[видео] Темпера

Не застанувај

[ ]

Темпера се: Тања Тас – вокали, Драган Гиновски Гино – гитари, Мите Димовски – тапани и  Ѓоле Максимовски – бас гитара | Музиката компонирана и аранжирана од Темпера | Зборови : Тања Тас | Пратечки вокали: Горан Трајкоски

 

 

Ѕирни ја неа
Те вика посегни
Столчи ги
тие мисли
камени
кои те кршат
кои те болат
Одиш по жица
воден од
тие предлози
Жеден да земеш живост
од тој сочен ум
Нејзината присутност
грдоста ја руши

Оди кон неа
осмели се
Во таа гласна
неизвесност
Повлечи ја
во твојот свет
Не застанувај!

Продолжи
Не избледувај
Таа е привлечен потсетник
на сите твои
побуди

Не застанувај
Таа е прекрасен поглед
мелодичен призрак
од кој
ослободен си пак

Сите рани
под кожата твоја
се сложен запис
дел од твојата форма

И тие се мотор
за борба и волја

Оди кон неа
осмели се
Во таа гласна
неизвесност
Повлечи ја
во твојот свет
Не застанувај!

Продолжи
Не избледувај
Таа е привлечен потсетник
на сите твои
побуди

Не застанувај
Таа е прекрасен поглед
мелодичен призрак
од кој
ослободен си пак

23.04.2018

„Пази што посакуваш“ од Норм Фостер, сцена Академија 28, Белград. Режија: Јана Маричиќ, продуцент: Андрија Милошевиќ, улоги: Александра Томиќ, Радован Вујовиќ и Александар Радојичиќ.    ...

21.04.2018

По успехот со „Панкот не е мртов“ (2011), кој освојуваше награди на светските фестивали и беше одлично примен од филмофилите, Владимир Блажевски во 2016 година ...