? Ем т’ка де. Каде треба пуштај кучињата. Гори. Запленуј или гори. Све живо во апсана фрлај. Обвини ги за предавство на новата сеуште безимена ни’ држава. Ако писне некој нешто – иницирал национализам. Апсана.

Нема друга трава у оваа мила слатка државичка освен мојата. Скапа ви е? Е па не пушите бе, сиротињо глупа, хахах, ма ништо не ги убива овие, и нафата ја качив у плафон и сè растурив и уште се држат, и пушат. Садат, мамето нивно. Кришем. А цела држава ја прислушкувам. Е па каде садат мамето нивно? Каде? Вештеруш? Нешто сепак не си успеал да преслушаш убаво ти.

vlr2

Денот донесе Сонце. Октомври. Со ова климатскиве промени, октомври личи на крај од август. Сака тоа тревата сè во Македонија. Пркнува. Фрли ја само – ќе никне. Ќе се исчудиш… a бе само сум го фрлил фасот тука брат… вирее… поднебје дадено од бога за убави нешта… да ги пазат убави луѓе, чудни луѓе, древни луѓе, страв да те фати во очи да гледаш одредени примероци од нив, Македонци.
Од кај сакаш фрли ги – на нозе паѓаат. Заштитени од силата на Универзумот. Тие тоа го викаат Бог. Фала му на Бога. Сè им е на нив „фала му на Бога“. Некои, кои преживеале чуда, се прекрстуваат истиот миг.
Необјасниво чудни сили ги штитат нив.
Векови.

Сега еве се на прагот на екстинкција. Му сметаат на јужниот сосед. Цело постоење му сметаат на јужниот сосед. Да ги не биде, да ги снема, племето да им се сотре и јазикот нивни магиски (кој се чини ментално најмногу бељи им прави). Македонскиот. Ако сакам со 6 големи букви ќе го пишам, нека л’ска мојот убав мајчин магиски Македонски јазик на кој везам, чуда правам, а ни сама не знам како… како? Ете тоа е тоа што им смета на сите – ние можеме чуда да правиме, а никој не знае како….сè ни’ се брише од историјата и пак ништо не ни’ можат…..македонски бе, македонски, Македонија бе, разбираш, Македонија – што ли има толку клето во тој збор и во тој јазик и во тоа име, та од памет се вади сосeдот јужен мој, та дури отишол да таму – самиот збор го забранува од онаа страна на границата (на која од двете страни пишува: welcome to Macedonia).

Значи, да констатираме со дупло исцртани линии: сè на буквата на буквата М. беше забрането. А Лула сонуваше, зборуваше и живееше на чист македонски јазик; а слатко мрсничко и дрско пљукаше по власта на скоро умрениот Скопски сленг (дека шупците све провинцијала).
Магии фрлаше наоколу пишувајќи ја вистината.
А вистината, драги мои, смета и боли ако си лажен човек.
Проѕирен.

 

* * *

Лула живееше во престижниот дел од градот. Беше дел од старата аристократија. Но, кога почнаа превирањата и гонењата од новата владеачка класа, таа застана во делот бојкотирам. Не затоа што беа блиски по политички или општествени ставови, туку едноставно зашто не припаѓаше на новиот налудничав поредок на Зајко д фул, зајакот со широк гас и навистина големи уши – Прислушкувачот Зајко потпрен врз кодоши, манипулатори, педери, албанската мафија и сите сомнителни фактори во земјата.

Секој кој не припаѓаше на новиот поредок на Зајко д фул беше сместуван во толпата Бојкотирам. Дел од таа толпа веќе беше ликвидиран, дел беше пикнат по затвори, дел во канализација, дел прогонет по странство, дел обновен со лоботомија – т.е. купен со позиција, титула и кеш.
Страшно време завладеа во земјата. Дојде време на еднопартиски систем пак. Гадна варијанта на оној во комунизмот. Под присила и’ ги земаа поседите – лозјето во Соње, викендичката во Маврово – под изговор дека се купени со искорумпирани пари. Едноставно власта и’ ги одзема, демек ги национализира, па после тоа ги подели на по некој идиот под изговор дека државата си ги повратила средствата од нивниот трансфер. Каков трансфер бе копучишта, па тоа се поседите кои се мои по фактор семејно наследство.
Документи имаше, ама за жал правен систем во државата веќе немаше. Па таа со цел да си ги задржи документите за некои подобри времиња и да спречи да ги украдат и нив, реши да не се бори повеќе за ништо што би можело да ја оштети повеќе. Си го задржа само станот во Дебар Маало. Но, и тоа маало сега се преполни со секакви копуци и повеќе сакаше да бега од другата страна на реката каде сè уште има отпор, таму каде е седиштето на бојкотирам.

Спејк беше член на големото андерграунд бојкотирам движење. Тоа движење беше составено од членовите на сега веќе уништените партии од некогашната опозиција, членовите на нарко круговите, дел од запустената вистинска интелектуална сила, останатиот дел од аристократијата, албанското граѓанство, циганите, клошарите, и сите слободни уметници.
Наспроти нив стоеше барикада од полиција, сите сељаци, цела провинција, целиот слој со коефициент на интелигенција под 100, и сите педери во државава. Геј популацијата беше во апсолутен подем. Беше страшно битно да си геј. Ако си геј си по дифолт мезимец на Jенки-бој, пали-гаси Амерот на овие простори, длабоко заљубен во заоблени машки газови, по можност плус со силикон.
На чело, пак, на Инквизицијата – специјалната полиција – Јенки-бој ја беше ставил најголемата лезбача во градот. Инквизицијата прво прибираше, па после можеби можеби објаснуваше зошто. Но, како и да е, нејзината моќ беше толкава што можеше со години во притвор да седиш додека ти се утврдува процесот. Опасно време ги зафати сите. Не дај боже да паднеш во очи со нешто, било што, на мета дојдеш ли на владеачките касти – готов си! Инквизицијата почнува да те гони, и ти си во постојано луцидно бекство.

