Денес на програмата на МакеДокс

недела 20 август Куршумли ан

[ ]

Куршумли ан 18.00 – 20.00
Илија Цветковски, Озгур Демирџи, Атанас Георгиев (промоција на книга)
pod_smokva

 

 

Св. Спас 18.00 – 20.00
199 МАЛИ ХЕРОИ 2013-2015/ Германија
KOJA 2017/ Словенија

animirani

 

Куршумли ан 20.00 
20 – 25 август 2017 постојана поставка

Честопати, „младите“ книжевници се борат да ги преточат во точни слики литерарни наративи, односно читателот да си создаде убава имагинација. Од друга страна, пак, визуелните уметници мака мачат нивните дела да проговорат и веднаш да допрат до публиката. Без разлика за каков вид на нарација се работи, раскажувањето е дарба. Не може да се научи во училиште, ниту да се стекне на улица, од Бога е дадено и тоа „бреме“ избраните го носат од самиот почеток. Даро Сулакаури e една од нив. Доаѓа од Грузија, од земјата којашто одамна остави силен печат во визуелизција на зборот и мислата. Тој моќен печат, паметиме, остана запишан на целулоидната лента. Даро се роди со фотоапарат и целулоидна лента, а првата изложба ја направи на 12 години.
Овогодишната грузиска филмска селекција е составена исклучиво од нови автори, а Даро ке ја запознаеме од нејзината најрана младост до ден денешен. Ни претстои едно прекрасно патување низ земјата на муабетите.
Уживајте со „младите“ автори.

Georgia. Chiatura City. Everyday life of mineworkers.

Georgia. Chiatura City. Everyday life of mineworkers.

 

Пред Куршумли 20.30
ЗАСЛЕПУВАЧКАТА СВЕТЛИНА НА ЗАЈДИСОНЦЕТО
Salomé Jashi
74’ / 2016/Грузија, Германија

Дарико, единствената новинарка во локалната телевизија во едно грузиско гратче, везден прави репортажи за да ја претстави заедницата каде што животот го диктираат обичаите и традицијата. Како што Вергилиј го води Данте, така и таа ја води режисерката низ грузиските „кругови на пеколот“. Резултатот е трагикомедија составена од микроскопски приказни што отсликуваат земја во бескрајна транзиција.

 

Куршумли ан 21.00
ДИГИТАЛНИ ДОСЕЛЕНИЦИ
Norbert Kottmann, Dennis Stauffer
21’ / 2016/ Швајцарија

Компјутерот ни влезе во дневната соба со невидена брзина и освои цела една генерација. Но, нè подели на „дигитални мештани“ и „дигитални доселеници“. Иднината им припаѓа само на оние што знаат да ракуваат со новата технологија. Во 2016 година, група повозразни граѓани се обидуваат да фатат чекор со компјутеризацијата и да живеат во дигиталната доба. Но нивниот проблем е и наш: уште колку долго ќе можеме да го држиме ова темпо?

 

Куршумли ан 21.00
КРШЛИВА РАМНОТЕЖА
Guillermo García López
81’ / 2016/ Шпанија

Три навидум различни приказни од Мароко, Шпанија и Јапонија стануваат една иста додека го слушаме остарениот, но разумен поранешен претседател на Уругвај, чиј животен стил го издвои од неговите колеги. Идеите на Хозе Алберто Мухика за современото општество, во кое економските интереси ги надвладуваат човечките вредности, се главната оска на ова есеистичко патување низ секојдневната реалност на глобализацијата, со поглед вперен кон иднината на човештвото. Пловејќи низ контрадикторните води на нашиот, од брзање, „задишан“ свет, филмот повикува на промена.

Куршумли ан 22.30
БЕЗ НАСЛЕДНИК
Laura Férres
18’ / 2016/ Шпанија

Ова е филмски портрет за таткото на режисерката, чиј бизнис само што не пропаднал. Пере Ферез има 53 години и поседува автобуска компанија. Поради недостиг на пари, принуден е да работи со клиенти кои му го руинираат автобусот додека ги развозува по ергенски вечери, но не е подготвен да си го изгуби достоинството.

