Го презентираме Куманово насекаде

интервју со Филип Михајловски од Khara

[ ]

filip khara

 

Khara – од каде името за групата, значењето/потеклото?
Според монголската митологија, Кара е името на првиот шаман, што враќал мртви луѓе во живот. Приказната ни беше интересна, па лесно се одлучивме за името. Khara ни изгледаше поестетски од Kara, па затоа додадовме една буква.

Како би ја окарактеризирале вашата музика жанровски и најголемите влијанија за тоа?
Пост рок. Често размислуваме за идејата дека нашата музика многу добро би се уклопила во серии/филмови. Огромна желба ни е да соработуваме на некаков интересен саундтрак. Сакаме да слушаме бендови како Sigur Ros, Explosions In The Sky, Mogwai, MONO, Hammock и нив ги сметаме за наши најголеми влијанија.

Како настанува една ваша песна, дали процесот започнува со идеја на поединец или можеби поинаку?
Вториот албум, “Heaven Can Wait” настана многу спонтано. Решивме да се водиме од личните искуства, мемории и емоции. Сите да донесеме по еден дел од нас и да направиме нешто заедничко од сето тоа. На тој начин се роди “Heaven Can Wait”.

Доаѓате од Куманово, за постарите кумановци тоа има посебно значење кога станува збор за рок музиката. Дали тоа важи и за вас, дали се идентификувате како кумановска група?
Да, секако. Го презентираме Куманово насекаде. Имаме повеќе од 60 концерти на кои гордо ја претставуваме кумановската и воопшто македонската алтернативна сцена. Имаме неверојатна подршка во нашиот град и премногу сме горди на тоа.

Излегува вашето второ албумско остварување, што за релативно млад бенд на овие простори не е воопшто за потценување. Кој е издавачот, нешто повеќе за промоцијата на албумот и вашите идни планови?
Ви благодариме. Да, тешко е, посебно после прв албум. Многу поголем труд и мотивација влегуваат во новиот албум, бидејќи сакаме да е нешто најдобро што досега излегло од нас. Го планираме и го работиме веќе две години и заедно со нашиот продуцент Милош Краљевски (ММ Студио), мислиме дека албумот има шанси да биде нешто повеќе. Албумот официјално излегува на 21-ви септември, а моментално ќе биде издаден од страна на Kran Records (Куманово) и Fluttery Records (Сан Франциско). Промоцијата исто така ќе се одржи на 21-ви септември (петок) во големата сала на НУЦК Трајко Прокопиев во Куманово. Во оваа прилика сакаме да ги поканиме сите заинтересирани да дојдат и да слушнат нешто различно.


12.10.2018

„Слугинки“ е една од најизведуваните пиеси во историјата на театарот. Напишана и изведена за првпат во 1947 година во Париз во режија на легендарниот Луј ...

01.10.2018

Јетон Келменди е поет кој првиот чекор во стихот го прави од стаменоста на молкот. Кога ја читаме неговата поезија имаме впечаток дека неговиот стиховен ...