Супстанцијата на болката

кон концертот на Algiers, 2 февруари 2018 МКЦ

[ ]

Што прави некој кој што нема попаметна работа во Скопје? Оди на концерт на Algiers во МКЦ.

algiers@mkcфотографии: ЗдеПе

 

Кои се „Алжирците“? Алжирците се американски експериментален бенд од Атланта, Џорџија. Бендот е составен од вокалистот и гитарист Franklin James Fisher, басистот Ryan Mahan, гитаристот Lee Tesche и од 2016-та тапанарот Matt Tong. Ме фаќа некаква треска, како некој дух од New Orleans да ме опседнува. Концертот е на дататта 2 февруари. Се чувствувам како во некаква подземна работилница на некаква апсурдна завера. Е сега, што означува името? Многу што, но географски Алжир е главен град на Алжир. И така, се вртам во истражувачкиот дел на почетокот, а тоа е секојпат името.

Го слушам ритамот на Blood и влегувам во таа вечна мантра на замислената трибалистичка сеанса, сценски стегната и некако месмеризирачки ритална… чудно, сето тоа е лишено од емоции но сепак доведено до план на бол. Се внесувам за да ја класифицирам шифрата на постоењето, бидејќи во музиката постои некаква генеза. Излегувам и се обидувам да ги почувствувам на видео план. James, можеби највибрантниот дел од драмата на пораката е навистина импресивен со неговата контекстуална пројавност, како некаков чудесен шаман кој се залага за апсурдот на вистината која што секако има повеќе фасети, или наличја. И додека замислено се обидував да добијам некаква перцептивна когнитивност, музиката ме исфрлаше како пена врз брег.

Започнува: The Underside Of Power. O-ooo-o-ooooo, what`s next? Во еден миг се внесувам во еден етос, сосема отуѓен но разбирлив, етосот на минувачот. Истиот ден се разбудив без национално чувство, како некаков граѓанин на некоја третокласна земја но сепак блиску до сознанието за светот. Ги слушав во живо на радио станицата: KEXP, и размислувам за вистината додека го слушам звукот на пијаното од Dead March, па повторувам во себе: I’m in your mind… како да направам конструкт за да ја објаснам оваа болна, но сепак отуѓена мисла, бидејќи не знам во каков свет ќе се разбудам? Дали е тоа светот на неколкумина? Или мојот? Вашиот свет – светот на сите нас во бесмисленото сонувачко нишало кое што ги одбројува нишањата, па за миг излегувам во фоаето и разговарам за Умберто Еко и повторно ги набљудувам посетителите. Cry of the Martyrs започнува со својата убитечна цепелинска клавијарност и десперадна вокална линија, малку хармонска дисонантност и рифовска new age магистратура. Хммм… најблиску што ми се мати е Led Zeppelin и Houses of the Holly, тие клавијатури, можеби прецизно: No Quarter, сепак се работи за историја, а така имаме нов сентимент.

[zden]algiers@mkc

Повторно излегувам од сликата на обичниот обожавател и нешто надпросечниот слушател во локалносто скопско милје и размислувам за Death March на Algiers… го слушам црниот Морисон, тоа е најблиската класификација за Френклин. Тој е трансформацијата на сите поп ѕвезди, ја содржи супстанцијата на болката. Можеби затоа го споменувам Морисон, како некаков негов антипод на сиријски бегалец? Се вратив повторно на совеста, енигмата на музиката и сите ритуали поврзани со животот во облик на еден плаусибилен но сепак платен спектакл или стејтмент. Никој не може да ја слушне химната за обичниот човек (Hymn for an average man), ја нема на YouTube, пораката е доста чувствителна исто како и онаа ленонескна: Power to the people? Soul Man… Are you awaken? Сцена бр.2: Разговарам за Time to go now slowly, опседнат од многузначноста на јазичната бариера, во истовреме и промискуитетот на зборовите како мутација на болеста наречена комуникација. But she was not flying… Blood-композиција што ме носи во едно политичко незадоволство, ритмички враќајки ме на плантажите за памук. Како ништо да не е сменето, ропство коешто не остава надеж, а сепак желба да се впие несреќниот американски сентимент, ропскиот-алжискиот.

[zden]algiers1@mkc

 

Have you tried love for change?

04.06.2018

Тумороид… Што претставува тумороидот? Некаква надеж? Проекција на нечие тело во иднината или тоа е едноставно слеп патник што присуствува на скопска свадба? (забрането ми ...

Политиката како дијалог на глуви или лоши судбински проценки
кон „Брегот на Утопија“ Бродолом

04.06.2018

Кон вториот дел од трилогијата на Том Стопард „Брегот на Утопија“ (Бродолом); режија: Алексеј Бородин, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Нели Уварова, Алексеј Мјасников, Евгениј ...