[преслушуваме] Voltaire Mani Al Hakim

Кокино ЛП

[ ]

„Ова е прв обид да го прокреирам македонскиот Astral Weeks (Брсјачите Сказни) во слободен акустичен пад. Записот е лишен од секаква артифициелност, стерилност и полн со болна сензуалност и страст. На снимката постои прецизна дисонатна дискрепанција (мали осцилации во штимањето на инструментите) која што и дава на снимката џанглива и помалку тенеќарско сензуална амбиенталност (како одраз на безнадежието во кое живееме).

VM

Иако изгледа едноставно поради мелодичниот пристап, всушност во живиот настап е даден максимумот на живата магија на изведбата. Имав инакви замисли и повеќе луѓе на ум, посебно ме интересираа вокалите, бидејки овдека и не постојат вокални групи, уште помалку искрени пеачи. За мене песната е најсовршениот облик на изразување и покрај Васе (Бернис), кој и беше единствената причина воопшто да се вклучам во магијата на создавањето музика не гледам ниту еден суптилен вокалист во земјава. За жал таков можеби и не постои, а ако и постои не можам да го пронајдам. Се разбира, Сашо Гигов е способен да обезбеди вокали, но јас ниту имав средства уште помалку енергија да го повикам, бидејќи секој што и малку е упатен во изведбите знае дека изведбата на песни е всушност најкомплексен процес и тука нема играчки, или нешто се изведува со срце или сè се ќумуросува. Донекаде успеав да го окуражам Љупчо Софрониевски (во својство на солист на гитара), со кого морав да поминам најмалку двенеделни припреми и енергетско синхронизирање, за да успеам да му ја претставам суптилната слика на замислата и мојот начин на свирење. Бидејќи кај нас не постои ентузијазам и енергија за жив настап (којшто излегува од доменот наречен тезга), уште помалку има некој што може да даде soul димензија, повторно морав вокалите сам да ги испорачам со мала помош на Господинот Софрониевски.

Како и да е, ја добив онаа фрагилна димензија на вокалот, обидувајки се да се вплеткувам во изведени фејд-ин-ови и фејд-аут-и. Тонската проба траеше една минута и резултатот е тој што го слушате. Овој жив албум е посветен за многу мал, безначаен процент софистицирана публика, и секаква комерцијализација и понатамошна дистрибуција воопшто не ме засега, уште помалку ми значи македонската публика. Сакав на овој наш јазик да пеам во секоја насока, мелодија, стил и да докажам дека не постои нов бран, туку љубов и висока енергија за нештата да функционираат, се надевам дека ќе има повеќемина што ќе се обидуваат во иднина, за да конечно прослушаме права музика, лишена од стерилност и патетични локални норми. Музика што ќе има повеќе поетска вибрантност и мелодичност, имагинативност и волшебност во себе.

Песните на овој албум се:
* Тврдина на сонцето (Софрониевски-Манчевски)
* Сонцето ми изгрева од запад (В. Манчевски)
* Воскреснувањето на Лејди Лудиела (В. Манчевски)
* Бегство од овој град (В. Манчевски)
* Сеедно е што си прав (В. Манчевски)
* Кафе револуција (В. Манчевски)

Благодарност до Ненад Трифуновски за обезбедената снимка.“

 

Волтер Мани Ал Хаким

 

 

„Кокино“ е албум на Волтер Мани Ал Хаким | 16 октомври 2017 | Балкан Велики

17.11.2017

Кога нешто доаѓа „со љубов од Русија“, особено доколку е насловено „Нељубов“, тогаш мора да му се посвети особено внимание. Но, својата особеност рускиот режисер ...

17.11.2017

Секоја чест за селекцијата „Гала премиера“ во киното „Милениум“, во чии рамки на „Синедејс“ можат да се видат новите остварувања на ѕверки како Акин, Ханеке, ...