Deerhoof

Friend Opportunity

deerhoof

Некогаш беа „само уште еден експеримент од Сан Франциско“, подоцна „бенд кој вреска каде што ќе стигне“, годиниве прераснаа во „калифорниска авангардна сензација“, оваа година тие се само Deerhoof, повеќе од препознатлив и уникатен рокенрол став.

Friend Opportunity е десетто лонгплеј издание на оваа бизарна тројка (Satomi Matsuzaki – бас и вокал, John Dieterich – гитара, Greg Saunier – тапани и вокал) и нивно досега најимпресивно „свири гласно и конкретно“ поп дело со традиционални r’n’r инструменти (а пак тие, инстументите, се дефинитивно најголемата Deerhoof придобивка). Friend Opportunity е снимнен во спалната соба на John Dieterich со минимални надополнувања во Tiny Telephone студиото (уште еден перфектен доказ дека за добра музика е потребно многу многу малку). Албумот прска од самиот почеток: Perfect me е ставена во монструозна центрифуга, пее и степува, се тркала и довикува. Енигматичната Сатоми скокотка со нејзините „уште-малку-па“ поп вокали и нонсенс лирики, таа го води бендот… до крајот. Целиот албум има силни мускули, нетрадиционален пристап кон мелодиите, рифови од 10 тони, како и заразно пријатна комплексност. Песните (дали само?) +81, Believe E.S.P. и The Galaxist го воведуваат Friend Opportunity во незаборавна поп деконструкција, додека „втората страна од албумот“ кокетира со мистериозност. Споредбите досегаат и до Yes, Genesis и King Crimson класиките отсвирени со сензибилитет на 2000-те. Апстрактноста на Deerhoof на ова издание станува веќе нормално музичко четиво. Од прв ред. Тие кулминираат во Matchbook Seeks Maniac каде Сатоми „се изигрува себеси“: I would sell my soul to the devil / If I could be the top of the world. Албумот се затвора со 12-минутната Look Away. Сево ова треба да го слушнете. Веднаш и без предрасуди.

radio bagdad @ plagij.at 2007

1959: годината која го промени Џезот

17.06.2017

Вечерва со возбуда изгледав еден прекрасен шеесетминутен документарец насловен „1959: годината која го промени Џезот“, телевизиски проект од 2009 година на режисерот Пол Бернајс кој, ...

13.06.2017

Во најавата за претставата „Експеримент” стои: „Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира ...