Промоција на Шарлагедон

Ла Кања | 7 јули 2017 | 21:00

[ ]

Шарлагедон или SharlaGetOn? Изберете страна и влезете во својата историска капсула, правец надоле или нагоре, сеедно. Еве музика за по пат.

SGO
Шарлагедон/SharlaGetOn е компилациски зафат на незвисниот музички лејбл Шарла, пресек на работата на 10 современи МК бендови и артисти кои последниве три и пол години ја навигираа ракетата на нашата и ваша музичка радост.
По тој повод, ве каниме на слушачка промоција, ракувања со авторите и по некој милозвучно пијан допир на чаши во чест на овие тајни херои на измаченото македонско секојдневие. Ќе слушаме музика од шарлиниот џубокс, ќе гледаме фотки од нејзината девојачка фиока, а можно е и едно пријатно видео изненадување. Облечете музика, и Зиги ќе дојде.

19.04.2018

„Кралот на Бетајнова“ режија: Милан Нешковиќ, улоги: Ненад Јездиќ, Војин Ќетковиќ, Никола Ракочевиќ, Милена Живановиќ, Анѓелка Симиќ, Небојша Миловановиќ, Михајло Јанкетиќ, Мина Обрадовиќ   Цанкар ...

09.04.2018

Трите термини на големите холивудски студија за пласирање на своите нови блокбастери се Велигденските празници, летото и Божиќните и Новогодишните празници. Првиот од нив мајсторски ...