Математичари, потребни ни се математичари

Од „Таинствените списи на древната Фиромеја”

[ ]

Врнеше цела ноќ, неколку овенати листови правеа сенки врз единствената преостаната книга, насловена како: „Како да запрашаш и да го добиеш тоа што најмногу го посакуваш“. Прилично долг наслов за една книга, помисли. Всушност, насловот ја открива книгата, а таа веднаш го натера на размислување: што е тоа што тој најмногу го сака? Никогаш не се запрашал – што е тоа што најмногу го сака. Тука впрочем лежеше најголемата тајна, дали некој воопште знае „што е тоа што најмногу го сака“? Голем знак прашалник? Дали е тоа лебдеењето над клисурите или лет над Гватемала со двокрилец, пливањето во опасните води на Јужна Африка? Или едноставно расказите на неколкумина пријатели, нивните толкувања на состојбите-политиките.

 

sh4

 

Беше на еден прием со еден пријател, овој му говореше за најновите достигнувања, сепак тоа го проследи со некаква инертност. Ја зеде и полека ја отвори книгата, прочита на глас: ТИ ГИ ГОВОРАМ МИСЛИТЕ И ТИ ВЕЛАМ БЛАГОДАРАМ! МЕ ПРЕЈДЕ, МЕ УБИ СО МИЛОСРДИЈЕ… Ја затвори книгата. Застана пред застаклениот ѕид и погледна кон градскиот часовник, беше точно 22:21. Повторно ја отвори книгата, овојпат ѕирна меѓу страниците: ЗЕМИ МЕ МЛАДОСТ, И ПРЕНЕСИ МЕ ПРЕКУ РЕКАТА! Вито се почувствува како некаков кататоничен пес, сосема заскитано, небаре е предмет на загадочна конспирација – како да беше гонет од некаква ултра мрежа на луѓе со исчашени умови, секта која се обидува на секој начин да му ја украде силата. Сакаше да побегне на некое место кадешто надежта последна умира, далеку од сенките на ноќта, кадешто свири смирувачка пладневна музика како на гробје, да биде тивко како на гробје. Врнеше, па утредента се појави Сонце, па падна снег и на крајот од денот повторно Сонце. Како некаква чудесна трансмутација, генерирање на волшепствата врз умствениот спектар. Колку повеќе ја гледаше книгата толку повеќе запаѓаше во кинетичка дремка и празноверието се лизна во стварност. А што ќе му беше стварноста ако не постоеше нестварноста?

Утрово го разбуди еден пријател, Грицко со бабурастиот црвен нос и портакаловите веѓи, две ситни сиви очи и раст на џуџе. Грицко разнесуваше рекламни ливчиња по населбата и за тоа добиваше 100 денари дневно. Иако мал по раст, Грицко патеше од акутна депресија, па од време на време му се појавуваше на врата за да се згрее во ладните утра. Му паѓаше нешто како далечен роднина, внук на Венка Дурловска, градоначалничката на Пинтија или Серава? Не се сеќаваше повеќе ниту самиот. Во неговиот дом знаеа да се првтат безброј накази, одметници и пробисвети, Грицко дури и го засмејуваше со неговите теории и заплети. За воља на вистината, Грицко му се појавуваше само за време на зимскиот период, а през летата тој патуваше во туристичките места и се облекуваше како џуџе-кловн, забавувајќи ги странските туристи со Тони Штркот, притоа обидувајќи се да дојде до некаква заработка. Најинтересно беше што Грицко имаше уште четворица браќа, сите беа повисоки од него, високи како тополи и глупи како ќурки. Иако и ќурките имаа некаков дигнитет за разлика од браќата на Грицко, кои што освен височина немаа никаква посебна особеност на себе. Грицко пак, од друга страна беше навистина нежна и софистицирана душа, филозофски насочен повеќе кон духовната мисла. Имаше чувство дека Грицко всушност е прастариот Николас Фламел, алхемичар роден во средината на 13-от век, за него се говореше дека го пронашол каменот на филозофите и се стекнал со бесмртност. Па така му се гледаше и Грицко, како некаква реинкарнација на Фламел, неговата физиономија, неговите кадрави руси коси, стомачето што на чуден начин му започнуваше од папокот – зелените, скоро шашливи очи и сите оние смешни шапки што Грицко секојдневно уредно ги менуваше, под уши над уши, шапките секогаш беа различни. Вито проѕевајќисе се насмеа, стана и одбра една стара плоча, некојси Волтер Мани Ал Хаким, набргу го потпевнуваше рефренот: „Заробен во оваа луда земја, секојдневно собираш трошки…“.