Во една пригода Лула напиша многу добар текст и го објави во тогашната Трибина. Просто измисли приказна и ја објави. Како не можеа да направат разлика припадниците на новата владеачка каста помеѓу реалност и фикција, како и самата приказна бегаше на момент од фикција во реалност, Лула веднаш беше ставена на список на Инквизицијата. Но, како сепак спаѓаше во малце порастеретените и не толку опасни кругови на уметничката бојкотирам, а и неверојатно и’ се допаѓаше на Госпоџа Унквизиција herself, Лула не беше приведена при првата средба со аждајата. Имаа еден ко божем случаен контакт преку полицајката Лезби деВит – другарката од детство на Лула, и после тој контакт, дали на среќа или несреќа (сега тоа е дискутабилно до бесвест и парадоксално до срж), Госпоџа Инквизиција разви неверојатно шизофренична потреба да ја преобрати оваа мала девојчица во еден од нив.
Каква ли неверојатна досетка. Да преобратиш некој кој те пљукал. Да веруваш дека припадник на бојкотирам, кој се дрзнал не само да пишува туку и да го објави напишаното под изговор дека литературата трпи сè и тенка е границата меѓу реалноста и фикцијата (па реалното може да е чиста фикција и обратно), значи еден таков што во очи те прави мајмун да веруваш дека можеш да го преобратиш!? И да сакаш, бре! Па тој нема ниту една конструктивна мисла за тебе да напише пошто не си му дораснат по ниту еден принцип на споредба. И ти мислиш дека ќе го преобратиш…па тоа ниту било ниту некогаш ќе биде…

Парадоксално време дојде за живеење во оваа мала слатка држава Безименија. Логиката се укина како поим – тоа е. Сосема нелогично значи, Госпоџа Инквизиција го посака тоа перо на малата девојчица и ја посака и малата девојчица и од тука враќање назад НЕМА. Ќе пишува само за нас, ќе ги велича Зајко и Јенки-бој до бескрај, ќе ми прави кафе наутро и ќе ми ги пере боксериците…
И крај.

Среќа Лезби деВит, другарката од детство на Лула, сега веќе преобратена во другар, сè уште не беше потполно преобразена т.е. проѕирна (а и самата го осети камшикот од новата власт многу јако откако ја префрлија да работи во село Арачиново), па навремено ја информираше Лула кога лудата лезбача има часови слободно време.
Таква беше и оваа вечер. Госпоџа Инквизиција имаше слободно време, па Лула веднаш беше информирана да бега од дома за да не ја нападнат специјалците. Во слободно време Инквизиција мораше да прави јаки подвизи за нивната кауза, а како се беше настрвила на перото (и телото) на Лула – само тоа и’ се моташе по памет – како да ја ќари да пишува за нив. И во слободно време да и’ ги пере боксериците.

Повеќе ни Mесечината не можам раат да ја гледам, бебо – му рече Лула на Спајк – да ти ебам слободната вечер да ти ебам. Ексик.

Здраво е и корисно понекогаш да се насмееш на своја сметка. Уште ако пушиш џоинт, тоа смеење е добредојдено. Паранојата се претвора во нешто сосема нормално и престанува да зазема енормни размери.

* * *

– Бебо, бегам од таа лудачата веќе извесно време, ама све ми се чини дека треба да ме снема од станчето. Ќе треба да им го оставам и станчето бе. Не сакам бе. А морам, мора да ме снема длабоко во андергаунд круговите на бојкотирам, зашто повеќе не ќе можам да бегам и ќе успее да ме фати на препад аждајата – ќе ме акне у притвор. И тамо ќе скапам до крај на животот.
– Или до крај на нивното владеење.
– Нема да се види така брзо тој крај. Не е спремна новата опозиција за уривање на власта. Многу нè расцепкаа. Раздели па владеј. А и нив многу ги има. Немам толку време за чекање. А и по кој основ, бе, јас да лежам, заради напишана приказна ли? Ни политички затвореник не можам да бидам. Па нели збориме за висок степен на демократија, бе. А вамо искача дека уопште нема слобода на говор, а па да не ти зборам за слобода на уметничко изразување па ич.
– Ма, кој би те оставил да трунеш во притвор, не влагај у таа прича бебо, него само ми дојде така да кажам зашто не ми се свиѓа песимизмот во твојот глас. И воопшто песимизот и стравот кај народот. Тачно дека све пробаа да уништат, ама можеш ли пелин да искорениш бе. Не’ има доста. Од герила банда полека стануваме голема организација. Водачот ни’ е јак, плус силно го држиме во тајност, и ќе успееме да ги згазиме. Ама ќе ги згазиме, да знаеш! Кога ќе дојде време за револуција ќе има тежок масакр. Со македонци не смееш да се заебаваш, како не разбра оној шупакот не ми е јасно. Е сега македонците се собираат. И не само тие. Сите прогресивни струења се со нас. И се’ што претставува интелигенција со над 100 посто коефициент. Еден удар ќе има и тој удар ќе биде со тешки последици.
Спајк се замисли за момент. Дали смее да и’ каже до крај што е планот на бојкотирам? Не заради тоа што би можела да го каже некому – тоа знаеше дека нема да се случи – туку поради екстрмноста на самиот план. И како тој план би можел да влијае врз сепак не толку радикално угнетена личност како што е Лула. (хмм, постои сепак голема веројатност преку навистина јака игра на зборови малата да им долови колку е јака опозицијата всушност, зашто стилот на кој едвај ќе дочека да ги пљукне следниот пат знаејќи го планот ќе биде многу многу поинаков, а да се исконтролира еден раскажувач-револлуционер – тоа е апсолутна невозможност, и тоа е непобитен факт)

