МакеДокс патувачко кино

#КајБабаНаСело од 12-ти до 25-ти јули

[ ]

Во рамките на овогодишното традиционално МакеДокс патувачко кино, од 12-ти до 25-ти јули, магаренцето на фестивалот на креативен документарен филм – МакеДокс ќе ја обиколи околијата на Македонски Брод и Порече.

MD-PK

Патувачкото кино е една од најромантичните приказни на МакеДокс. Надвор од скопската жега и „комоција“, сите овие години се нудат дел од документарните приказни на МакеДокс и во рурални средини во земјава. Со години наназад МакеДокс има барања од познати и непознати да им се приклучат. Но, бидејќи тоа го прават главно базирано на сопствени ресурси, од мерак и за мерак, не беа во можност да канат многу гости. Секако, не се комотни и да ги игнорират барањата на луѓето кои сакаат да се приклучат на караванот.

МакеДокс ќе каже: „Навистина е тешко да се објасни ако не се доживее тој сингуларитет, кој се креира на „патувачко“, но еве, таму сретнуваме луѓе кои живеат во средини незагадени од стрес, брзање, состаноци, шизми од онлајн-офлајн преклопувања, знаат да те научат и понекоја лекција. Понекогаш со некоја мала досетка, понекогаш со некое, за урбаните ликови, непријатно молчење и застаклени очи. Животот на прв поглед изгледа поедноставен, но, реално, кога бил едноставен? И кога бил комплициран? Се сретнуваме со себе, во некои други огледала, мириси и дејности. Еден, како што рековме, тежок за објаснување сингуларитет.
Она што можеме да го понудиме се контакти од разни капацитети за сместување. Не гарантираме дека капацитетите се со пет ѕвезди, ниту дека ќе се слободни. Ама секако можеме да гарантираме дека некои ќе ви понудат милијарди ѕвезди на ноќното небо, од кои застанува здивот. Не превземаме одговорност за квалитетот на сместувањето и не сакаме да е на наша одговорност вашето патување, нудиме можност да ни се приклучите на бесплатните проекции, и да се подружиме, да ви споделиме дел од магијата. Ама па, ако ви дадеме се на тацна, ќе ве лишиме од голем дел од уживањето на таа авантура.
Уклучувајте тоа мапите, календарите, палете точаци, патики, исперете вреќите за спиење. Се гледаме со најпосветените #КајБабаНаСело!“


12.07. село Крапа
14-16.07. Д Фестивал 2017
18.07. село Девич
19.07. село Црешнево
20.07. село Требино
22.07. село Локвица
23.07. село Брест
24.07. село Косово
25.07. село Манастирец

 

Колку за скокоткање овогодишното МакеДокс патувачко кино ви ја нудиме атмосферата на минатогодишното патешествие на караванот.





05.09.2017

  Do it Again / Holy Ghost Someone great / LCD Soundsystem Transient Program For Drums and Machinery / Soulwax Anymore / Goldfrapp Intermezzo II (Interstellar Funk Remix) ...

26.08.2017

Спојлер: Понесете си марамчиња и врзете го појасот, ве чека бура од смеа и емоции.   Мал плац на периферијата во Неготино е центарот на ...