Нашиот список на љубовта

кон „Пази што посакуваш“ од Норм Фостер, сцена Академија 28, Белград

[ ]

Пази што посакуваш“ од Норм Фостер, сцена Академија 28, Белград. Режија: Јана Маричиќ, продуцент: Андрија Милошевиќ, улоги: Александра Томиќ, Радован Вујовиќ и Александар Радојичиќ. 

 

Норм Фостер е респектабилен канадски драматичар кој својата кариера ја започнал како радио водетел за некаде во средината на осумдесеттите гдини на минатиот век да почнат да се препознаваат неговите пиеси кои со својот хуморен пристап го завртиле вниманието на канадската публика. „Списокот на љубовта“ е една од неговите пиеси чија атмосфера и теми многу се споредуваат со Нил Сајмон, кој се занимава со проблемите од секојдневниот живот многу често зачинети со апсурдни ситуации кои пак, од друга страна имаат една водвиљска динамика. Од неодамна, Норм Фостер има и свој фестивал на Св. Катерина во Онтарио кој е извонредно посетен со оглед на големата заинтересираност за неговите пиеси. „Пази што посакуваш“ е работена по мотиви на „Списокот на љубовта“, една од неговите најмаркантни пиеси и се занимава со големата желба на секој млад човек да ја добие совршената жена.

PŠŽ

Заплетот во овој текст помалку излегува од каноните на реализмот, но во еден сосема галантен начин и драматуршки многу мајсторски го повлекува вниманието на публиката. Имено, двајца триесет и пет годишни другари имаат сосема различни предрасуди околу жената и нејзиното присуство во нивниот живот, како сексуален, но и како животен партнер. Така, на самиот роденден на едниот од нив кој е прославен многу тивко (само со нив двајцата) тие почнуваат да го прават тој фамозен список на тоа што треба да има таа „совршена“ жена. Ноќта, на едниот од нив (другиот е веќе оженет) на вратата му тропа таа, совршената жена. И тука започнуваат сите перипетии, сите сомнабулни и вистински закачки и недоразбирања што ја чинат оваа претстава исклучително интересна. Ова камерна претстава импонира пред се со неверојатно имагинативната и духовита игра на сите тројца актери. Од аспект на публика многупати се чувствував исполнето кога во мојот видокруг не влегува прво режијата, а после се останато. Оваа претстава ме однесе во фантастичниот свет на актерското мајсторство за кое, да се разбереме, доаѓа секој еден во аудиториумот. Режијата на Јана Маричиќ не е невидлива, таа е ненаметлива и тука не може да стане збор за концепт. Овде може да се говори за податлив мизансцен кој без резерва мора да им служи на сите тројца исклучитално талентирани актери. Овде нема филозофски преместувања на дејствието и на сите други елементи, овде „едноставниот“ мизансцен станува драгоцен, а актерската експресија е само благородно надополнување на режијата.

Радован Вујовиќ филигрански го донесува ликот на младич кој е по малку фрустриран и меланхоличен и како таков не може љубовно и еротски да се реализира. Идејата да се „стори нешто“ во таа насока токму на неговиот триесет и петти роденден го раскршува овој лик и откако ќе се случи онаа фасцинантна промена во неговиот живот, откако ќе се појави таа отсекогаш посакувана жена, од него на еден духовит начин излегува „експлицитната“ машкост. Овој актер на сцената донсеува безброј интересни ситуации и имагинативни решенија кои навистина пленат. Неговиот лик е полн со една Фејдоовска динамика, но од друга страна тој се погрижил ликот во одредени деталји да има и своја психолошка изнијансираност како што се сцените на до крај исцртаната педанстност, сцените на грчевито задржување за девојката, како и сцените на изнајдување сосема апсурдни начини да се излезе од непријатните ситуации. Неговиот свет е свет на себеснаоѓање, без многу среќни околности, но како млад човек полн со енергија и со убавина која ја сокрива под очилата и под неговата повлеченост, тој оваа приказна успева да ја истера до среќен крај. Вујовиќ отвора страшно динамичка и имагинативна гама која не го остава гледачот рамнодушен. Ситуациите кои ги создава овој актер особено во деловите на самиот заплет изобилуваат со оригинални гегови достојни за респект.

