Го окупирав Wall Street во 84-та

интервју со Lydia Lunch

[ ]
ll2фотографии: Зден

 

Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и неверојатно дека си тука.
Жалам што не сум дошла порано.

Се надевам дека ќе се вратите наскоро. Во последно време, на различни места коментирате дека звукот на Teenage Jesus не може да се потори, не може да се копира, не може да се направи пак.
Па… зашто би требало, тоа е нешто затворено, мислам… сум го направила тоа неколку пати кога мислев дека е потребно во времето, но не, нема да го правам тоа повторно, нема да го повторам, затоа постојат видеа и песни.

Во смисла на прекршувањето кој тој звук го направи на музичката сцена, еден мој британски другар кој почина, беше умен и немирен дечко, во неговата книга Ghosts of my life тој го анализира општеството преку промените во музиката и тврди дека сите процепи запреле некаде во средина на 80-тите години и сè што имаме денес е здодевно повторување на видени нешта, тврдејќи дека сме ја загубиле иднината. Се сложуваш со ова, затоа и те прашав за Teenage Jesus.
Па, ова е причината зашто луѓето треба да гледаат на архитектурата, хемијата, науката за нешта кои се понапредни, а музиката можеби секогаш поминува низ фази. Тоа е една од причините зашто го создадов Retrovirus кој е бенд на ретроспектива на мојата музика, тоа се сега 40 години, но не значи дека сега треба истото да го повторам, затоа постојат документи.

Во Скопје сте дојдени со Big Sexy Noise, читав како дојдовте до името на проектот, во основа тоа е голем и секси звук.
Во основа правев илустриран збор, што подразбира поезија и музика со Џејмс и Иан. Иан предложи дека треба да имаме хард рок бенд и потоа си рековме – мора да биде нешто големо, нешто секси и гласно и ете ти – Big Sexy Noise. Тоа е, исто така бидејќи сакам кога го земам традиционалниот рок и го первертирам… cock rock или подобро кажано ова е cunt rock, како на пример песната Your love don’t pay my rent, тоа е навистина cock rock, кој денес никој не го прави.

Точно, во последно време рок музиката стана многу мека.
Не е дека рок музиката стана мека, туку другите форми на музика превземаа. Рок музиката беше многу лоша некое време кога имате групи како Motley Crue и Van Halen, рок музиката стана грда и затоа мораше да умре некое време, затоа имавме No wave, Grunge кој во основа е рок, Punk што всушност е брз рокенрол, за да понатаму отиде во други нешта и сега треба да се вратиме.

Дали ова го правиш за да ја спасиш рок музиката или таа музика ти овозможува најдобро да се изразиш сега?
Не не, го правам тоа за да ја спасам мојата разумност. Правам премногу политички говори и еден од начините за да се олабави е преку рок, бидејќи истовремено правам и други работи, правам spoken word-ови, правам блуз рок…

Spoken word… ве слушав пред некое време како зборувате дека е важно да е ужива во себеси и животот, зборувавте дека сакате да сте задоволна но не верувате во среќа.
Чекај малку, јас сакам да уживам, а за задоволна, ммм… ако имаш за цел да си задоволен, можеби никогаш нема тоа да го постигнеш.

Се нарекуваш себеси конфронтационист. Дали е возможно да се ужива во животот и исто така да се конфронтираш со куп работи во животот?
Секако дека да, преку ден се конфронтирам со шупаците, патријархијата, господ, татковците и сите неранимајковци, а навечер сакам да се журкам.

Мислиш дека е возможа таа комбинација?
Нема избор. Или можеби би се застрелала себеси или стотици илјади луѓе околу мене, сите од нив, политичари нормално.

Едно од твоите читања почнува со реченицата дека не можеш да спасиш друг човек од себеси, а истовремено зборуваш и за болката. Мислиш дека има креативен двигател во болката?
Што за болката, зборување за болката, аха, болката… некои луѓе немаат избор, имаат егзистенцијална болка, имаат физичка болка, живеат со физичка болка цел живот. Тоа е само еден аспект, постои и психолошка болка, болка на сиромаштијата, болка на идиотизмот со кој сме опколени, болка на политиката… Некој мора да биде гласот на болката.