 

Отсекогаш сум се прашувал зошто во нас постои страв? Нели требаше да живееме вечно? Да освојуваме нови пространства и граници, final frontiers… Требаше да се подготвуваме за интергалактички летови – квантум скокови? Што стана со нашиот оптимизам? Каде исчезна? Некаде помеѓу купената кифла и тоалетот, зарем толку остана од етосот што ни го продаваа? Дека сите ќе бидеме ковачи на нашата судбина, за нашата посебност и незаменливост? Што не прејде по пат?
Ете ти си настинал Грицко, секојдневно се измачуваш со овие глупави и ситни работи, старееш а надежта секојдневно истекува од твоите очи, немаш ниту каде да живееш. Од друга страна, денеска имаме ѕверови што поседуваат по неколку згради? И згора на сето тоа треба да покажуваме почит кон тие свињи! А ти не можеш да извадиш ниту за кифла? Што си скривил ти! Почекај да ти пуштам нешто на грамофон.

Ta tvoja barka mala, što pusta na sve strane
Ja sam je brodom zvala, ja sam je brodom zvala
Ja sam je…

Љупка Димитровска? Оф, да, супер е Љупка. Знаеш, на мигови помислувам дека цел свет е затрупан со информации, како во кал. Еднаш купив едни скапи наочари. Ги видов во еден американски фришоп и цел месец собирав пари, откако ги пробав. Имаа пилотско стакло и сите оние референци за заштита на видот. Бев навистина горд на нив, па дури и легнував со нив. Сеедно, не минаа ниту две недели а јас се најдов во оноа езеро – Дојран. Лежев на плажата и сонував или читав некоја новела, нешто…

И?

И… во еден миг решив да се искапам, нормално со очилата на себе. Знаеш она, како американец со очила на себе. Влегов во калта и ми требаше добри пет минути да стигнам до длабочина на колковите, во еден миг дувна ветер и очилата едноставно испаднаа од мојата глава. Ги гледав како тонат, посегајќи по нив помислив дека ќе ги фатам но тие едноставно исчезнаа. Се закопаа во тој глиб и колку повеќе ронев и ги барав толку повеќе ги закопував, никогаш не ги пронајдов… Така е тоа и со животот, го добиваш па неповратно го губиш, си го добил непосакувајќи го. Некој решил да си игра маж и жена и се појавуваш ти како продукт на интеракцијата на телата или органите ако повеќе ти се допаѓа. Знаеш што е најчудното од сè?

Што?

Си приметил ли дека никој во високоразвиените земји не се размножува? Насекаде на планетава се размножуваат очајници, луѓе коишто едноставно немаат што да јадат а не да купат некакви пилотски наочари. Зошто е тоа така? Сите оние совршени гени не се репродуцираат туку го препуштаат овој свет на немилосрдноста на губавците, недозреаните и импотентните гугутки. И после се чудат зошто има толку омраза. И знаеш ли дека ми се гади?

Од што?

Од ништо! Од сè што подразбира еволуција-напредок, од секој нов чекор во цивилизацијата, од сите луѓе на светов! Сакам животни, но истите не знаат да ми раскажуваат нешта…

Какви нешта?

