Кога Усферату станува домашен миленик | Кон делото на Горан Дачев Дач

Да се биде фрик не е доволно некој да те нарече уметник, такви има многу денеска во Скопје. Да си стрип цртач пак, во средина во која што најголемата наука е подготвувањето на зимницата е уште потежок избор. Сепак, истрајноста е доблест и малкумина можат да истрајат во тој потфат од создавањето до издавањето на стрипот.

Припаѓам на генерациите кои што буквално се пораснати на цела таа субкултурна инклинација: стрип. Зошто инклинација? Бидејќи стрипот е став, бунт и воедно уметност помешана со сензибилитетот и есенцијалниот хумор на авторот. Како во некој стар гримоар читателот се внесува во сликички полни со текст и одеднаш цела стварност се претвора во еден сосема чудесен и нов свет. Магијата на цртежот, карикатурално нанижан по некој редослед кој што води кон некакво подземно и мистично откровение. Нешто што не го сакаат вашите родители, но сепак може да се купи под рака за евтини пари, и на крајот сепак уметност… Во тој миг врвен бунтовник е самиот творец-стрип цртачот. Така некако го доживеав Горан Дачев Дач кога некаде во Јуни 2006 бев замолен да направам неколку сценарија за тогашната агенција за млади и спорт, преку британскиот конзул. Одпрвин бев згрозен од таа идеја да пишувам конвенционални сценарија (требаше да пишувам за пари) за некакви европски институции, во некаков социјален контекст. Па во умот ја претворив сета мисла во чудесен сублиминален диверзитет. Нормално, контекстот беше биполарен: поучен и во исто време подземно интересен со доста хумор. Знаев дека само така ќе успеам најмногу да извлечам од цртачите. За сето време имав ниско чувство на продаденост во себе, плашејќи се од резултатите, но ниту еден од стрип цртачите не се нафаќаше да ги осмисли сценаријата. Моите маки беа минато откако ги видов првите табли на Горан Дачев Дач. Тој со неверојатен талент и изобилство ги играше зборовите и цела понудена субверзивност на текстот, мешајќи ги со цртежот. Имагинацијата е сé на овој свет. Сé почнува и завршува со неа. Кога некој кубури со неа е несреќен, а кога некој пак ја пресликува тој е со моќи рамни на врвен архитект. Еден од оние што ги поставуваат сништата во две димензии. Од таму „вистинската приказна„ на Дач е цел еден синопсис од милион млади души жедни за возбуда и патување со умот под летните сенки на месецот август. Turn off your mind, relax and float down stream… It is not dying… Drop in-drop out… Цел тој сленг добива движење-акција, мислата шета и бара цел. Во таблите на Дач се внесуваат секакви ентитети, во кадарот влегуваат марсовци, се појавуваат луѓе од кал како во некоја најлуда сказна. Тие трчаат како зомбии и сакаат да се изронат од женските гради-пенетрираат во телата и ноздрите, како во некаков магијско-алхемиски процес. Човек од земја, чувствителен „Голем„ спремен да влезе во паралелниот свет на лик на мајринговите романи, но сепак со врвен ерос и бол, својствен за средината во која што авторот твори. Еден социјален кошмар и игнономија која што како крик на немите се извлекува од дачовите луѓе од кал. Како да сите го живееме тој трансформиран сон од стрип до стрип, во кој секој од нас ја повикува очајната желба за повторно реформирање, некаква морална дилема пред луѓето од кал. Соц-реалистичната Наташа, и калливата толпа што осудува. Тоа е Горан Дачев Дач.

I’d love to turn you on… Turn me on dead man… „Усферату„ излегува во ноќта, неговите долги нокти и застрашувачки лик ме прогонуваат низ зачадениот скопски амбиент, сé е и онака под стегите на преживувањето и лагата… Ми минува низ глава додека размислувам и со нетрпение очекувам да го доживеам изданието на неговиот стрип. Relax and float down stream… Усверату… Фати у`свет Усверату и милувај ги срните… One-two-three-four-six-seven all good kids goes to heaven…

 

 

ЦРТЕЖИ 2007 – 2013

3_Up-42x29,7cm-black gel Adela-29,7x21cm-black gel,yellow felt tip Ascend Uterus-32,6x28cm-woodencolors black_portrat-32,1x19,7cm-black gel

Collage_Tomorrow-53,8x35,8cm(made by 9 pieces of my own drawings) Cut_The_Light-29x20,5cm-black ink Dementia_Preacox-24x18,5cm-collage Egona_Schielevska-36x17cm-wooden colors Gaby-38x24cm-woodencolors Girl_From_The_Hood-29,8x20,9cm-black gel In_Love-38,5x29cm-black gel Lovely_Hannah-29,7x21cm-black gel Lyn_is_dead-36,7x28,7cm-black gel Malla-24,5x21cm-black ink Maria_from_the_3rd_floor-29,5x20,8cm-blac gel Melisina_Melasa-38x32cm-black gel Olga-29,7x21cm-black ink PastSumer-42,8x28cm-black gel Razor_Blade_Is_My_Friend-29,7x21cm-black ink Seduction I-29,7x21cm-black gel Seduction II-29,7x21cm-black gel Seduction III-29,7x21cm-black gel Seduction IV-23,1x20,9cm-black gel Select_Me-30x30cm-black gel She_Shaved_My_Foot_Fingers-22x21cm-black gel That's_Life-27,5x20,5cm-black ink The Unremembered-29x20,5cm-black gel The_Last_Call-39,9x28,4cm-black gel The_Man_Who_Laugh_For_Nothing-33,3x23,8cm-crayons To_See_What_You_See-30,1x29,6cm-black gel Trip_to_Tokyo-24,7x20,9cm-mixed media Under_Effect-29,5x22cm-black gel Ursula_Uschi-29,7x21cm-black gel Vasska-29,8x21,1cm-black gel

 

 

 

СТРИПОВИ

 

ЛУЃЕ ОД КАЛ, 2006

 

 

МАЛИОТ ПОНИ И МЕЧЕТО УШКО, 2005

 

 

 

СРНИ, 2005

 

 

 

ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА, 1999



 

УСФЕРАТУ, 1998

 

 

ЛУЃЕ ОД КАЛ, 2006

 

 

BUTTERFLY, 1997

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...