Па таа воопшто не била фатена од инквизијицата, ниту пак гонета толку сурово како дел од другите во бојкотирам. И сè е тоа неверојатно сомнително. Тој самиот веќе во неколку наврати беше физички малтретиран. Му влегуваа во куќата ненајавени и бараа 300 чуда. Откако немаше ништо да најдат, после демолирање на куќата од патос до таван, го прибираа по полициски станици и го тормозеа да признава секакви будалаштини за кои не му беше јасно дали се измислени од нив (зашто такви небулозности само тупоглави суштества може да измислат) или може некој си измислува приказни доброволно како би добил поени а преку поените бодови за искачување погоре по скалата на власта (пари, моќ и позиција).

– Бебо, ај бе жити све, да го испушиме грасот, и дур пушиме бар да не се замараме со вакви муабети. Мотај пак.
Но од битните муабети никако не може да се избега…
– До кај си со книгата, бебо?
– Скоро сум при крај. Уште не знам како ќе заврши, ама па тоа никогаш не го знам – спонтано ми доаѓа. Драфтот му го дадов на Глувчо – Трибина, ама ми се чини веќе е купен он од власта бе. Или од влијателните кругови во општеството – што е сега па една те иста работа. Ме зачуди само фактот што блаботеше дека му се свиѓа, а вамо изеде бурек кога требаше да го стави на листа на принтање. Бар да го видев на листата, знаеш. Уште не беше готов матерјалот, во драфт беше, го преправав после тоа неколку пати. Кога он замисли си ти, сакал публицитет. Па нели до вчера се рачунаше за цитирам: дом на авангардниот пишан збор бе…кога, го гледам ми се исправа со силни фаци од естаблишментот и скока пред камери, ги лиже за спонзорства, им се упикува за публицитет…па тоа не е ли искорумпираност бе…
– Не бе бебо, тоа е курварлук тежок. Кога ти зборев ја батали го, ти не па не, добри дечки се, со традиција во постоењето и начинот на постоење. Те разбирам јас, ако не таму каде ќе издаваш? А?
– Нема.
– Нема.
– Ништо нема. И тоа што имало сега нема. Биди среќна што не си дојдена на тоа дереџе да треба по директива да пишуваш, знаеш…од тоа да ти зависи егзистенција бе…сега за сега само те врбува Бркајлиовска Мадмуазел (Инквизицијата) ама ми се чини не се труди со сите сили да те фати…да сакаше да те фати до сега едно 100 пати ќе те фатеше…и не ми збори за основ, основ се измислува отпосле…него, знаеш ли што си милам јас дека е работата…хммм…мислам дека она очекува ти да напишеш нешто за опозицијата на начин на кој само ти знаеш, а кое ќе им прикаже работи кои тие не ги знаат… несакајќи во твоите фантастични приказни ти откриваш многу тајни…е сега, они што се шупоглави и не знаат да протумачат – тоа си е друга работа… ама ме запука бе ова грасов ми укочи говор ебате… и сега може да е и нешто друго, си викам јас, ќе почекаат да ја издадеш книгата прво, па после тоа ќе го видат ефектот од целата работа, и конечно доколку се покаже твојот пишан збор доволно силен – ќе те приберат и ќе те преобратат да работиш за нив… ништо не зависи од Тупоглавовска Мадемоазел гризел, све зависи од Мистер Црпков Химселф (Квази Премиери де Шипт) уствари, знаеш… и ти може да си мислиш дека она те јури затоа што те јури, ама ние добро знаеме дека она не те јури него те јури уствари он… комренде си амика? Ајде влечи…

Неколку моменти седеа без да кажат збор. Зборовите понекогаш се најмалку потребни во комуникација со блиски луѓе. Кога така блиските луѓе имаат и посебни рецептори, зборовите претставуваат дури вишок, па ти се чини некогаш ако ја кажеш мислата на глас ќе изгуби од јачина…

Едно исто е позади секоја мисла, кажан или некажан збор – потребата од бунт, револуција, преобразба. Прогрес.

Молк. Им се фрлаа бомби, силно силно силно…тоа што не го кажаа на глас им ечеше во уши – потребата од револуција.

Нивното заедничко молчење го прекина мобилниот на Спајк. Без да одговори на телефон, Спајк викна: – Да бегаме! Брзо!

Ја отвори тајната врата и со трчање го поминаа тајниот премин кој носеше до една слепа темна уличка од спротивната страна.
Спајк ја повлече Лула до еден ќош од каде можеа да ја видат неговата куќа. Клекнати така во темницата, во најзабутаниот дел од слепата уличка, гледаа како коридор од возила се распосла пред влезот на куќата. Најпосле, од најголемото возило искочи еден лик околу кој се собраа 200 горили. Ликот тргна, од едната страна пратен од позната женска фигура, од другата пратен од познат машки лик. По мрдањето на главчето го познаа главниот лик, лево-десно, лево-десно, цик-цак цик-цак… до него Инквизиција Мадмуазел гризел, а пак до неа едно нивно другарче – успешно купено при последната берба на инквизицијата…

