"Ние сме отпорот"

на 5 минути со… Elrind Hoxha од Tajçido

[ ]

Tajcido

 

Кои се Tajçido и за што се застапуваат?
Tajçido е бенд од Албанија кој се оформи пред само две години, но поединечно се обидувавме многу години на различни проекти кои се однесуваат на алтернативнита музичка сцена во Албанија. Имаме еден албум – Tajçido, издаден за PMG Recordings во Македонија и PMG Tirona во Албанија, што е, исто така, првиот алтернативен албум издаден од албанска дискографска куќа. Членовите на бендот се: Bledi Boraku на гитара и тапани, Franci Kurti на бас гитара и Elrind Hoxha на гитара и тапани. Бендот, кој е истовремено некако нов и стар, во моментов снима и нов ЕП, доста различен од првиот албум, но сé уште го држи својот печат на секој стих и звук.

Колку е тешко (или лесно) да се сними и реализира инди-албум во Албанија?
Имавме потешкотии поради фактот што албумот го снимивме сами, но во исто време може да се каже дека е лесно, поради доброто искуство што го имавме едни со други. И резултатот, каков што треба да е, прави сé да е вредно и повеќе од тоа.

Како е вашата музика прифатена таму, дали имате публика?
Музиката е релативно нова за Албанија, луѓето можеби го слушнале делумно и од некои други проекти, но албумот е прв завршен професионален проект, кој го претставува инди-рок жанрот кај нас. Публиката реагираше прилично добро на денот на промоција и сега имаме своја публика. Таа можеби не е голема, но за нас таа е драгоцена, а исто така и расте секојдневно.

Кои се вашите влијанија?
Да зборувам за влијанијата ќе треба да се вратам многу многу години наназад, и да споменам различни бендови од повеќе жанрови, но ако треба да ги сумирам би било тоа главно панк рок, инди, нов бран, пост панк, краут рок, диско и електроника.

Како е да се биде во група и кои се вашите амбиции со музиката?
И покрај тоа што Албанија е мало место со ограничени опции и минимална музичка култура, тоа нè тера да сакаме да направиме повеќе, и не само за нас туку и за просперитетот на алтернативната музичка сцена во нашата земја. “Ние сме отпорот” и се надеваме дека ќе им дадеме сила на оние кои што ќе дојдат после нас.

 

албумот на Tajçido можете слободно да го преземете на официјалната страница на PMG Recordings

1959: годината која го промени Џезот

17.06.2017

Вечерва со возбуда изгледав еден прекрасен шеесетминутен документарец насловен „1959: годината која го промени Џезот“, телевизиски проект од 2009 година на режисерот Пол Бернајс кој, ...

13.06.2017

Во најавата за претставата „Експеримент” стои: „Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира ...