Shellac

Excellent Italian Greyhound

shellac-by-Matias-Corral

Shellac никогаш не биле тивок бенд. Уште кога Big Black кон крајот на 80-тите беа на сцената, вревата им беше единствениот инструмент за комуникација. Steve Albini и неговото „минималистичко рок трио” – Shellac отидоа чекор понаред, создавајќи сега стерилно чист и математички презицен рокенор вокабулар. Конечно, повторно врева.

Steven Frank Albini – electric guitar, Todd Stanford Trainer – drum set и Robert Spurr Weston IV – electric bass guitar – гордо стои на нивниот сајт, како да сакаат да кажат дека е тоа повеќе од доволно. Excellent Italian Greyhound е практично четврти албум за овие нивни 13 години, а на некој начин и нивен камбек (претходниот, 1000 Hurts е реализиран далечната 2000-та). Ова познато пост-пунк-хард-што-и-да-е друштво е full time bussines ангажирано веќе неколку години (неговото/нивното Electrical Audio студио своите услуги ги нуди од 1000 до 1500 долари на ден… хммм). Оттаму, последниве години нивен сé помал интерес за создавање музика.

Како и да е, Стеве и друштвото, тоа е повеќе од јасно, на овој албум седнуваат во најновиот модел на Cascadia Truck натоварени со тешки и железни гитарски алогаритми, поддржани со ужасниот но искрен глас на Албини. Тука не ќе издвоите ниту една „песна”, бидејки за тоа не постои ниту потреба. На овој албум тие нудат нивно „рационално” видување на современата Америка сместени во девет саркастични и брутални приказни кои постојано морализираат. Стиховите на воведната The end of radio о тоа најдобро го показува: “Can you hear me now?, That drum roll means we’ve got a winner!, “Welcome to our Top 10, I’d like to thank our sponsors”, Can you hear me now?… Од самиот почеток до самиот крај Shellac не престануваат да се тркалаат во напнато и возбудувачко темпо со панична опседнатост од foot-stomping ритам и долги металски пасажи по секоја цена. Докази? Steady As She Goes, Be Prepared, Genuine Lulabelle и Kittypant. Албумот се слуша концентрирано, со отворени уши и… гласно, се разбира.

radio bagdad @ plagij.at 2007

Другата страна на надежта
режија: Aki Kaurismäki

21.05.2017

Кога зборуваме за помали европски кинематографии, финската секако е една од нив. Истата најчесто се поистоветува со имињата на браќата Мика (постариот) и Аки (помладиот) ...

Depeche Mode во живо во Амстердам
Ziggo Dome | 7 мај 2017

18.05.2017

По четиригодишната пауза од издавањето на последниот студиски албум кој беше оценет како најслаб од страна на критичарите и публиката – Delta Machine (2013,  Columbia ...