– Пу бе да ти ибам кодошот да ти ибам – се распали Спајк.
– Да одиме бебо…
Како што се движеа по темницата, со до крај укључени рецептори како би избегнале опасност, низ тишината им се судираа мислите: овој не е дојден по него, овој е дојден по нејзе баш…
Враќање назад за нејзе повеќе нема, прагот е поминат со двете нозе, стапната е на другата страна скроз. Илегала.

vlr3

Зајко д Фул седеше удобно завален во премиерската фотеља.
Ту, што убава е. Таман за газот провинцијалски мој. Штета не пушам од ова тревата, викаат ‘ногу е добра. Ни Вештеруш не пуши, ама син му – да. И он рече дека е добра. Сите ќе се излечат, само нема ја. Глуп сум. А ова кокаинот лечи ли? Лечи само секс немоќ. Добро е што се спријателив со екс –началникот, па сега ме учи да бидам фантастичен пастув. Ова тешко било. Многу вежба треба, а Мудождерачката Мондрегини доаѓа следната недела, мора да сум во топ форма. Ќе ја ебам, и ко цела Европа да ‘а ебам, жими сè црпнато. Ете тоа е сила. Тоа е моќ.
Бољи ми е оној екс-началникот од Вештерушот. Овој другиов е многу досаден приватно, многу е чист. Мене ми треба секс бандит да ме држи у форма со Мондрегини. Екс-началникот вика дека сè уште не сум ја задоволил комплетно. Треба да ја осветли земјава цела од задоволство. Рекоа дури дека произведувала електрична енергија од задоволство, од електрицитетот, еми така рекоа, и ако не ја задоволам ќе не можам ни ЕВН да ги заебавам како ќе ми текне (да ги уценувам со струја од нигде никаде доста поефтино ако не ми го полнат лично мене џебот)…затоа ми е супер овој екс-началникот, тешка урбана мафија е плус на чело на сите курви во земјава, не знам што да биде, ќе ме научат да произведе електрична енергија за мене од страст оваа Европска пратеничка…знам дека тоа ќе се случи само ако исполнам туѓи желби за кои таа е испрограмирана – т.е да си го уништам сопствениот род, идентитет и јазик комплетно – до последна жива душа. Тогаш таа ќе произведе електрична енергија од мерак. Екс-началнкот вика вака: не е готово се’ додека не го озрачи цел главен град со ватромет европската пратеничка на сите страни од мерак! Она тоа најдобро знае да го прави, како претставник на ултимејт секс партијата на првата курва во Европа – Чичослина. Тоа е знак за добро завршената работа. Затоа ја пуштаат нејзе секој пат и во сите земји заостанати во развој. Особено ментално.
Зајко, си ме барал! – викна една од неговите љубовници, една од многуте кои требаше да го научат Зајко да ја задоволи Мондрегини.
Кај си до сега? Немам толку време. За пола саат треба да сум кај Вештерушот, открил нови места кај се крие бојкотирам. Таму е и девојчето што здраво ме испљука последниот пат, а онаа Инквизицијана никако да ја фати. Меракот и’ го фатила. Вештерка е малата, така рекоа. Пишува на македонски јазик, магии прави, го употребила зборот на М од онаа страна на границата, само бељи ми прави… плус се врзала со андерграуд траварите за лек трава шо праат… сите ќе ги излечи, џабе ги труеме со палење секакви отровни ѓубра на Дрисла…ццц…
Зајкооо, ти забораваш дека сè што сега треба да направиш е да научиш како правилно да ја задоволиш Мондрегини и само за тоа сум тука јас. Гледај, јас припаѓам на една од најважните професии во земјава моментално и немам време за твоите сентименталности… глуп, ни знае да ебе ни знае нешто друго, како стана премиер тоа само еден Господ знае… и Јенки-бој, се разбира…

 

* * *

Вештеруш си го пиеше попладневното кафе на терасата од стаништето кое го доби од Зајко после добро сработената работа. Се беше измкнал до село Кузнае кое (ни името не му го запамти) во поход по новите посеви трева. На бојкотирам. Па јас не сум ни знаел дека вакво село има уопште, си збореше сам во себе, ни такви ниви наоколу. Сè посадиле со трева. Црпко ќе се до-мрдне. А и вака и така веќе само на пари мисли. И купопродажба. Сè му е предмет на купопродажба, а глуп е ко ноќ. Мисли дека е најголемиот трговец на светот и најголемиот казанова во Европа моментално. Што направивме?

Што направивме? Кој да очекува ваков идиот да излезе на крај ова Црпково…па не требаше на сите да им вика само ОК и да им се поклонува, додека слини и по Европската пратеничка и по Премиерот на Грција лично. По све живо слини.

Веќе ми е срам да одам со него било каде. Ах, што направив, ја опустев земјата и родот сопствен, а требаше само да го тргнеме од власт Чаплински. Баш ми е гајле мене за трева што саделе некои деца од селоно…30 години сум најголем шпиун и не сум видел ваква глупост – да бркаш све живо сега заради профитот од тревата, а тревата никад не сме ја бркале толку многу…т.е. ни’ користела само како параван за другите работи… што сега да малтретирам некои деца демек тешка опозиција биле и да ги затворам за билка? За билка? Па јас колку и да сум стар, не сум закоравен ко Зајакот и свесен сум за доблестите од конзумирањето на таа билка. И мене да ми е живот во прашање, и јас би земал. Сите зборат дека лечи и сум чул од паталец лично. Сега да ги гонам ли… глупости…

Си изгради цела фабрика и плантажи за одгледување марихуана по земјава, и малце му е… сè му е малце … вечната болка на мојот народ…
Дај ми уште пари бе мажу, ми треба за нови газови на помалата снаа – го прекина жена му – запнала: не ми се убави овие што ги направив, поубави се тие на другарките мои, поскапи се, скржави сте, ем пари имате ем не давате за убајна, па после син ти по курви се акал, е па се акал, кога пари не давате за мене…
Вештеруш за прв пат го смени ликот кога ја погледна жена му. Му се преслика целата слика на земјава во тој пар очи. Алчност. Разврат. Безобразие. Декаденција. Пари. Пластика. Проѕирност. Распродажба. Раздор.
Па изгуби осет за било што околу себе и повтори уште еднаш, овој пат на глас: што направивме? И уште еднаш небаре со јачината на гласот ќе со смени текот на нештатa:
Што направивме, жено?
Тоа: жено со длабоко и болно ономатопејско оооооо остана да вибрира уште долго време во воздухот.

