[преслушуваме] Fabio Keiner

Hiroshima Suite [post global recordings]

[ ]

На 6-ти август 1945 година Соединетите Американски Држави фрлија атомска бомба на јапонскиот град Хирошима. Ова беше првпат да се користи нуклеарно оружје при војување. Бомбардерот Enola Gay го носеше оружјето наречено “Little Boy”. Тежеше околу 4.5 тони и произведуваше експлозивна сила еднаква на 15.000 до 20.000 тони ТНТ. Жртвите беа запрепастувачки. Околу 80.000 луѓе беа веднаш убиени, а 80.000 починале од последиците од бомбата во наредните месеци и години. Хирошима беше уништена. По три дена, САД ја фрлија втората атомска бомба во градот Нагасаки. Денес, за жал, се чини дека се можни нови нуклеарни катастрофи со оглед на воените напори и взаемните заплашувања меѓу Северна Кореја и САД, од кои несомнено ќе страда и Јапонија.
“Hiroshima Suite” е скромна почит кон сеќавањето на жртвите на овој нуклеарен бомбашки напад. Самиот албум e долга приказна за амбиенталната импровизација, звучно семплување и преработка – и одисеја од речиси 2 години пред неговото објавување, на денот на катастрофата, точно 73 години подоцна.

14 август 2018 post global recordings

 


 

Го презентираме Куманово насекаде
интервју со Филип Михајловски од Khara

18.09.2018

  Khara – од каде името за групата, значењето/потеклото? Според монголската митологија, Кара е името на првиот шаман, што враќал мртви луѓе во живот. Приказната ...

16.09.2018

На 6 септември во клубот „Ла Кања“ во старата скопска чаршија низ слушачка промоција ни беше претставено новото чедо на Давид Ангелевски пророчки насловено „Бела ...