PŠŽ2

Александар Радојичиќ игра лик кој е дијаметрално различен од оној на Вујовиќ. Неговиот хумор е поелегантен со оглед на тоа што тој на себе ја има онаа мачо глазура која неговиот другар не може да си ја дозволи. Сепак, кај Радојичиќ се работи за лик со друга провиниенција, а ситуациите кои ги раѓа неговиот животен стил се еден вид цреша на шлагот во целото дејствие во претставата. Со оглед на тоа што се работи за една здржана духовитост, овој лик Радојичиќ го пласира во еден лесен манир каде хуморните деталји се како последица од склопот на околности што тој ги наметнува. И тоа е интересно затоа што во оваа претстава се судираат два различни начини на комично изразување иако вкалапени во еден концепт. Ликот на млад човек кој е во еротска и љубовна смисла реализиран па сака безрезервно да му помогне на својот пријател и тоа токму на неговиот роденден се крши неколку пати, а најтежок е оној миг кога и тој останува сам разведувајќи се од својата сопруга. Овој актер прекршувањата во ликот ги одигрува навистина инвентивно, а хуморните делници совршено соодветствуваат со оние на неговиот партнер.

Александра Томиќ е посакуваната девојка, совршениот тип на жена за која се говориза целото време на дејствието. Оваа млада и убава актерка ја подава целата своја прелест на двајцата млади колеги и на нивните ликови. Духовита, интересна, елегантна и логична, оваа актерка со својата игра укажува на тоа дека совршеноста не се учи и не се стекнува. Таа е во сосема нормалните релации меѓу мажите и жените кои имаат разбирање за сите доблести и маани на својот партнер. Иако писателот многу умно го искомплицирал овој древен машко-женски проблем, Александра Томиќ успева со својата сјајна актерска експресија да го врати на почетокот – во флуидот меѓу машкиот и женскиот принцип. И двајцата машки примероци се збунети кога женскиот принцип се вовлекува неосетно во нивните животи и ги тера списокот на љубовта повеќе пати да го прекројуваат за на крајот сепак да дојдат до нејзното решение – љубовта и разбирањето. Оваа актерка не се наметнува со големи хуморни делници, но игра исклучително логично и животно, а нејзината убавина е повеќе од потребна во оваа претстава. Сјаен антипод на другите два лика.

 

PŠŽ3

Сите три актери кои ја водат оваа претстава кореспондираат со длабок, слоевит хумор. Нивните ситуации во заплетот не се елементарни, тие се добро смислени и одлично реализирани. Реторичкиот хумор е доста тежок залак за секој актер. Геговите се стапица во која може многу лесно да се влезе доколку нема фидбек од оној што им го подарил вниманието. Дотолку повеќе, овој по малку Шоовски хумор не останал само во репликите, тој по заслуга на овие тројца извонредно талентирани актери заживеал незаборавно на сцената.

Визуелниот момент во оваа продукција (вонинституционална) на Андрија Милошевиќ е, би рекол многу ненаметлив и така требало и да остане. Сценогафијата на Јована Граховац – Сујиќ која означува малечко станче во које живее младиот интелектуалец и спие на своите книги, а ѕидовите му се полни со плакати од музичари и филмови е составена токму од овие елементи кои ги посочив, а костимографијата на Ана Радојичиќ е ововременски casual и се состои од неколку костими. Сето ова е доста мобилно за оваа претстава да може да ја види што повеќе публика. Кога ќе побарате онлајн ќе видите дека имала исклучително голем успех. „Пази што посакуваш“ е одиграна скоро во сите градови во Србија, а ја гледала и дијаспората во многу земји во светот.

Искрено, овој фантастичен фуриозо за тројца актери, една закачалка и кауч направен од книги, ми го исполни и духот и очекувањата. Ваквите претстави многу ме потсетуваат на тоа дека колку и да се комплицира, театарската уметност е сепак актер и публика, есенцијална премиса која сите тројца одлично ја разбираат и делуваат феноменално.

 


 

 

Апотеза на моралната дисторзија
кон „Мизантроп“ во продукција на Комеди Франсез

05.08.2018

режија: Клемен Ервиен Лежер главни улоги: Лои Корбери, Аделин Дерми, Ерик Женовезе, Џенифер Декер, Серж Бадасариан и Флоренс Виала   „Мизантроп“, најзагадочната пиеса на Молиер, ...

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...