 

* * *

Светот се врти околу поимот жена. А во жената е ѓаволот. Значи, убаво е да си педер. Ќе ми дојде Шмуки13. Правел нова операција со државни пари. Не, не променил пол, има проблем со кастрацијата. Неќе. Ќе бил траве… како се викаше? Травест… пак трава ќе кажев, оф, се поболев со тоа травата веќе… – си мантраше Зајко како и секое попладне, зашто и вака и така немаше што друго да прави. Му се беше смачило од сè. Ги избрка сите курви од околина. Му дојдоа преку нос. Само бараат нешто, само им треба нешто, убаво се рекло – со курва аир не гледаш ти. Е па и онаа Модрегини е таква ко овие простиве. Не дава елетрицитет и не дава дур не се исполнеле условите. А јас никако не можам да ги исполнам условите, не можам да го сотрам до крај народов македонски.

Истиот момент во просторијата се појави Вештерушот:
Вака сум дошол да ти кажам Зајко: јас се тргам од целава игра. Околу мене боите се мешаат и ми се мати реалноста. Не сум сигурен во ништо повеќе. Не сум тој тип кој сè ќе даде за пари и власт. Долго сум седел и сум сфатил дека не сум јас таков тип. Оставив и жена и сè додека да се поставам на место пак. Во мене сепак тлее некаква сила која не ја знам, а ми кажува дека од дамнина си имам крв во вените и треба да си ја чувам. Вчера, на сон, ми дојдоа дедовците и ме караа сите по ред.
Јас повеќе не можам против мојот сој. Јас повеќе не можам против себе.
Сам си. т.е. со екс-началникот. Како што и самиот знаеш, ние сме комплетно спротивни личности. Јас таков да станам на овие години – не можам. Не, никако јас не би можел да бидам толку расипан. Како што рече вчера дедо ми на сон: за што стануваше инспектор ти бе внучко? да гониш криминал или да поттикнуваш? да ги наоѓаш трулите јаболки во системот и да ги тргаш надвор да не го заразат цел – ете за тоа, не обратно да правиш. Ете против дедовците не можам и отказ ти давам. Како ти е вољата – така прави со мене. Ама на мене повеќе да не рачунаш за навек.
Како што го кажа последниот збор, така се фати за вратата и излезе надвор.
Зајко остана стаписан едно време. Потоа направи гримаса на огорчен човек, спремен на сè, па си прошепте во брадата: да не сум рачунал на него, види види, еднаш ако се фатиш за колото – тргање нема, каде ќе оди овој, што си мисли па и тој, и него ќе го поапсам како и сите други, и тоа од дома ќе го приберам ха, и тоа нема да биде никој друг освен екс-началникот лично. Може и Шмуки13 ќе го земат при прибирањето, само за да го изнервирам Вештерушо. Оооо, па тој колку сака дeвијантни појави ахахахахахах, има да се извади од памет како ќе го апсам.
Сите ќе ги апсам. Никој жив против Зајко нема да оди по овие улици.
За малце ќе кажев Македонски, уф уф, каков лапсус ќе беше тоа…ме полуди и овој Вештерушот ме полуди, сите се против мене а јас сам контра целиот реален свет наоколу.

 

