Alice BrightSky

Lover’s Fate

„Jeff Buckley ја среќава Alanis Morrisette. Мелодични фолк-рок песни за посакувањето, чекањето, копнежот и заминувањето.“ – гласи скромната самопромоција на Alice BrightSky на нејзината официјална Bandcamp страница. Ќе беше во право да ова не е малку повеќе од „уште една пејачка-кантавторка која пее за љубовните саботажи“.

ABS

 

Под притисок на долгогодишното хистерично медиумско хајпување на фолк-рокот, од град кој од година в година има сé помалку жители – Сасекс/Њу Џерзи, Елис заминува за Њу Јорк со единствена намера – да ѝ се посвети на музиката. Во паузите помеѓу грижата за нејзините две деца, Елис влетува во комбинации со голем број њујоршки музичари за да на крај се одлучи за соло кариера. По дебитанскиот Box of Me во 2013, ова е нејзино прво официјално ЕП издание, и тоа за нашата дискографска работилница Филтер. Редефинирани easy listening ноти, мид-темпо димензионирана фолк еклектика, пратечкиот вокал на Elizabeth Grant (за вас позната како Lana Del Rey) и грст автоиронични лирики густо сместени во 6 ненападливо интимни песни, полни со самодоверба која лепи – е она што ве очекува на Lover’s Fate. Déjà vu звук но сосема суптилно сработен со женски мадиња. Препорачано.

Саша Павловиќ | Коза Ностра 4 | 15 октомври 2015

Апотеза на моралната дисторзија
кон „Мизантроп“ во продукција на Комеди Франсез

05.08.2018

режија: Клемен Ервиен Лежер главни улоги: Лои Корбери, Аделин Дерми, Ерик Женовезе, Џенифер Декер, Серж Бадасариан и Флоренс Виала   „Мизантроп“, најзагадочната пиеса на Молиер, ...

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...