Pogan Pagan

Ashes to ashes EP [Критика 032]

[ ]

PP-ATA

Ashes to ashes 04:24
1980 David Bowie / 1994 Plastikman / 2017 Срѓан Јаниќијевиќ
Снимено и продуцирано од Срѓан Јаниќијевиќ во p@gan studio

Erotica 02:05
1992 Madonna / 2012 Срѓан Јаниќијевиќ
Снимено и продуцирано од Срѓан Јаниќијевиќ во p@gan studio

Ombra mai fu 03:22
1738 George Frideric Handel / 2003 Срѓан Јаниќијевиќ, Надежда Рубен
Снимено во живо од Срѓан Јаниќијевиќ

Златце 02:43
2005 Срѓан Јаниќијевиќ
Инструментална верзија од панк операта „Купидона“
Снимено и продуцирано од Срѓан Јаниќијевиќ во p@gan studio


8 август 1980 –  David Bowie со Ashes to Ashes го најавува албумот Scary Monsters (And Super Creeps). 8 август, 37 години подоцна, Поган Паган конечно ја снимаат обработаката на Ashes која долго време ја свиреле на живите настапи но никогаш претходно не била снимена. Да, Поган Паган во 2017 се враќаат со EP-то “Ashes to Ashes” токму во негова чест. На ова проширено издание, Срѓан Јаниќијевиќ и паганите поганат уште обработки, овојпат “Erotica” на Madonna, која купила некое „парче“ од модната креаторка Лидија Геогиева, а Поган Паган направиле своја верзија на “Erotica”, снимена на iPhone токму за нејзината ревија. “Ombra mai fu” („Никогаш немало сенка“), воведната арија од операта „Ксеркс“ на Георг Фридрих Хендл е следното поганење на музичко ремек дело, на ова EP сместена како снимка во живо. “Ashes to Ashes” EP-то го затвора „Златце“, инструментална верзија од панк операта „Купидона“ и воедно поканува да ги следите случувањата со Поган Паган, кој веќе во септември го подготвуваат своето албумско издание.

п р е з е м и   с л о б о д н о

Гогита и Мака – трезвена грузиска романса на свежа августовска македоксовска вечер
кон документарниот филм „Новиот живот на Гогита“

23.08.2017

Во едно сакартвелско зафрлено место се испреплетуваат приказните за животот после децениски престој во затвор, за важноста на семејството, виртуелните врски и нивното преминување во „вистинскиот” ...

[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...