* * *

Екс-началникот се беше напил како стока претходната вечер и одвај се влечкаше по тротоарот на Владата. Тоа курвата од претходната вечер го беше изморила поштено. А и доста бело ишмрка пак. Ќе престане. Му викаат да почне да пуши трева. Хаха. Глупаци. Па да стане пацифист и омлитавко. Коката го прави токму спротивното, насилен е и јак. Спремен за акција цело време. А тоа опозицијата си го бара со боринче. Вештерушот им ја најде нивата и неќе да ја уништи. А они од тоа пари прават и се јачаат. Само е прашање на време кога ќе се дигнат сите одеднаш. Фаќај ги, уценувај ги, купувај ги – не може сите да ги купиш. Останал по некој гад чист во срцето. Во црвена боја. На буквата на буквата М. Како Малечката. Како Лула. Како таа слатка мала што му се мота по памет веќе неколку месеци и никако да ја фати. Или да ја „фати“. Да ја поткупи можеби? Да ја навлече на нешто. Еве на секс на пример. Ама неќе бе тоа малата кинки моменти. Романтика жива е (ќе го забрани и тој збор, аха, и онака е ретро скроз). Заљубена во дечкото од соништата. И тој на буквата на буквата М. Не го видела никад, го замишља, бе, ццц, а и никој не го видел баш и сите си го замишљаат – големиот револуционер, кој никако да се роди веќе еднаш на овие простори хаха – дечкото во кој е заљубена Лула – на буквата на буквата М.
На ништо не може да ја навлече малата зашто таа веќе е навлечена на буквата М. И пишува на М. И магии прави со буквата со буквата М. Мора да ја уништиме или придобиеме. Или да ја навлечеме на нешто па да ја уценуваме. Не смее повеќе ни буквата да ја споменува. Да да. И буквата ќе и’ забранам да ја споменува. Таа буква на која почнуваат сите работи кои ги сакa, а тој ги мрази од дното на душата баш и заради нив кожата си ја продал на кванташки пазар пред повеќе години. И тоа мошне успешно.
И тоа така јако, што само да проба да го изговори ментално забранетиот збор на глас, шшш, еве тивко тивко нечујно дури шшшш:
македонија….
и ќе бидне некоја пиздарија….проколнат е од народот да не смее да им го спомнува името ич. Клетва го фати. Он е во зандана за навек. Ментално.
Е баш ќе видам сега: македонија!….ајде, хит ми….
Само што го шепна скришем скришем името магиско проколнато забрането, се слушна тресок од влезната врата. Неколку души облечени во црно се мушнаа во просториите на Владата. Скришем. Обезбедувањето беше онеспособено. Ги фатија неспремни. Не очекуваа дека останал некој кој може да се крене на бунт.
Како фантоми се движеа низ Владата. Неколкумина од нив. Другите беа околу зградата. Екс-началникот, тоа опасно куче кое по мирис чувствуваше се’ наоколу, само се пикна во помошната просторија од неговата канцеларија и се вдаде во бегство низ скришниот тунел.
Не беа тргнати по него. Беа тргнати по договорите потпишани со јужниот сосед со печат врз името кое не смее да постои повеќе.
Екс-началникот застана да види што ќе се случи. Низ Владата има многу скришни места за посматрање, а он е секако опасно добар во тоа. После Вештерушот, де. Ок.
Виде како фантомите излегоа од зградата како духови. Целото обезбедување беше онеспособено. Не мрдаше никој жив. Само сенките на бандитите се движеа по веќе офуцаните барок ѕидови на Владата.
Меѓу нив, како да му се пристори на екс-началникот дека гледа женски движења. Го стегна во слабините. Таа е. Малата Лула ќе ја познае и од Марс да гледа. Ја топи реалноста со магиите нејзини. Ја обојува. Убава ја прави. Ич не е расипана. Уф, каков совршен женски мит. Дури и од тука мирисот и’ го чувствува.
Мирен! – му рече некој во увото додека слинеше врз малата. – Тргнувај со нас!
Во носот му остана мирисот од фотељата у Влада.
Запамти го. Никад више нема да го осетиш! – рече човекот облечен во црно со име на буквата на буквата М. Тој што го немаше веќе долго долго време…

 

