Правиме музика каква што сакаме да слушаме

интервју со Nash Whalen од Wooden Shjips

[ ]

Енигматичниот психоделичен состав Wooden Shjips за првпат настапува на претстојниот фестивал за нова музика Здраво Млади. За американизмот, психоделичната музика, првата купена плоча, поинаквата реалност на Сан Франциско и рок примитивизмот разговаравме со Nash Whalen.

wooden_shjips_photo_sofia_ahhsanuddinф: Sofia Ahhsanuddin

 

Вашиот последен албум “V.“, за разлика од претходните кои дишеа со американизам, е совршен летен албум, полн со оптимизам и мирна енергија. Како се случи овој пресврт?
Промената беше свесна или барем во смисла дека сакавме да направиме летен албум. Не мислам дека оптимизмот и мирната енергија дојдоа од некое ново место, туку од некој нов фокус како реакција на светот во кој живееме. Идејата позади нашиот летен албум беше да ја изразиме безгрижната природа што сме ја искусиле низ животот во надеж таа вибрација да ја направиме постојан дел од светот.

Кога и како влезе во светот на психоделичната музика?
Се сеќавам дека бев многу заинтригиран од Blue Jay Way на The Beatles кога имав 9 или 10 години. Слушајќи ја денес, морам да признам дека изврши огромно но потсвесно влијание. Мислам дека тоа беше точката кога навистина влегов во светот на психоделичната музика, иако сум сигурен сум дека сум слушнал многу психоделична музика пред дури и да разберам што е тоа. Пораснав слушајќи класично рок радио и некои од тие најкомплексни џемувања беа проткаени во стандардните рок мелодии. Не си можел ни да сфатиш дека тоа те привлекува.

Која е првата плоча што си ја купил?
Првата плоча што сум ја купил беше “Autoamerican” на Blondie. Искористив ваучер за подарок од една книжара што го добив за роденден. Тоа беше голема одлука за купување за 10-годишна возраст, да купам плоча наместо книги. Но, барем купив класика плоча која сè уште ја имам.

Во едно твое интервју прочитав дека говориш за Сан Франциско како „поинаква реалност од остатокот на соединетите држави“. Кажи ми за опкружувањето и атмосферата во која се случија Wooden Shjips, каков беше процесот?
Сан Франциско отсекогаш била поинаква реалност од останатокот од САД, вклучувајќи го и остатокот од Калифорнија. Секогаш има некоја нова златна треска во Сан Франциско. Денес, таа се прошири и ја опфаќа областа помеѓу тука и Силиконската долина и сега постојано сме преплавени со најновите технолошки идеји од коли за испорака коишто возат сами до роботи за обезбедување. Кога се обидувам да им објаснам на луѓето, гледам дека не ме разбираат, затоа што го немаат тоа сè уште искусено. Има многу луди работи овие денови, но атмосферата во којашто е формиран Wooden Shjips беше за време на затишјето помеѓу “Dot Com Boom / Bust” и тоа што го искусуваме денес.
Првично, Erik “Ripley” Johnson сакаше да свири со група не-музичари и ме стави мене да свирам гитара а неколку други пријатели на бас и тапани. По една година или две вежбање како Wooden Shjips, но без вистинска можност да настапиме, ние едноставно престанавме да одиме на проби. Потоа, Рипли самиот објави неколку песни, меѓу кои и некои на кои работевме, а Holy Mountain се заинтересира за издавање на албум. Рипли ги регрутирше Omar Ahsanuddin и Dusty Jermier со цел да имаме солидна ритам секција и ме праша да свирам органа со цел да се дополни звукот. Работите дојдоа на свое место многу брзо и наскоро свиревме концерти во Сан Франциско секој месец, а потоа и низ целиот свет.

Кога првпат ве слушнав, ве опишав како “Neu! Zuma”. Дали сè уште целите кон рок примитивизмот?

Држење на примитивно ниво ни е исклучително важно. Многупати кога ги свириме песните по првпат или џемуваме, пробуваме различни работи со ритмите и рифовите и дури и кога ќе звучи сè тоа кул, пробуваме да го спуштиме малку нивото на попримитивно и минимално. Инаку, нема да бидеме ние тоа.

Psych-от стана прилично популарен овие години, благодарејќи на бендовите како вас. Дали ваквото прилагодување на psych музиката на современите текови е начинот да музичкиот жанр преживее и дополнително ја прошири публиката?
Кога бендот почнуваше, наша единствена цел беше да правиме музика каква што сакаме да слушаме. Музика која беше безвременска така што ако ја слушнеш по 20-30 години, сè уште ќе звучи релевантно и свежо. Не мислам дека пробавме било кога да реагираме на тековни трендови, туку само да ја одржуваме нашата визија за создавање на примитивна, репетитивна, минимална и безвременска музика. Но, возбудливо е да се види колку многу е сакана psych музиката низ целиот свет.

 

ws-v1 Новиот албум на Wooden Shjips “V.” достапен на Thrill Jockey Records
Wooden Shjips настапуваат на фестивалот Здраво Млади на 1 септември во МКЦ Скопје

 

Го презентираме Куманово насекаде
интервју со Филип Михајловски од Khara

18.09.2018

  Khara – од каде името за групата, значењето/потеклото? Според монголската митологија, Кара е името на првиот шаман, што враќал мртви луѓе во живот. Приказната ...

16.09.2018

На 6 септември во клубот „Ла Кања“ во старата скопска чаршија низ слушачка промоција ни беше претставено новото чедо на Давид Ангелевски пророчки насловено „Бела ...