Да Џака Накот

Неопходно зло 2020

„Зборувам за Армагедон, за крајот на векот, луѓето ме гледаат бледо…“ – Да Џака Накот фатално ги изложува своите стравови и фантазии на стартот на неговото последно непослушно издание „Неопходно зло“ каде повторно се навраќа на темите кои разуздано го експлоатираат светогледот на раперот од скопското Влае кој, според вестите што ги носи и не предвидува баш удобна иднина.

DDZN

Албумот е создаван тешки две години во кои Џака прави уште едно апокалиптично видување на вонредната состојба која го опкружува. Индиферентен кон продуцентски авантури , еден од највлијателните рапери на нашето време љубоморно ја чува доброистапканата територија од која испорачува среден прст со 12-те аудио парчиња, напишани и продуцирани од самиот Џака, со непредвидливиот DJ Гоце како гостин на една трака. Владимир Џокиќ ака Џака е дециден и бара решение: „Сите знаат ама молчат, луѓе к’о овци ги молзат… кажи ми до кога“, отварајќи ја така повторно Пандорината кутија од која излегуваат сите гнасотии на денешниот морал. Битовите се мрачни и тегобни, токму какво што е и времето кое го живее. Иако музички нуди праволиниска продукција, Џака го пренебрегнува контекстот со своите рими, неговото насилно оружје, исто толку автентични колку што е и неговата моќ за апсолвирање на проблемите. Џака е жив детектор и посочувач, во најмала рака бдејач, а тоа денес е и обврска на хип хопот. Музика за освестување.

Саша Павловиќ | Коза Ностра | 19 ноември 2015

Мицајков & Flooder | Nuttin But Moodymann Magic

14.03.2017

How Do U Get 2 Detroit Tribute It’s 2 Late 4 U And Me Mahogany Brown Shine Sunday Morning Forevernevermore Music People Rick Wilhite – ...

14.03.2017

Новиот албум на американската џез пејачка Стејси Кент (Stacey Kent) „What the World Need Now is Love“ (Candid, 2016) можеби ќе ги разочара нејзините почитувачи. ...