Ракетамагазин

Надвор од умот [Критика 029]

 

RM_NOU

1 The Idol Is Coming 03:28
Автор: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Усна армоника: Гони Жанроски / Тапани: Борис Георгиев – Бут

2 Надвор од умот 03:33
Автор: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Ирена Кавкалевска / Тапани: Борис Георгиев – Бут / Гитара и бас: Ѓокица Зафировски – Џоле / Саксофон: Гони Жанроски

3 Blue Moon 03:53
Автор: Richard Rodgers, Lorenz Hart / Обработка: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Мирослав Тодоровски – Мирко / Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Тапани: Борис Георгиев – Бут

4 That’s Alright My Mama 03:02
Автор: Arthur Crudup / Обработка: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Мирослав Тодоровски – Мирко / Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Тапани: Борис Георгиев – Бут

5 Where Do The King’s Sun Come From 01:24
Автор: Ruth Bachelor, Bob Roberts / Обработка: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Мирослав Тодоровски – Мирко / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле

Внатре во умот 02:08
Автор: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Бас: Ѓокица Зафировски – Џоле / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле

7 FX 00:21
Автор: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле

8 Mystery Train 02:38
Автор: Junior Parker / Обработка: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Мирослав Тодоровски – Мирко / Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Тапани: Борис Георгиев – Бут

9 Ghosts Love Themselves 01:01
Автор: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Мирослав Тодоровски – Мирко / Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Тапани: Борис Георгиев – Бут

10 Big Sister’s Sister 03:01
Автор: Doc Pomus, Mort Shuman / Обработка: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Мирослав Тодоровски – Мирко / Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Тапани: Борис Георгиев – Бут

11 Wild Boosting 03:00
Автор: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Тапани: Борис Георгиев – Бут

12 Japanese Moon 01:36
Автор: Richard Rodgers, Lorenz Hart / Обработка: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Мирослав Тодоровски – Мирко / Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Тапани: Борис Георгиев – Бут

13 Little Sister 02:39
Автор: Doc Pomus, Mort Shuman / Обработка: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Мирослав Тодоровски – Мирко / Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Тапани: Борис Георгиев – Бут / Придружни вокали: Мирослав Тодоровски – Мирко, Васил Христов – Вуси, Ѓокица Зафировски – Џоле

14 I Love You 03:41
Автор: Leon Payne / Обработка: Ѓокица Зафировски / Аранжман: Ракетамагазин
Вокал: Мирослав Тодоровски – Мирко / Бас: Васил Христов – Вуси / Гитара: Ѓокица Зафировски – Џоле / Тапани: Борис Георгиев – Бут

 

Снимено во „Аудио Лаб Студио”, Скопје, април 1991
Тон снимател и мастер микс: Тоше Поп Симонов
Продуцент: Ѓокица Зафировски – Џоле
Омот дизајн: Ѓокица Зафировски – Џоле

free download @ kritika bandcamp

 

 

Од авторот Ѓокица Зафировски

Албумот „Надвор од умот” е создаден како наменска музика за истоимената претстава, премиерно изведена 6-ти мај 1991 во Македонскиот народен театар во Скопје, од текст и во режија на Васил Христов.

Како дојде до оваа соработка помеѓу Васил Христов и Ѓокица Зафировски? Тематиката на текстот за претставата црпеше инспирација и се движеше во водите на рокенролот, поточно до изворот на бунтовништвото како причина и идолопоклонството како последица на овој музички феномен зачнат во минатиот век. Со цел да го долови автентичниот звук од прапочетокот на жанрот, Васил се обрати до добрите познавачи и изведувачи на овој стил и звук од 50-тите, скопскиот Chuck Berry Band, познат по своите клупски свирки и луди забави по градските станови и покриви кои завршуваа со милициски фајронт рано во утринските часови. Ставени пред предизвикот на проектот, Ѓокица Зафировски (Chuck Berry Band, Вел Викториа, Suns) се нафати да ја компонира музиката, додека Мирослав Тодоровски (Chuck Berry Band, Културно Уметнички Работници) и Борис Георгиев Бут (Дизајн, Бадмингтонс, Мизар, Chuck Berry Band) ја понудија својата соработка. Басистот на бендот Валентин Видовски – Тини не можеше да учествува па така на неговото место застана самиот режисер, Васил Христов.

Покрај наменски компонираните теми The Idol Is Coming, Надвор од умот, Внатре во умот, Ghosts Love Themselves и Wild Boosting, Ѓокица ги обработи оригиналните блуз и рокенрол теми Blue Moon, That’s Alright My Mama, Where Do The King’s Sun Come From, Mystery Train, Big Sister’s Sister и I Love You со помодерен спин (и малку сменети наслови), додека темите Japanese Moon и Little Sister наменски не се одалечуваат од звукот и аранжманот на оригиналите.

Музиката за овој проект ќе беше невозможно да се оствари без огромниот талент на музичарите кои земаа несебично учество и ги дадоа своите креативни идеи во обликување на аранжманите и изведбата на музиката. Мирко со своето длабоко познавање на рокенролот од 50-те, плочите што ги позајми за музичка анализа, вечна позитивност, уникатен глас и креативна интерпретација на темите. Бут со својот неприкосновен панк-рок пристап, џез креативност и тапанарска дисциплина. Вуси со својата енергија, бас талент и љубов кон рокенролот и театарот. Без Гони кој ги даде финалните ноти на The Idol Is Coming и Надвор од умот со своите дувачки инструменти, темите немаше да добијат завршен облик. Без Ирена, тогаш студент по оперско пеење, што само случајно помина од студиото додека снимавме и ја убедивме да отпее импровизација на Надвор од умот, со само два тејка ја преврте темата од пристојна до величествена. Без Тоше, кој само што коинцидентно имаше купено оригинален Fender Starcaster од 50-тите и несебично го понуди за снимањето и специјално го позајми единственото Fender Deluxe Reverb појачало во градот од легендарниот Бис Без гитарист Константин Икономов – Коце (мислам од него, не сум сигурен), немаше да се долови тој феноменеален гитарски звук на 50-тите.

Јас како автор сум неизмерно благодарен на целиот тим. “Надвор од умот” е креативно дело на сите учесници, јас само дадов идејна насока и рифови.
Напомена: пеењето во Japanese Moon е тотален џибриш и е импровизиран на лице место во еден тејк.

Ракетамагазин бендот и актерите во претставата се претставени во промотивниот спот снимен за промоција на премиерната театарска изведба илустриран со темата Mystery Train. Снимател на спотот е Александар Јанковиќ – Фриц.

Албумот беше издаден 1995 на аудио-касета во симболичен тираж од Коприва Рекордс и еден топол летен ден беше промовиран со матине концерт во клубот ZZ Top.

 

The Love Witch
режија: Anna Biller

21.07.2017

Хоророт често бил начин да му се погледне на табуто во очи. Во ера кога политички некоректните потези се дочекуваат на нож, хорор филмовите стануваат ...

20.07.2017

Пред некој ден во Сули ан домашните филмофили имаа можност на големото платно да го гледаат убедливо најдобриот европски филм за минатата 2016 година, „Тони ...