Куршумли ан 22.30
69 МИНУТИ ОД 86 ДЕНА
Egil Håskjold Larsen
71’ / 2017/ Норвешка

Речиси без дијалог и во постојано движење, го следиме патувањето на едно сириско семејство од кампот за бегалци во Грција до нивниот нов дом во Шведска. Чиниш, и нашето станува едно од сите тие човечки тела тргнати кон отпрвин непозната цел додека филмот во тивка убавина ги открива физичкото и емотивното бреме што бегалците секој ден гo носат на плеќи. Во меѓувреме, краткотрајни кадри ни ја раскажуваат приказната за едно тригодишното девојче и нејзиното семејство, давајќи ѝ човечки лик на најголемата хуманитарна трагедија на денешницата и големи детски очи, полни надеж, свртени кон несфатливиот свет на возрасните.

Куршумли ан 23.00
ЦУЦЛИ
Xavier Marrades
17’ / 2016/ Шпанија

По смртта на жена му, Рамон тоне во осаменост. Кога не е дома, заедно со своите остарени родители, работи како возач на камион. Животот добива смисла, а смртта станува поприфатлива откако ќе пронајде повреден бел гулаб. Ова е љубовна приказна обоена во неочекувани нијанси, приказна за моќта на спомените да нè пренесат отаде овоземниот живот.

Куршумли ан 23.00
ПРЕДИЗВИК
Yuri Ancarani
70’ / 2016/Франција, Италија

Соколарството е вештина стара повеќе од 40 векови. Мегапопуларна во редовите на средновековната аристократија на Запад, таа и ден-денес се смета за престижна во арапската современа култура. Кадрите фатени през три години набљудување на ваквиот начин на ловење на отворено го доловуваат духот на традицијата што им дозволува на урбаните љубители и професионалци да го одржуваат личниот однос со пустината. Свртена кон заслепувачката светлина на пустиот пејзаж, барајќи да ги „улови“ пердувестите миленици и мамките, камерата нè води на необичен „пустински викенд“ за време на еден турнир за соколарство во Катар.

Куршумли ан 23.55
МАКЕНЗИ
Paloma Sermon-Daï
20’ / 2016/ Белгија

За време на велигденската празнична меланхолија, бесцелното талкање на Мaкензи добива поинаква смисла по попладнето поминато со сестра му.

Куршумли ан 23.55
ВЕРГОT
Cecilia Bozza Wolf
60’ / 2016/ Италија

Двајца браќа, весел татко и невидлива мајка: земјоделско семејство од една алпска долина каде што животот е груб исто како и манирите. Помладиот син ја открива својата хомосексуалност, неприфатлива за светот околу него, особено за татко му. А постариот син е заглавен некаде помеѓу: од една страна, го охрабрува брата си да го надмине стравот, а од друга страна, се обидува да ја продолжи татковската традиција. Во вакви очајни околности, некој би си помислил дека љубов веќе нема. Ќе можат ли и понатаму да живеат заедно?

Во и пред Куршумли ан 01:00- 03:00 часот после полноќ

* Отворени за сите со целовечерен билет за Куршумли ан

Како лушпа о/д кромид, нè обвива ѕвезденото небо. Без него не се може, знаеме дека солзи на очи ќе дојдат. Под лушпата, слоеви од музика за сите сетила. Анот вибрира, кожата се ежи ама не ни е ладно. А под слоевите, највнатре – срце. Подмладено, подрасонето, ослободено од мислата за утре.

night_stories

05.09.2017

  Do it Again / Holy Ghost Someone great / LCD Soundsystem Transient Program For Drums and Machinery / Soulwax Anymore / Goldfrapp Intermezzo II (Interstellar Funk Remix) ...

26.08.2017

Спојлер: Понесете си марамчиња и врзете го појасот, ве чека бура од смеа и емоции.   Мал плац на периферијата во Неготино е центарот на ...