Па такви, нешта што имаат боженствена природа, слатки нешта како “tres leches” или што знам шампањ ала Ponsarden? Па не знам какви нешта такви? Погледна со замислен поглед кон Жилберт, но всушност погледот му беше вперен во позадината, петнаесет степени хоризонтално од главата на Жилберт веднаш до прозорот. Што имаше таму? Во таа таинствена и темна слика?

Што гледаш? Како да си отсутен, не е дека размислуваш дека е ова “black mirror”! Обична апстракција бе, колку понесносно толку понеподнесливо. Никој нема време да се занимава со грдотијата. Таа се доживува како некаков херметичен состав, во најдобар случај. Но, иако сите знаеме дека „грдото е грдо“ измислуваме начини на кои ќе можеме да ја разубавиме грдотијата на… Сега Жилберт стана и решително изговори: На убавината. Излезе надвор од собата во холот, зграпчи една темномаслинеста јакна, ја наметна на себе, застана пред влезното огледало. И на глас: АЈДЕ, ВРЕМЕ Е ДА ВИДИМЕ ДАЛИ СВЕТОТ СÈ УШТЕ СЕ ВРТИ!!! Веќе беа на улица, заминувајќи го драгсторот Јети. Од излогот се смевуркаше Ирена Валева, ќерката на Вања Валева, директорката на шумското претпријатие „Гранка“, кога го примети – истрча мавтајќи кон Жилберт, застанаа како во стоп-кадар закопани, таа со рацете а тој со нозете.

sh2

Еј?!

Ехеј.

Да, за сето време размислувам на тебе, знаеш оној имот?
А оној, клетиот! Земете сè! Ја сакате мојата титула?
Не, не, х-х-х… Знаете, вашата сестра Вилче, па зетот, хм… па оној… не, не вашата титула, а имате ли? Титула.
Да. Приор од Кадрифаково! Титула… Што со неа? И онака трамвајот ја напушта последната станица.
Трамвајот Наречен Желба?
?
Не! Магарето наречено песна! Одам кон старо маало, сакаш по пат некој збор да вкрстиш со мене?

Тргнаа кон централниот дел од градот, некој град некаде, како да се работеше за еден од невидливите градови на Итало, Итало Калвино. Се симнаа од страната на кејот и продолжија долж мостовите. Пред нив се наѕираа некакви скали, полни со смет, човечки смет. Откако се искачија на површината пред нив беше една темна, трошна, но сепак буржоаска дефиниција за пристоен објект. Ги чекаше Рудолф Самарџијата, внукот на Фидан самарџијата. Фидан беше приор во Демир Хисар, се грижеше претежно за нивите и овците, но тоа не го спречи да напредува – напротив, тој стана и хроничар, некаков историограф, истражувач на времињата, минатите и идни. Рудолф учтиво се насмеа, беше слаб како даска, сепак висок и подбраден, со коса бела, иако немаше повеќе од четириесет години. Неговото лице зрачеше со мудрост, скитничка мудрост, суицидална мудрост, скоро филозофска мудрост.

Ти ги оставив оние работи пред врата… – отсутно примети Жилберт: Глупости, некакви глупости… Но ти ги збираш, тоа е како некаков начин на криптирање, комуникација со минатиот век, и тоа е прекрасно! Прекрасно.
Да… минатиот век… тоа е нешто како “keepers of the gate”, нели? Погледнува со наивитет на мало дете кон Жилберт, тој пак се обидува да не слуша, иако прашањето му е однапред познато. Жилберт со резигнација гледа кон реката, сите мечти му атрофираат, но тој продолжува во меѓувремето и меѓупросторот.

Замисли дека треба да напишеш новела? – се врти кон Грицко. Грицко веќе се чудеше како Жилберт живее, тој имаше високо мислење за Жилберт. Но, Жилберт говореше со секој скитник? Со секој уличар? Тоа го вознемируваше Грицко, неговото тело потона до процепот меѓу ѕидините и куќата. Жилберт продолжи, овојпат посмирено, со некаква жега во гласот:
Што ако не знаеме… што ако не постои воспитувач? Некаков инструмент на системот? Информатор кој се извлекува на моменталната состојба? Тој е како некој метереолог, раскажува приказни на мигот. Не размислува, чита, неговиот глас трае додека одат вестите.