* * *

Акцијата на опозицијата помина во одличен ред. Сè според испланираното. Неколку луѓе во црно го носеа екс-началникот до колата, покриен со црна кеса. Мобилниот на Спајк заѕвони точно на време.
– Све е ОК – рече Спајк – доаѓаме.
Андерграунд движењето се покажа навистина поспремно отколку што тоа Лула си го замислуваше. Потполно навремено и правилно беа информирани за се’. Се движеа по непознати маршути низ градот, имаа изградени подземни тајни пролази, тунели, па дури и цели улици, многу малце комуницираа додека имаа цел која треба да ја постигнат, и се’ дури им траеше тајната задача ги имаа до крај укључени вродените рецептори.
– Ги имаш и ти, само не си ги доразвила уште – и’ рече Спајк како одговор на прашањето кое таа не стигна дури ни сама на себе ментално да си го постави на глас.
Влегоа во возилото и ќутеа цел пат.
Најпосле стигнаа до една ширум отворена железна врата. Влегоа во некаков двор. Сигурно е некаква викендица. Опустен двор додуша, но се гледа дека некогаш бил многу убаво уреден. Застанаа пред куќата во дворот. Спајк ја зема Лула за рака и влегоа внатре. Шок. Во празната куќа цел гарнизон бандити. Многу многу луѓе. Некои дури во униформи. Лула не можеше да се прибере. Влегоа во една посебна просторија и седнаа на каучот. Чекаа. Смири се, опрај се, Лула еј – си викаше Лула во себе – нема врска ништо, може ти е филм, сонуваш, може ти е трип, се трипаш, може те завозе нештото што беше испрскано по грасот, маме му ебем враќај се назад у реалност, контролирај се ејјј. И таман кога сакаше да вресне силно силно од мука, вратата од собата се отвори и внатре влезе сенка од еден чуден лик со пура во устата.
– Значи, ова е девојчето што мајсторски го испљука Зајковизмот и тоа му го објави во еден од официјалните медиуми. Хахахахахххх. Браво. Страшно ги потресе сите таа чудна чудна приказна. Дали знаеш колку може силно да удри пишаниот збор? Ене го лудиот не може да спие долго долго време. Му го наруши имиџот. Фикција било? Хахахахххх. Чекаше да те фати Инквизицијата. Ти и нејзе ја среди бе малечко? Каков парадокс, сфаќаш ли? Се затреска у тебе госпоџа полиција и не сакаше да те прибере. После го убедуваше Зајко дека ќе те преобрати. После го убедуеше дека може да дознае нешто од другиот твој пишан збор. Но, ти му се наљути на Глушецот Трибински и му рече да си ебе матер. И при последниот контакт со Зајко, Глушецот призна дека заебал работа. Не им беше на нив до книгата, него до она што ти понатаму ќе го напишеш. Викнаа цел батаљон стручњаци од надвор за да можат да откријат што уствари пишуваш ти и да ни’ влезат у трага преку твојот пишан збор. Какви шупци. Хахахах. Не ми се верува. Фино си направија стратегија откако не успеа од прва да те фати полицајката. Иначе, стратегијата ја направи најголемиот советник на Зајко моментално, т.е. екс-началникот, пази: ти ќе продолжиш да пишуваш, а Глушецот ќе те објавува; ти ќе мислиш дека си у авангарда, а уствари песму ќе појеш директно у уши на Инквизицијата. И овие стручњациве ќе те толкуваат после. А бе мрак, хахахахаххх, мрак невиден. Но, како Глушецот е у его трип успеа да усере работа и ти се направи шизик демек да го молиш за да те објави. После да сере како дури и си го молела да те објави. А бе гледај народ жити све. Пратиш ли ова што ти го зборам? Ама ти, морам да признаам, многу фино одигра и го отера у курац Глувчо. Касно го призна тоа Глушецот пред Зајко. Дури вечерва успеа да процвили дека си го одјебала. Каков идиот. И одма тргнаа по тебе. Нема зашто да доволуваат пред очи да им се збира и забавува бунт-покретот без врска. Ама, опозицијата све знае унапред, по потезите што ги прават од километар да ги гледаме ќе сфатиме што се случува. Не ни треба да ни шепне некој издајник, џабе рецептори немаме ние. А џабе рецептори немаш ни ти. Си осеќаш све, ама и’ припишуваш на паранојата све тоа.
Лула стоеше со подизната уста.
Ликот што се исправи пред нејзе ја остави без текст. Висок, црн, слаб, убав, прекрасен, Господе, на буквата на буквата М. Шшшш, името не му го спомнувај…..е јас ќе му го спомнам ментално за инат, сепак не не не…. ах, колку е убав, ме изеде сопствениот стомак, убав е, маж, вистински, каков не беше видела многу многу одамна, не, лаже, никогаш не беше видела ваков маж, но го беше сонила 100 милиони пати….и тој, исто, убава е, слатка, чиста, солзичка, ама бунтовна и борбена…и знае да мава со збор, македонски, ја обожува, сите текстови нејзини, сите воздишки и секој глас…. искри низ воздухот….. електрицитет….. привлечност…. струја…….
Ќути. Шепти, да не се расипе нештото.
Од некаде се створија ликовите со екс-началникот под мишки. Се влечеше по нив. Еден од бандитите се доближи до ликот со пурата и му подаде нешто.
Преспанскиот договор.
Овој го зема, внимателно го прочита на глас и пред сите го фрли во печката на дрва. Оган и чад насекаде наоколу. И екс-началникот седнат насред соба.
Сега ќе кажуваш се’, змијо. И после тоа нема да кажуваш повеќе ништо – јазикот ќе ти го исечеме на ситни мали парчиња и ќе ти го дадеме да си го јадеш. Земја не се продава, ни татковци, ни мајки, гаду, ни жени, ни деца…
Ни јазик, мамето да ти го ебам – се приклучи Лула. – за јазикот јас ќе ти судам, началниче. Ќе навезам нов роман и таму ќе ти судам. И народот ќе ти суди и ќе останеш запишан во историјата за навек – човекот кој играше со сите, а против родот свој. Човекот кој најде пратеници од другиот табор, ги уцени, ги купи и државата ја продаде. На кванташки пазар. Мошне неуспешно баш. А, началниче? Земјава ми личи на тебе во последно време, а ти не си никако никако убав пример за ништо баш.
Овој ќе виси за муда, јас да се прашувам, насред плоштад – рече Спајк – сите да знаат предавниците на родот како се казнуваат. По-ле-ка само. Се собравме. Кодошите ги исчистивме како гамад. Одгледуваме трева за лек и го продаваме. Не правиме лошо. Напротив. Се бориме за себе и за буквата М!

* * *

Тргнаа по подрумски простории. одамна толку одамна што прснаа при излегување надвор….

Одеа низ долги подземни ходници. Поминаа низ повеќе други мали ходници кои водат кон некакви врати. Конечно стигнаа до една голема врата. Спајк ја отвори врата. Лула пригушено вресна од возбуда. Цела штампара имаат бе овие бандитиве. Се принташе матерјал на велико. Продолжија во соседната просторија. На еден деск во најубавиот дел од просторијата беше поставен еден компјутер. Право таму ја носеа. Седна на дескот, пријатно е, убаво, ја пипна масата, допирот го натера компјутерот да изреагира. Се подигна сликата на мониторот. На него напишани само три збора: Лула, Ла Револуцион. Не праша што е работата. Знаеше што и’ е задачата. Нема да се врати никогаш назад. И сега не ни сака назад. Треба да се пишува многу многу многу, треба зборот да се чита насекаде по народот кој не може да мрда, насекаде по светот. Ова е контра удар врз Инквизицијата – ова е парчето ветување наречено Ла Револуцион.

Остана сама пред мониторот. Не ни примети кога двајцава си отидоа. По извесно време помисли на ликот со пурата. Ќе му роди 20 деца. Хахаха. Се’ бунтовници. На самата помисла и’ поцрвене лицето. Убав е. Висок, црн, слаб, прекрасен, боли слабината кога и’ зборува.
Ќе испати како никој што не пател зашто ова е повеќе од љубов.
Мистика е. Ветување. Дар.
Силата која и’ фали за да може да плете низи од зборови на македонски јазик, магиски ритуали со зборовите на македонски јазик, нова реалност поинаква од оваа сега, заборавена, луѓе вистински да оформи, со вредности од личности во нив, љубов да исплете, души да излечи, да пое стари познати тешки лирски песни, срцето да го отвори, да љуби.
Само ако ја сака еден ваков голем маж, таа ќе може и воздухот да го разреди за да се дише полесно пак.
Седна и пиша стихови.
Заборавени.
Пишани на македонски јазик одамна.

