Nothing

Guilty of Everything

Овa е (модерен) shoegazing/dreampop/drone бенд со hardcorebackground од Филаделфија и е проект  на  вокалистот Dominic Palermo, кој исто така беше член на Horror Show и на XOSkeleton. Guilty of Everything е деби студио албум на бендот Nothing, издаден за Relapse Records на 14 март 2014 година.

Кај нив очигледно е влијанието на бендови како Slowdive, Cocteau Twins, My Bloody Valentine и слични, и нема ништо комплицирано во нивниот звук. Совршено меланхолично noise возење, релаксирано и суптилно за уво.

N_GoE

Овој опуштен убав албум е составен од 9 траки со својствен shoegazing mood, и е прилично мрачен, но сепак  лесен како ветер. Совршениот вокал на Palermo дава определена спокојност, надеж низ целиот албум, започнувајќи со првата песна “Dig”, која е прилично лесна и мелодична. Понатаму впечаток оставаат песните како  “Endlessly”, која започнува со една медитативна гитара што дава чувство на лежерност, и “B&E” која создава задоволство опкружено со воздушни вокали и масивни гитари и тапани, но сепак, со своевиден мир во целата таа бучава. Последната трака, насловена како и самиот албум “Guilty of Everything”, го затвора албумот со едно позитивно чуство и исполнетост, иако од насловот и од текстот би се очекувало спротивното. Овој албум е направен од срце, а неговата ранливост и сите мрачни фиоки во него го прават доволно слоевит и интересен за слушање. Истиот не нуди само добра shoegazing музика, туку преплет на меланхолични чувства, со доза на она „сè ќе биде во ред“…