Луѓето почнаа да прават селфија во Аушвиц

Интервју со Howie Reeve

[ ]
Тој е симпатичен Шкотланѓанец кој последниве 30 години постојано свири музика. Во последно време настапува сам, свирејќи акустичен бас и пеејќи. На 11 септември излегува неговото најново издание  за The Audacious Art Experiment , како 7” сплит сингл со вечниот ентизијаст Mike Watt. Во декември Audacious Art Experiment и Red Wig го издаваат неговиот трет албум ‘Smaller, Now’ (италијанскиот уметник Rocco Lombardi го дизајнира омотот). Ако имате кеш на картица и ви се допаѓа неговата работа, подрржете го преку kickstarter.

H_R

Од каде идејата да настапуваш сам свирејќи на акустичен бас и пеејќи?
Па, после долгогодишно свирење по бендови купив акустичен бас. На почетокот, само свирев малку, некои фрази и рифови без никаква конечна форма, но наеднаш хармониите почна сами да си доаѓаат. Неверојатно е како е сето тоа едноставно. Сé што треба е да го земам басот дома и да почнам да свирам. Нема потреба од наоѓање  простори за проби или бесконечно договарање на термин кој на сите би им одговарал. Значи, купувањето на акустичниов бас за мене беше суштествено ослободување на лично изразувачко ниво.

Како изгледа твоето одење на турнеја? Патуваш сам? Се возиш сам со кола или…?
Кога патувам сам најчесто тоа е со воз. Понекогаш имам и возач а понекогаш патувам заедно со други бендови , како на последната европска турнеја со Father Murphy.

“We are in repair” е плочата на која почна повеќе да пееш. Која беше причината за тоа по, воглавно инструменталниот “Friendly demons”?
Да, има неколку стихови на Friendly Demons, но вокалниот прогрес е приметлив со вториот албум. Стиховите сега се дел од речиси сите песни, тие му даваат контекст на басот.

Твоите текстови се длабоко емотивни. Што е фокусот додека ги пишуваш?
Ти благодарам. Задовоство е да се слушне дека си го приметил тоа. Навистина уживам пишувајќи ги, но сепак се трудам да бидам олабавен и економичен со зборовите. Иако повеќето се лични, се трудам да одам во други правци понекогаш, да не бидам сугестивен или енигматичен туку да им оставам на луѓето простор за нивна интерепретација. За мене е битно да не проповедам и да не им кажувам на луѓето како да се чувствуваат, не сакам да се чувствуваат дека ги хранам со нешто или пак ги наведувам на црно или на бело. Тоа нé опкружува постојано во нашето општество кое неретко е контрапродуктивно. Генерално, користам фрагменти како стил во моето пишување. Се трудам да не бидам егзактен во моите песни затоа што сметам дека тоа е премногу застапено околу нас. Мојата писателска храна се моите искуства, светот околу мене како и насилниот начин на кој мејнстримот навлегува во него, луѓето кои ми оставиле впечаток и влијаеле на мене… во секој случај, пристапувам реално и го третирам субјектот на инспирација со почит. Најверојатно е невозможно да правиш нешто без некаков вид на осудување или необјективност, но секако се трудам да постапам импресионистички и без цврста рака врз нештата. Се трудам играта жртва/виновник со покажување на прст да не биде одиграна. Да не го заборавиме во сето ова и басот кој треба да биде стегнат и ефективен и секако во функција на текстовите. Всушност, сé се врти околу обидот да бидеш искрен во обидот да комуницираш со другите.

Во кои бендови свиреше пред да почнеш соло?
Tattie Toes, Maxton Grainger, Shlebie…како и еден куп проекти и соработки.

Како влезе во целата приказна со бендови? Дали тогаш беше многу поразлично да свириш одошто е денес, како беше да се снима и да се оди на турнеи тогаш?
Денес, според мене, доживуваме некој вид на културен пик во кој сме пренатрупани без да бидеме задоволени. Сé може да се спореди со брзата храна, морално и креативно. Денешното општество е насочено кон немањето шанса да бидеш во допир со суштината. Веќе сме добро запознаени со ефектите кои интернетот ги има врз нас и асоцијалното влијание кое може да го изврши врз нас. Смарт телефоните се најдобар показател за тоа што го зборувам. Свирејќи концерт неодамна не можев да не ги приметам луѓето кои за време на настапот се звереа во нивните мали светлечки монитори. Сето тоа е деморализирачки и навредливо, но сепак на некој начин не е посебно лично, но по ѓаволите, луѓето почнаа да прават селфија во Аушвиц.

