SIZ

Essence

Кога пред две години се појавија на помалку уморната домашна андерграунд сцена, малкумина веруваа дека со само два базични инструменти – тапани и гитара, некој би можел автентично да се претстави и да ги покаже „мускулите“. На висината на задачата, Ивица Димитријевиќ на гитара/вокал и Филип Станчевски на тапани/перкашн, глатко ја побиваат теоријата и практично покажуваат дека е совршено поедноставно работите да ги направиш „од стомак“ отколку да го отвориш срцето.

SIZ

Wake up and stay awake! Wake up for your life! Up, up, up… пееа SIZ на дебитантскиот Wake up албум. Во потрагата по нови музички хоризонти тие доаѓаат и до своето трето дете – Essence. Кумановски сурф-рок по кратка постапка, произведен еснафски и со кретивен занес кој гргори од секоја нота од албумот, а на овој им се придружува и Јане Трајковски на гитара и труба, со што звучната транзиција на SIZ добива потполна смисла. Essence донесува 6 нови спиритуални, искрено искашлани трубадурски песни за моментот кој го живееме. Never stop уште отсега ја прогласувам за една од најдобрите песни било кога напишани на овие простори. И покрај сочно богатиот кумановски, SIZ сé уште пеат на англиски, минус голем како Кумановка река. Музика за слушање, но за значајна нијанса повеќе за гледање во живо. Албумот излегува во почетокот на ноември, врзете се.

 

Саша Павловиќ | Коза Ностра 4 | 15 октомври 2015

Апотеза на моралната дисторзија
кон „Мизантроп“ во продукција на Комеди Франсез

05.08.2018

режија: Клемен Ервиен Лежер главни улоги: Лои Корбери, Аделин Дерми, Ерик Женовезе, Џенифер Декер, Серж Бадасариан и Флоренс Виала   „Мизантроп“, најзагадочната пиеса на Молиер, ...

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...