vlr4

На Кале качен горе, во најубавиот дел од градот, Јенки-бој мезеше чварки со многу лук и вино. Ова северњациве знаат да живеат, си помисли. А и толку се глуп народ, може што сакаш да си правиш со нив. Со векови биле угнетувани, глава не дигнале од бркотници, од сув леб и вода живееле и се мачеле до смрт. И сега им улетувам јас и моите играчки. Капиталистички. Мамат. Хаха. И тоа како. Сепак, од сите мали гадости кои сме ги донеле во овој екс-комунистичко социјалистички (и тогаш му дојде да поврати) систем, најмоќна работа се парите. Сакаат зелено овие северњациве. Баш зелено сакаат. Бело сакаат само преобратените. Доста голем број се преобратија од нив, станаа пластични, чекај чекај како викаше малата писателкуша – проѕирни.
Стана и дојде да се провери уште еднаш пред огромното прозорско стакло на Амбасадата на УСА во Скопје.
Огромно нешто. Исто како и Амбасадата. И тоа на Кале. Со цел амбар полн најсовремена опрема за прислушкување и тоа со опсек на цел Балкан. Тука. Во Скопје, на Кале, во самото Срце на градот. Хаха. Северњачки глупаци, срцето им го држам во рака. Може дури и да истетовирам на него: NATO-land.
Многу долго, сепак, се задржуваме тука ние Америте, и многу долго трае овој процес на разнебитување и уништување. Еве, ниту јас успеав, ниту Европската курвичка (иако ја пратија најдобрата) во мисијата “утепај, отруј и расипи до срж” (служејќи се со сите можни средства) сè што постои на ова поднебје, а претставува идентитет, име, јазик и слобода. Етносот (каков глуп збор) не успеавме да го избришеме цел, појаки испаднаа. Сите ги поапсивме, се’ им запленивме, сите прогресивни струи ги онеспособивме, сè поскапе, сè забранивме, толку им закомплициравме живот што сега веќе со сигурност можам да кажам дека оваа сорта не се уништуе до крај бе, аман, каков народ к’не, пркос, или како беше тоа со таа книгата…од нивниот лирски поет…..и тој имаше некакво си М во името…..фатална буква, фатално име, фатален јазик, фатален народ….толку време и пари потрошивме и не и не и не се даде до крај ова парче клета земја…..
Го прекина црвениот телефон – директната линија со Белата куќа во Вашингтон.
Уште само тоа ми требаше сега….мора да кажам дека е време да дигнеме раце од лудово парче земја. Луди се. Нема друго. Полуди од сите луди до сега што сме ги преобратиле…..
Open the latest edition of Balkan Voice Magazine on page 3 – кажа гласот од другата страна – клик.
Јенки- бој се тресеше.
Срцето на народот што мислеше дека го држи во рака лупаше во невиден ритам.
Во Балканскиот магазин – дом на авангардниот пишан збор – на страница број 3 се појави песна…не песна – поема, цела поема се појави во Балканскиот магазин пишана на македонски јазик….длабоко од срцето на истиот тој народ што мислеше дека го држи во рака…….
Одиме: јако: длабоко од илегалата во Скопје, Македонија !!!

 

НАТО или НЕ – прашање е сега!
gimme your territory
територија не смее да ни’ бега
ќе измислам бунт, ќе направам беља
ќе посеам терор – територија да стега
за да има терориста – а оттаму и НАТО глиста
да ве чува од беља, да ве штити од МИР
мир мир мер дита е дита НЕ-МИР …

НАТО, ова парче земја ми е дом!
Тука ќе се сопнеш, ќе се сепнеш,
Од словенштината ќе се отруеш
Од мантрите измантрани на јазикот
Што сакаш да го порекнеш (со додавка, придавка или минус еден цел)
НАТО, во нас има дел
Кој не може да се поткупи.
Луди сме, Балкан врел.

Во мислите ветрот шепоти заборавен збор –
С.Л.О.Б.О.Д.А.
ДЕЦАТА СО КРЕДА ПО ЅИДОВИТЕ ГО ПИШУВААТ
ПОКРАЈ СВОЕТО ИМЕ
ПОКРАЈ ИМЕТО НА ЗЕМЈАТА ИМ НИВНА
НА М. И САМО НА М.
И само една и само таа на М. –
Македонија.

НАТО фак ју земјата што сакаш да ми ја уништиш
НАТО, фак ју како Ален Гинсберг ти се дерам сега оооо ти!!!
Мрш од тука ТЕРОРИСТУ ЕДЕН ТИ
Мрш од нашето плаво небо ти!
Мрш од оваа географска ширина, должина и тежина мајку ти!
Ни јазик ќе ми земеш ни име ни сој
Слушаш ли!
Еве ти од моите бомби !!!!
Ги имам безброј (си се регенерираат по сопствена воља) ☺

НАТО, повеќе бомби од тебе ќе опнам
бомби кои немаат деструктивна моќ
чудни, нови, силни бомби
со дострел невидено јак – цела Планета што ја опфаќа
и сите орбити околу неа ………..

(а бе ќе пишувам дур дишам, слушаш ли?)
нема да престанам со бомби
и на секои неколку нив – по една пцовка ќе ти пуштам
за инат
има да се плашиш од писанието ми
на мајчиниот ми јазик мој –
баш на тој сега во лице со кој ти се дерам:
ПАЗИ ПЕСНА – ПАЗИ ЗБОР !!!!!!!

Бааааамммммммммммммммм !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...