Peter Hook & The Light

во живо во Mandela hall, Белфаст

1фотографии: Peter Hook & ББ

 

„Бидете на коцертот точно во 20:00, бендот почнува на време, шоуто завршува во 23“ – беше болдираното предупредување на организаторот на концертот кое го примив со значителна доза на сомневање но и со отворено прашање – како може бенд да задржи внимание 180 минути. Одговорот се содржи во прашањето – Peter Hook & The Light на своите турнеи ги свират сите можни снимени песни од каталогот на Joy Division и New Order, а така изминативе години го заработија и епитетот “the hardest working touring musicians around”.

 

Да се вратиме назад – Joy Division престанаа да постојат со заминувањето на Ian Curtis. Останатите членови, година подоцна, продолжија како New Order, сè до 2007, кога Peter Hook заминува од бендот формирајќи ги Peter Hook & The Light, моментот кога односите меѓу двата бенда почна да стануваат екстремно затегнати, а по одлуката на Питер 2013-та да започне на своите турнеи да ги свири песните на Joy Division и New Order, тие нивни односи денес практично и не постојат, освен во јавните препукувања и судските закани преку нивните меаџменти, но тоа е веќе неподносливо тажна приказна.  Да се вратиме на концертот.

Trans Europe Express ги најавува „Светлата“ и гитаристот David Potts, тапанарот Paul Keyhoe, клавијатуристот Andy Poole, Peter Hook и неговиот син Jack како прв бас се појавуваат на бината на Mandela hall точно во 20 часот. „Сакам оваа песна да ја посветам на мој многу добар пријател кој минатата недела ја загуби својата ќерка. Ова е за Наташа“ – Питер го отвора концертот со Atmosphere. Во публиката отворено мешани емоции – од обземеност, преку стравопочит до радост. Hooky and The Light за оваа прилика се одлучија за получасовен воведен сет на Joy Division. 60-годишниот Питер цврсто стои на бината, со неверојатно здрава надворешност и затворени очи како одново да ги преживува доцните 70-ти, емитува самоувереност додека ги испорачува Ceremony, New dawn fades, Decades.
10-минутна пауза.

PHsetlist

PHATHB

 

Сетот со песните од New Order е на ред, а тука, на мое општо изненадување публиката се приближува кон бината што ми дава за право да се повлечам кон внатрешноста. Хуки и бендот се очигледно во проверено расположение, стартуваат со ICB,  атмосферата ја забрзуваат со Lonesome tonight, Paradise и Weirdo. Гледајќи го изведбите, додека сум замислен за суштината на односот на нивниот рокенрол кон естаблишментот и одбивањето за било каков компромис, следуваа два часа и дваесет минутна парада на безвременските New Order песни – Bizzare love triangle, Every little counts, The pefect kiss, Elegia, True faith… Предан и со срце отсвирен перформанс. Peter Hook & The Light се враќаат само на еден бис. Во името на бендот Питер се поклонува, завзема Хулк поза, ја фрла Halluçienda маицата кон средишниот дел на публиката, завршува во моите раце (ќе се преправам дека ова не сум го доживеал). Светлата се палат, се прогласува „полициски час“, си одиме.

Едно е сигурно: Песните  отсвирени таа вечер беа поголеми од авторите. Питер бесрамно им го дава она што поклониците на неговото влијателно делување во двата култни манчестерски бендови сакаат да го слушнат. Некој праша: Искрен омаж? Забава? Начин на живот? Турнеја за пари? Средство или цел? Од сè по малку и тоа е ок.

Мицајков & Flooder | Nuttin But Moodymann Magic

14.03.2017

How Do U Get 2 Detroit Tribute It’s 2 Late 4 U And Me Mahogany Brown Shine Sunday Morning Forevernevermore Music People Rick Wilhite – ...

14.03.2017

Новиот албум на американската џез пејачка Стејси Кент (Stacey Kent) „What the World Need Now is Love“ (Candid, 2016) можеби ќе ги разочара нејзините почитувачи. ...