Значи, ете на пример сакаш да напишеш новела или роман и тргнуваш од една помисла, некаква квинтесенција, брилијантна точка. Јота која што ја мастилавиш на еден лист хартија. Ја отвораш описно и за цело време пролетуваш со мислите. Еден карактер е поставен, па следи дека истиот се движи околу твојата лична перцепција на нештата и како ти го толкуваш твојот свет. Твојот свет обично ќе има допирни точки со световите на луѓето, и така романот започнува да се отплеткува низ нијанси на случки, авантури и размисли, слично на самиот живот.
Никогаш не сум пишувал – го прекинува Рудолф.
Па не си, тоа и не е некоја голема трагедија, секој пишува така како што најубаво знае, што би рекол Борхес. А кој пак знае за него? Ти си слушнал за него?
Не.
А зошто би знаел за него, живееш во центарот на оваа смрдност Скопје, за цело време те понижуваат и измислуваат некакви урбанистички планови. Шупци! Не ги обвинувам шиптарите, тие многу добро знаат што прават со вакви педерасти, педерасти – не гееви, тие се супер. Педерасти се ова! Изметот им е приоритетна потреба. Геевите имаат некаков интимен гнев, страст којашто оддава човечност, ова се педерсати! Туку зошто ме повика? Сеедно, право уживање е за мене кога те посетувам овдека покрај коритово, рекава којашто час ја има – час ја нема.

Ја познаваш ли Чавкова Елизабета? Велат дека ти е тетка или така нешто?
Хм, да ја познавам сега глуми рисјанка заробена во материјалниот свет, има неколку згради наоколу. Го има и мојот живот, цело време се плетка во несреќи за кои и самата не е свесна. Некој ја уверил дека материјалната добивка е единственото нешто што го мери човекот, мислам дека ќе се убие, а можеби и мене? Ме тужи на суд за некое ситно наследство од триесеттина квадратни метри и не може да разбере што прави. Што е со неа?

Па, токму таа го минира маалото и ги носи наказите и инвеститорите кон нас да нè сардисаат. Размислуваме да ја убиеме…

Навистина? Да ја убиете? Па таа не ни знае дека е мртва, генот што почива во неа е сатански. Ама тоа не се сатанските стихови на Салмон Ружди, туку стиховите на нашиот Ружди, таксистот.

Ирена Валева ги крена ушите како да слуша некоја загадочна мистерија. Една од оние од кои се крева косата на главата. Луѓе со четири прсти, црната рака и сите останати, мистично езотерични секти што егзекутираат немилосрдно. Жилберт влезе во старата зграда, па се протна под басамаците и отвори еден дрвен капак и се протна во отворот што беше доволен да мине дете или некое џуџе. Се спушти на подот, внатре гореа неколку светла, пред него се отвори голема хала, источниот дел беше сиот во фреско-стил, насликан со апстракни ликови коишто можеби ќе беа препознаени во умот на надреалистите или патниците во темницата. Сепак, две светла беа вперени кон муралот како потсетник на времето или шегата на маалските опиоидни дејствија, знаци на времето, илузијата на мислата и телата што кинисуваат на долг пат. Жилберт застана пред ѕидот и клекна на колена како испијанет. Му беше мака од животот којшто не можеше да застане, од гревовите што не беа лични, туку кармичко следствени. Надвор од тој простор стоеа сите маалски ликови. Ирена возбудено им раскажуваше на останатите за некаков бал, маскенбал, илузија што некој добротвор ја спремал во кањонот на Матка, во кајчиња со бакли, до пештерата, до голоста на рожбата. Никој повеќе не веруваше во нејзините изопачености, сите чекаа да се врати Жилберт и да им соопшти што да прават. Да убиваат или да сонуваат. Во куќата имаше сè што со години го трупаа маалските семејства, од телевизиски екрани, мелници за кафе, светлечки икони, стари детски играчки па до колекции од шноли, безопасни и пластични витлери за коса од шеесеттите на дваесеттиот век.

