[видео] Mev & Pakitto

Доволно

Видео за првиот сингл од албумот на Mev & Pakitto „Дигестивен систем“. Снимено и монтирано од Кирил Манчевски. Продуцирано од Pakitto, напишано од Mev.

 

 

M до E до V до смрт со
D до E до A до T до H Squad
анти систем рап повеќе од било кој
во овој град silverback стилот е тој
тоа на страна станав ова што сум денес
затоа што не плукам таму каде што јадам
ако морам да дадам опис саглам за ова што го правам
најблиску е патологија сигурно не е занат
не ме хејтаат мене не ме ни знаат – “Кој си ти бе брааат”
сами Anonymous ме праат
не ми треба шлаг на тортата
доволен е звуков што ми стои како стент во аортата
доволен ми беше повикот од Кике и Делик – “Отворена е портата брат”
а ја на такви ствари сум слаб
вокали сталаг дрмаат по рихтерова скала
не е доволно битот да гали треба да кине глави
фали кислород слободни радикали јадат O² па полесен е изборот
што ако.. како би било… дали ?
но среќен сум со волку, амин
веројатно еволуирам според Darwin

Доволно, ова е доволно
ова е доволно, доволно, доволно, доволно, доволно
ова е доволно
затоа перото ми слета на целулозата слободно

Имав големи соништа
но добив плоча на музичките гробишта
па решив име да си отпишам од некрологот
штом прочитав со кого делам медиум
потшишав лирики да боде зборот
одговорно конзумирав рап детокс
доволно да конструирам прав threshold на почеток
го мешам deck – от и влечам Death пак
и решив таа среќа да се преточи во Death squad
цела мелодрама ви е знам, животот
ја искрено го сакам месото на мојот рап, сирово
нема време да сум ефтин па сум скап на битот нов
отчукува сечиј саат неминовно
во превод нивото е секој пат повисоко
дур не разбуди некој во мене пак животно
GMO од семето Титово е балканец
доволно да сме на рафт на секој ебен прехрамбен ланец
па сум крадец на твоето внимание и слух
ти си странец за своето писание и звук
кинам loop имам њух за оваа работа
но не сум доволно глуп за да ја работам

Доволно, ова е доволно
ова е доволно, доволно, доволно, доволно, доволно
ова е доволно
затоа перото ми слета на целулозата слободно

Доволна ми е искрена љубов, кафана, ракиите
не ми влечат сили глава кон линиите во клубот
извини сите сте на кокс ко Robbie Fowler
дали контакт со реалноста за вас фаул е ?
краул не, стилот не плива по ваши правила
ме боли курот која дроља ве оставила
фрлам рими – кладива
доволно силно доволно далеку лета… лета… замина
среќен сум со среќата на блиските
а и ме нема во рабуш листите на комерцијалистите
доволно чисти сме ако ме слушаш доволно слични сме
но не ми поти муда ко бициклистичките
уште траат преговорите за рап дипломите
доволна причина да ги удрам каде што боли
пронајди го во себе патот што ќе те ослободи
а рапот е еден дел од компасот што мене ме води
доста што сум тука, на мајк што плукам во
хулахопката скината ко филтерот поп
среќен што останав под оваа фабрика за смог
доволно ми е да сум Хип до Хоп до Гроб

Ова е доволно
ова е доволно, доволно, доволно, доволно, доволно
ова е доволно
затоа перото ми слета на целулозата слободно