Сè уште тврдиш дека музиката е нешто што треба да се направи а не да се планира, да се вежба, и да не се мисли многу на тоа, туку да се впуштиш и да се извалкаш.
Јас сум концептуалист, јас сум концепт, јас имам концепт, имам концепт за звукот, имам концепт за жанрот и потоа си ги наоѓам соработниците. Тоа што јас го правам е многу специфично, не е случајно, не одам со куп луѓе во студио и почнувам да пишувам песни – не. Многу е прецизно, ми треба ваков звук и ги наоѓам луѓето. Никогаш не мислам претходно со кога сакам да работам, нема никој со кого сакам да работам, концептот диктира со кого ќе работам.

Си работела со еден тон луѓе…
…Со точните луѓе во точно време…

…Има ли случај кога ти предложиле други луѓе да работат со тебе а ти си одбила.
Не, не, многу ретко. Најчесто ако имам време и ми се допаѓа проектот – го правам. Единствено Omar Rodriguez и Mars Volta ми предложија соработка, добри песни снимивме и сето тоа е различно, но нели сè што правам јас е различно.

ll2Последната твоја книга која ја знам е за готвење. Денес беше на CNN со Anthony Bourdain. Презимето Lunch значи ручек, цело време го правиш тоа?
Готвам за луѓето цело време, но на почеток крадев храна за да готвам и така ги до добив презимето. Кога си многу сиромашен треба да готвиш за луѓето.

И уште готвиш?
Секако, кога си половина од времето на пат последното нешто што сакам кога си дома се нечии други раце во храната. Ми се допаѓа идеајата да го оставам моето ДНА во устите на луѓето, така што всушност јас ги обременувам кога готвам за нив.

Мислиш дека храната одзема повеќе од само форма од рацете?
Вака да ти кажам, кога готвиш и не си расположен, храната ќе има лош вкус.

Исто и за музиката.
Не, не, кога си во мнгу лошо расположение, музиката ќе звучи супер бидејќи тоа е она што ќе го повратиш, но не сакаш луѓето да ја повратат храната, затоа најдобро е да говиш со добро расположение.

Си живеела и во Европа и во Америка, си зборувала за нивните разлики и секогаш си протестирала против американскиот начин на живот. Мислиш дека Европа има доста прифатено од тој начин на живот?
Не можам да зборувам за секоја држава, но повеќе држави одат кон фашизам, како на пример Америка, затоа и се отселив оттаму кога владееше Буш и сега се вратив бидејќи е толку фашистичко што морам да сум таму и да зборувам за тоа. Ова се само бранови, историјата е иста како што секогаш била. Шупаците се на позиција на моќ, богатите ги контролираат сите други, буржоазијата може да убие кого сака, војната никогаш нема да заврши. Сега изгледа дека е полошо бидејќи имаме повеќе информации. Секогаш е исто, сè додека не ги укинеме позициите на моќ – а нема, светот останува ист. Кога се менува? Америка не била во војна 10 години, целата историја на Америка е војна, освен тие 10 години и тоа е само Америка. А другите држави, како оваа земја на пример – колку пати имало војни… и за што, за господ, за земја, за пари, алчност и глупост, машка доминација, срање.

Знам дека не сакаш да ставаш етикета на твоите политички ставови, но ова што го зборуваш звучи анархиситички…
…Повеќе од  анархиситички.

Освен spoken word-ови си снимила и доста филмови. Мислиш ли дека има доволен политички предизвик и содржина во уметноста која се креира денес во музика, филмовите?
Не, доволно има. Но секако има и многу политичка содржина онлајн, постојат весници, има политички протести, има акции на улиците, значи можеби и да нема во уметноста и музиката но има на улиците, го има и на интернет. Почнав со spoken word-овите во ‘82-ра, денес нема многу луѓе што го прават тоа сега во споредба со тогаш. И тоа не е поезија, тоа се монолози… работев со еден куп луѓе и сега се враќам и работиме пак заедно. Не мислам дека е доволно. Во одредено време надеж беше рап музиката но таа сега дегенерира во некоја глупост и навистина не знам каде е протестот, протестот е онлајн, протестот е на улиците, не знам, кажи ми ти каде е протестот.

Протестот е повеќе на улиците но луѓето се збунети, видовме што се случи со Occupy Wall Street. Го подржуваше тоа движење?
Јас го окупирав Wall Street во 84-та.

Фантастично, благодарам.

23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...