Кому е потребно ова? – запраша Жилберт со индигнација. Трепна со очите па крена една кутија полна со ситници и џамлии. Како сакате да се бориме против окупаторите и нивните грозни навики? Како сакате да влеземе во Министерството за внатрешни работи и да го контролираме сиот пазар на наркотици? Вие заедно со циганите го контролирате најнискиот слој на оваа семи-држава. Оние изнемоштени богоутепани македонци коишто би работеле за стотина евра, коишто и онака не знаат дали животот е пародија или некаква несносна шега. Сакате сега да се организирате против капиталистичкиве копуци, да се кренете против администрацијата? Администрација? Ма не е тоа соодветен збор, калакурница е ова и единствено албанците може да ја седнат на скут, тие имаат обука во стариот завет. Тепале некоја полицајка? Супер, така и треба. Лебот се заработува тешко, а униформата знае да донесе келешки бенефиции. Што мислела кога се пријавила во службата, дека е на чичко и? Како оној, како го нарекуваа Катакомбино?

Кој? – заинтересирано им се доближи Ирена. Сега во просторот имаше попис од неколку работи:
1 олтар поставен кон западната страна, со икони на поп ѕвезди, наликуваше на оние стари црквени оргули со долги ќунци што се преплеткуваат и исчезнуваат во таванот.
2. Линолеумски плочки коишто оформуваат шаховска табла.
3. Дрвена говорница изрезбана во еклектички стил.
4. Една Библија (која што и не беше Библија)

Халата немаше простор за вентилациа и од неа се одвојуваа мали тунелчиња коишто веројатно водеа надвор од објектот. Ирена внимателно го вкопа погледот во мракот чувствувајќи го здивот на влагата. Еден од групата се обидуваше да запали цигара, таа примети дека човекот нема нос, очите му беа свенати, а устата накривена. Се потпираше на една од оние социјални штаки. Имаше нешто патoлошко во неговото движење. Се сети на една новела од К. Р. Сафон: Сенката на ветрот, таму имаше сличен лик – Лаин Кубер, сиот обезличен и гневен како овој што кривеше и за сето време молчеше меѓу нив. Го претставија како Ване хирургот. Ване настрадал во некоја фабрика за производство на кошули на свои деветнаесет години кај некој капиталистички опинок од Демир Хисар. Ја загубил единствената љубов од жолтица што таа ја добила во некоја евтина забарска ординација, а тој самиот се повредил на некоја машина којашто предизвикала пожар во фабриката. Решил повеќе никогаш да не работи и да убива луѓе, македонски богаташи. Тоа го правел многу вешто, со змијска ладнокрвност и со брзина на оса. Негова специјалност била вадење на срца. Ги вадел со таква брзина што жртвата сè уште жива се соочувала со сопственото срце. Жилберт му се поклони и му бакна рака. Ване имаше насекаде јатаци, кај албанците, ромите, а посебно уживаше респект кај турската популација која на него гледаше како на праведник – судија наместо судијата. Кога некој ќе се соочеше со некаква неправда од страна на системот го повикуваа него – Ване хирургот. Тој испушти магловит здив, шепотејќи: Кааатаааа-ком-би-но… – сите се погледнаа меѓусебно.

Катакомбино… – намќоресто примети Жилберт, па застана веднаш над говорницата. Набргу сите преостанати влегоа во просторијата. Сите врати во шкрипот се затворија. Жилберт продолжи со отсутна замисленост – тој е единствениот наследник на Љатиф кондураџијата, македонец од едно струшко село, не се сеќавам на името. Катакомбино е неговиот псевдоним. Тој беше еден од најозлогласените удбаши за времето на југословенскиот експеримент. Знаеше да ги врзува жртвите за френулумите и по нив да свири со макази, доколку се работеше за веќе обрежани тој посегнуваше по нивните тестиси. Хм… Жртвата и онака немала голем избор, без разлика дали се работело за муслиман, евреин или рисјанин. Жртвите го нарекоа Катакомбино бидејќи го биеше глас дека секојдневно влегувал токму во овие тунели кои водат во длабочините на подземниот град и излегуваат се до Скопското кале, никој со точност не знае колкава е распосланата мрежа на тој загадочен подземен град.

