[преслушуваме] Корбин

Aftermath

[ ]

Корбин е четворочлен бенд од Скопје, составен е од познати музичари од локалната сцена: вокалистот Даме Златков (Hellstrings), гитаристот Кристијан Евго (Alter Vivo, Клержо, La Colonie Volvox), тапанарот Влатко Нушев (Daltonovi, Modified Gods, Верка, Chromatic Point) и басистот Бојан Новевски (Pig B.C., Alcos Saloon, Next Generation). Нивната музика се опишува како мелодична, тешка и комплексна. Бендот одбива да биде сместен во некој жанр. Често користејќи нередовни временски интервали и тешки рифови, Корбин се посветени на создавање разноврсни текстури и суб-жанровско временско патување. Сепак, вистински начин да се искуси бендот е на нивните настапи во живо. Нивниот прв сингл “There will be fire” беше објавен на 22 декември 2013 година.
Во Корбин свират и пеат Даме Златков на вокал, Кристијан Евго на електрична гитара, Бојан Новевски на бас и Влатко Нушев на тапани.

Албумот Aftermath е снимен и миксан од Дарко Даровски во МКЦ, Скопје. Продуциран од Дарко Даровски и Корбин. Мастерингот е направен од Ed Brooks, Resonant Mastering, Сиетл, во декември 2017.

Have you tried love for change?

04.06.2018

Тумороид… Што претставува тумороидот? Некаква надеж? Проекција на нечие тело во иднината или тоа е едноставно слеп патник што присуствува на скопска свадба? (забрането ми ...

Политиката како дијалог на глуви или лоши судбински проценки
кон „Брегот на Утопија“ Бродолом

04.06.2018

Кон вториот дел од трилогијата на Том Стопард „Брегот на Утопија“ (Бродолом); режија: Алексеј Бородин, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Нели Уварова, Алексеј Мјасников, Евгениј ...