Во какви места најчесто настапуваш? Дали идејата позади местото е битна за тебе?
Да. За мене е навистина битно каде свирам. Доколку свириш во место во кое музиката е само една компонента на една поширока социјална перспектива во која работите се прават заедно на еден позитивен начин тогаш сето тоа неизбежно води кон еден побогат културен дијалог. Настапувајќи во средина која функционира настрана од вообичаената финансиско/социјално/родовска хиерархиска парадигма е награда сама по себе. Би можел да набројам многу места како пример за тоа, но сепак ќе го изберам 20 Sacos во Гран Канариа. Тоа е колектив на волонтери. Знаев дека местото е посебно после само неколку секунди присуство. Веднаш потоа следеше бура од активности – подготвување на храна, декорирање на местото, локална промоција, техничка подготовка. Очигледно е дека сето тоа бара напорна работа и секојдневно пронаоѓање на смислата за сето тоа да не биде бајато, но 20 Sacos и местата како ова секогаш се полни со креативен и ентузијастички дух како и моќта за силна самоорганизација. Сето ова произведува силна возбуда околу активностите на просторот што само дополнително допринесува секој настан таму да биде посебен. Научив толку многу само поради тоа што бев присутен таму. Секогаш кога ќе се сетам на таквите места се сеќавам на многу насмеани луѓе.

Дали си некако поврзан со глумење?
Завршив драма со социјална апликација, пред многу, многу години.

Глумиш ли денес?
Штотуку се вратив од Јапонија каде што бев дел од едномесечна драмска школа за деца и тинејџери. Во последниве неколку години не сум толку присутен во театарскиот свет, можеби поради тоа што во музиката е полесно да живееш според некој автономен модел.

Доаѓаш од Глазгов, Шкотска. Како го доживеа референдумот за возможното осамостојување од Обединетото кралство?
Јас сум интернационалист кој сака независност. Генерално, Вестминстерската елита отсекогаш го потценувала овој народ. Тешко е да си сведок на беспомошноста и стравот кој владее помеѓу луѓето тука околу ова прашање. Владиниот начин е систематска деморализација на сите оние кои не се согласуваат со нивната политика. Повеќето луѓе тука, вклучувајќи ме и мене, на референдумот му пристапија емотивно. Малку од нас располагаа со некакви конкретни факти. Знаејќи го сево ова беше навистина тешко да се одговори на ова прашање. Гледав многу надеж во луѓето пред гласањето и многу разочарување после тоа. Пропагандата на Вестмистер, Би-Би-Си, Мурдох печатот беше доминантна. Би било фер да се спомне дека во тие денови многу повеќе владееше небулозно чувство на сонување и надеж за некое порамноправно општество отколку сонување поткрепено со некои конкретни аргументни и политика, но во секој случај чувството беше прекрасно. Одејќи на Европска турнеја веднаш после референдумот беше бесценето за мене поради фактот дека во повеќето земји владее згаденост од нивните политичари. Имам проблем со национализмот и мафтањето со знамиња. Можеби поради тоа што сум Англичанец, па поради тоа никогаш не сум се чувствувал комотно со дефинирање на сопствената националност како жител на Шкотска. Сметам дека многу од нас водат исти битки. Го препознавам доброто во луѓето како и во малите групи. Кога станува збор за макрокосмосот станувам повнимателен.

Мицајков & Flooder | Nuttin But Moodymann Magic

14.03.2017

How Do U Get 2 Detroit Tribute It’s 2 Late 4 U And Me Mahogany Brown Shine Sunday Morning Forevernevermore Music People Rick Wilhite – ...

14.03.2017

Новиот албум на американската џез пејачка Стејси Кент (Stacey Kent) „What the World Need Now is Love“ (Candid, 2016) можеби ќе ги разочара нејзините почитувачи. ...