Тајната ја знаеме само ние. Познати како дружината на сенките. Ние сме одговорни за сите нерешени убиства и егзекуции над сите забегани политички фактори и феудалци во земјава. А овој господин, за момент го вкопа погледот кон Ване, е нашиот идеолог и распоредувач на задачи. Сите ние сме со децении заглавени во овој град и онеправдано дисквалификувани од разните пипци на октоподот наречен држава. Арно, но таа држава е скроена само за една те иста багра – си се насмеа во себе, додека говореше во истовреме му текна на еден извештај од пациентот Г, од Др. Шпалев. Вушност се работеше за сказна од некој измислен доктор, веројатно и за измислен пациент. Па сказната почна да му се одмотува во умот.

sh1

15 април 1999

Пациентот Г. е воглавно добро. За сето време говори за некаков вселенски договор, во кој се обврзал да ја штити планетава од сенки? Кога го запрашав за какви сенки се работи, тој отсутно ми одговори: „Се работи за сенки коишто вие не можете да ги видите“. На моето прашање – „Како изгледаат?“, тој само заниша со главата и ги затвори очите. Оттпрвин помислив дека размислува, но тој едноставно ја мина сеансата со затворени очи. Следниот ден го затекнав во истата положба, повторно со затворени очи. Се искашлав и тој ги отвори очите.

Добро ли сте?
Секако, секако. Размислувам…
Размислувате? За што? Сè е веќе измислено. Не се измачувајте.
Размислувам за… – повторно ги затвори очите. Ги отвори и вознемирено изјави – „Размислувам како да ги раскажам сништата? А тие траат додека дишам. И кога не дишам тие повторно се појавуваат, бидејќи сè уште ги отворам очите и гледам еден ист свет…“
Пациентот Г, едноставно не престануваше со констатации коишто во стварноста немаа релација со вистинскиот живот. А што беше животот? На ова прашање немаше никој прецизен одговор, уште помалку Др. Шпалев.

Дали во последно време имате проблеми со варењето? – пациентот бегло се заниша. Во просторијата недостасуваше кислород. Неколку птици колвеа трошки, коишто веројатно пациентот ги оставал под прозорецот веднаш до излезната врата од балконот, завесата беше за цело време спуштена.
Не. Немам бидејќи не јадам.

Забелешка бр. 2: Пациентот Г. одбива да јаде. Не се жали на ништо и има уредна столица. Покажува знаци на смиреност, иако препишаните медикаменти не ги консумира? Помалку сум загрижен од оваа ноншалантна смиреност.

17 април 1999

Денеска пациентот Г. јадеше супа, беше расположен, па дури и постави едно филозофско прашање: Што ќе станело ако престанал да дише? Го сместив во една поголема када во којашто непрестано ја менував температурата. Разговаравме цели 45 минути. Пациентот Г. не се пожали на ништо. Тој за цело време уживаше, или тоа така вешто го глумеше?. Сепак на самиот крај од сеансата даде примедба дека водата требало да има константна тепература од 37 целзиусови. Му ветив дека следниот пат ќе се погрижам за одржувањето на температурата. Во меѓувреме се појави неговиот роднина. Тој исто така примети дека кај пациентот Г. има позитивни промени.

19 април 1999

Ова утро пациентот Г. ја напушти институцијата во којашто престојуваше, тој е во загрижувачки добра кондиција, а јас во себе чувствувам некаква зла тага. Пациентот Г. ми влезе во срце. Мислам дека ќе ми недостасува. За неговото ослободување потпиша неговата сопруга Г. Чудно и автомобилот со којшто заминаа почнуваше со името Г.? А кога тргнаа, приметив дека и таблата со регистерски број беше: Г-19-04-1999. Како и да е, пациентот Г. никогаш повеќе не го видов. Беше некој вонсезонски ден, ниту зиме – ниту пролет, уште помалку лето или есен. Сепак откако измина еден месец добив писмо од Господинот Г.

