Апстрактни, а реални „до коска“

Безбели апстраклије

[ ]

Теферич панк бендот од Сараево Безбели апстраклије, настанал како желба да се создаваат чисти мераклиски песни, а го сочинуваат вокалот и гитарист Харис Љумановиќ познат како Турбо авазлија, басистот Харис Кадениќ или Басистага и тапанарот Берин Тузлиќ ака Естамлија (прекарот што го добил по ритамот „естам“). Минатата година го издадоа првиот албум насловен „Kad je bal nek’ je kanibal“, а вториот е насловен „Suza suzu stiže“, што наскоро ќе биде промовиран и пред македонската публика.

B_A1

Навистина веќе не е во ред толку да не ограбуваат и да ни ја навредуваат интелигенцијата сите овие политичари. Така се создаде и бунтот, што трае и денес и и го искажавме во двата албуми. Сакавме да свириме нешто со нов отпечаток, а сепак да е наше, босанско. И така со мала помош од „Тарантино“ смисливме дека нашиот звук ќе се вика „теферич панк“ – ни кажа тапанарот Берин Тузлиќ.

Како тројка функционираат одлично – Харис и Харис се аудио продуценти, а Берин, како аниматор се грижи за визуелниот дел: видео, дизајн, анимации. Сакаат да се независни и да „шибаат“ по свое. Нивната идеја е да го привлечат вниманието на опкружувањето во кое живеат, зашто аргументираната критика денес во балканските средини е дефицитарна.

Цели генерации израснаа без аргументирана критика, заради таквото расмислување на властите во последниве 20 години. Најдобриот лек за тоа е отвореност и конкретност со фактите. Пораката што ја пропагира овој бенд е сите да имаат правона живот и свое размислување, без никого да го загрозуваат. Концептуално ние сме бенд што не се плаши од критика, но и не критизира без аргументи – појасни тој.

Харис Љумановиќ алиас Турбо Авазлија е вокал, гитарист, образуван аудио продуцент и автор на песните на бендот. По 18 години живот во Шведска, што му здодеала, се вратил во родната Босна. Берин Тузлиќ ака Естамблија е тапанар и школуван аниматор, автор на многу анимирани спотови, реклами и автор на видео записите на „Безбели апстраклије“. Третиот член е променлив, и во комбинација влегуваат Ален Екмечич, Лука Тиквички, Харис Кадениќ… Кога не свират, размислуваат.

Името на бендот е составено од два збора, а тоа е „апстракција“ што е дефиниција за нашето време, се со цел да може да се манипулира повеќе, и зборот „безбели“, што во Сараево се користи кога некој некого сака „да го тргне од врат“, а тој не знае дали му се потврдува неговата приказна или не.

Сличен е на изразот „не фермати“, туку да се работи по свое. Теферич панкот отсекогаш е начин на живеење во Босна. Теферич кај нас значи настан кога се случува борба на селско бикови, додека се пие алкохол во литри, се вртат јагниња на ражен и на сите страни „дрма“ различна музика, и кога сите се со насмевка на лице. Тогаш ништо не е забрането, освен смртта на еден од биковите или одредени изливи на агресивност – со смеење зборуваше Берин.

Инспирирани од тој вид слобода, сфатиле дека тоа е една од ретките автентични начини на забава на овие простори. Музиката ја создаваат од и за забава и опуштеност, и а текстовите богати со босански хумор, преку кои тие ја критикуваат реалноста. Ги провоцира глобализацијата или како што појасни Берин, „глабализацијата“, кога сите „глабаме“, освен во просек десетмин луѓе од еден до два милиони жители.

Не ја сакаме таа себичност, што е главно оружје на сите овие „срања“. Ние зборуваме за полиКИТИ, како што некогаш беше насловот на еден босански магазин, што за жал беше „згаснат“, зашто ја критикуваше реалноста – додаде тој револтирано.

Во насловите на песните, па и на албумите, уживаат да поигруваат со зборовите и нивната етимологија и сметаат дека зборовите се менуваат со брзина на светлината, но, еден акцент, една запирка, еден празен простор може да го промени животот. И токму тоа е она што ги предизвикува да го кажат она што го мислат.

Ние сме од светот на комуникациите, и затоа уживаме во се она што е сатирично и сирово реално – појасни Берин.

„Кад је бал, нек је канибал“ ја дефинира состојбата во која се наоѓа цело општество, кое страда од глобализација, а „Суза сузу стиже“ е голема тага за сите оние кои не размислуваат со своја глава, и само ја отежнуваат и онака тешката ситуација.

И нивниот имиџ е скроен според музиката што ја создаваат, и кореспондира со нивните ставови и интереси. Го нарекуваат амбалажа во која се наоѓаат „Безбели апстраклије“, спакуван во зависност од денот и расположението.

Ние сме бенд на моментумот. Понекогаш песните ги измислуваме и на сцената додека свириме концерт, зашто сета таа музика се создава како импровизација. Всушност, во тоа е и нашата слобода – ни кажа Берин.

И двата албуми носат силна порака. „Кад је бал, нек је канибал“ ја дефинира состојбата во која се наоѓа цело општество, кое страда од глобализација, а „Суза сузу стиже“ е голема тага за сите оние кои не размислуваат со своја глава, и само ја отежнуваат и онака тешката ситуација.

Во изминативе месеци настапувале во Хрватска и Србија, а се подготвуваат и за нивниот концерт во Скопје, што треба да се одржи во средината на декември. Во Хрватска, како што велат се одомаќени во повеќе клубови каде настапиле, како „Мочвара“ во Загреб, „Коцка“ во Сплит, а и во „Миксер“ во Белград, а за Скопје Берин потврди: Во Скопје доаѓаме со специјален повод или сефте концерт и ќе свириме некои песни, кои никогаш никаде ги немаме досега изведувано. И се радуваме на опуштеноста што ја имаат луѓето со слободарски дух во Скопје, што имавме можност да го почувствуваме пред неколку недели, кога бевме таму .

Како и на цел Балкан, и во родното Сараево вели Берин, ситуацијата е зезната и додека едни умираат од глад, и не сакаат да работат и мислат и образуваат, другите се богатат – некои оправдано, а некои неоправдано. Од многуте животни и професионални искуства научиле многу, имајќи го во предвид и фактот дека сите ја преживеаа војната во Босна во 90-тите години.

Затоа тој на крајот ни кажа: Тешко е да се подредат крушите и јаболките што растат на исто стебло. Мислам дека е важно да сфатиме дека ни ние, ни вие не треба да ја сечеме гранката на која растеме. Ако тоа го почитуваме, сé останато ќе биде лесно.

 

1959: годината која го промени Џезот

17.06.2017

Вечерва со возбуда изгледав еден прекрасен шеесетминутен документарец насловен „1959: годината која го промени Џезот“, телевизиски проект од 2009 година на режисерот Пол Бернајс кој, ...

13.06.2017

Во најавата за претставата „Експеримент” стои: „Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира ...