B.o.r.g.

B.o.r.g.

Истоимениот, тогаш долгоочекуван албум на B.o.r.g. промовиран на 22 јануари 1999 донесе 7 богати и духовито продуцирани песни во времетраење од концентрирани 32 минути, во кои ќе ги препознаете многуте, тогаш нови електро стилови, се разбира на ниво на цитати, кои измиксани во песните на B.o.r.g. звучат само и единствено како B.o.r.g.

B.O.R.G.

Да започнеме со соочувањето со заносната вселенска приказна темпирана во 7 имагинативни астро точки. Во овој слушај таа не можеше подобро да полета отколку што тоа го направи воведната Space calling, за да продолжи со паѓачката Kuper Belt, по што следува третата станица Lunar Picknick, вошебен есид флукс со магичен електро риф кој бездруго ќе ви го зароби внимнието. А сега, дами и господа, чест ми е да ви ја претставам Star Pub, со разиграната но сепак срамежлива Нора и фабулозниот B.o.r.g. во главна улога со неговата најстрашна и најмоќна алатка – семплерот, кој во оваа песна создава вистински космичен поп. На своето албумско патување тој нé преселува и на Full Moon, уште еден саундтрак од седумте соѕведија. Пред самиот крај, B.o.r.g. дарува undercover романтика во Maryquaye. Конечното одредиште на B.o.r.g.-овиот трип, влезот во новиот Млечен пат, пробивањето во некој друг просторен и временски систем, или пак принудното приземјување е двосмислената порака на излезната астро-поема Time is flying. Ако е од B.o.r.g. – доволно е. Сé понатаму е ваше димензионирање. Музика за електронаути и сите други кои тоа сакаат да бидат.

 






Саша Павловиќ | Коза Ностра | 19 ноември 2015

[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...