Почитуван Др. Шпалев, счучулен сум до еден мртов глушец, му го галам опавчето додека ви пишувам размислувајќи, си мислам – и никако да престанам. Штотуку дознав дека Кумулина (првиот клониран глушец во светот) починал од старост. Умрел спиејќи минатиот петок од природна смрт. На возраст од две години, седум месеци, живеел околу седум месеци над просекот. Тоа одговарало на 95-годишна возраст, ако споредиме со човечкиот век. Простете но: Je n’existe pas, не постојам? Јас сум туѓа среќа, како некаков емитер на мисли, молекуларна дисперзија можеби? Исечок од весник: збор изваден од контекст – микроскопска честичка или едноставно за сето време патам од некаква делузија? Не е важно. Тетрахимена термофила таа постои во 7 различни полови (типови на парење) кои можат да се репродуцираат во 21 различна комбинација, а еден тетрахимен не може да се репродуцира сексуално со себе. Секој организам самиот „одлучува“ кој пол ќе стане за време на парењето, преку стохастичен процес, зарем не е тоа прекрасно? Верувате ли во надеж Др. Шпалев? Зошто и покрај сето богатство се чувствувам толку сиромашно и мизерно… И додека мислите ми течат како вода на кладенец и сништата ми се тркалаат како огледалата од Соларис на Станислав Лем, се прашувам дали сум научник или продукт на негативните ентитети што го загадуваат овој простор на тетрахимената – некаков прокреат на злодела коишто не постојат и немаат смисла. Комфорно разголен на еден имот којшто не ми припаѓа, во исчекувањето на третата светска војна. Обидувајќи се да пресметам математички колку е потребно да стигне еден зрак од Венера до Земјата? Колку? Господине Шпалев? Колку… И дали е подобро овој свет да има поголем број на математичари од уметници, занаетчии од доктори, детали докторе, детали… Кој ќе ги истражува сите ситници на човечката егзистенција – пишаниот збор – чувствата – капиталот – генезата – постоењето – интересот – маснотијата на црниот дроб-опседнатоста со микро димензиите со макро стресовите. Отсјајот на Месечината, нејзиното влијание врз водите во нас? Псевдонауката и науката-алхемијата-хемијата-астрономијата-астрологијата? Дали да напишам книга? Што со неа? Кому би му помогнала? Дали моето его ќе биде задоволено, како истото да го убијам? Зошто човечкиот живот би требало да биде продолжен? Нови органи, нов Рим? Точки и запирки? Фаворизирани нации – идоли – византијци – македонци – евреи – ариевци и служби за обезбедување на артефактите, e-bay трговија? Ентитети што никнат од никаде и треба да преживеат за да се задоволат неколку бирократски флоскули. Чаролии од чара -грчкиот збор за среќа, сепак од индијскиот чарас, значејќи некој што пуши хашиш, што си го мати умот-очаран-зачаран-круг-нула. Брилијантно, зарем не? Докторе? Брилијантно опивање и заспивање, сонување на крајот од ноќта. Ви останав должен едно објаснување, а можеби и две. Математичари, потребни ни се математичари.

Have you tried love for change?

04.06.2018

Тумороид… Што претставува тумороидот? Некаква надеж? Проекција на нечие тело во иднината или тоа е едноставно слеп патник што присуствува на скопска свадба? (забрането ми ...

Политиката како дијалог на глуви или лоши судбински проценки
кон „Брегот на Утопија“ Бродолом

04.06.2018

Кон вториот дел од трилогијата на Том Стопард „Брегот на Утопија“ (Бродолом); режија: Алексеј Бородин, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Нели Уварова, Алексеј Мјасников, Евгениј ...