Фиромејските магли на редот

Од „Таинствените списи на древната Фиромеја”

[ ]

Жилберт веќе започнува да ја чувствува дрогата, му го бодеше умот слично како со носот да закачил во осило. Се засолни во сенката на дворот пред царинската управа. Лерка се препелкаше на пладневното сонце, двајцата се завија во илузијата на лажниот оптимизам. Како сирачиња на меден месец, збиени со мислите и чистината на ништавилото од отровот. Во главата им свиреа голи виолончела, една фраза се повторуваше, една песна, еден постојан и идентичен звук. Како промаја во умот, глечери на светлоста, сонца што го објаснуваат постоењето на душата и губење на истата. Сега дури ниту цариникот не влијаеше на нивното расположение. За момент Фиромеја се претвори во Еритреја, топла земја со излез на море. Дали сонот беше јаве?

IbG

 

Не, јавето е сон, сепак сништата се лажни, или можеби коцките се кругови, кристали, заборавени спектограми од минатиот век, сомнебулни пространства исчистени од гревот. Рскавици на соединениата, две аскетски вреќи кои вечераат доручек во апотеозата на мирот. Седнати на работ од животот, како две алги сообразни во целост со таа лабораториска симетрија, никната од желбата за бројките. Дали е научникот креаторот или злото избегнува мисија за која не треба покајание? Нивните лица менуваа бои, прстите се издолжуваа и свиреа некакви издолжени виолончела, и повторно екстрактите од една те иста секвенца.

– Но тоа е лага! – извикува Лерка.

– Тоа е лага како и овој свет. – заклучува Жилберт. Сè е лажно. Науката не може да биде така зла? Нели Жилберт?

Жилберт сега веќе со потемнети очи и сува уста одговара: Овој свет е зло, нашата навика на злото е самиот живот, мутацијата на желбите, искривеноста на запазувањата, перфорирањата на телата, отровите, желбата за месо, плачењето на јагненцата, јадењето на овошките, генезата на гревот. Лажните дразнења на телата, силуетите на Јупитер. Поставеноста на зодијачките знаци, нашата оригиналност, сончевиот систем, можеби и самото Сонце, Создателот, нашиот интелект како облик на болест.

Сонуваме во бои, иако тие и не се приметуваат и немаат значење во очите на една мува. Опседнатоста од фетиши, параферналии… всушност уживаме во пладневната дремка на мачката, погледај како тие се раѓаат со знаење, а ние учиме како да ја избегнеме смртта. Неизбежната смрт, процесот на стареење, синкопирајќи небиднина во биднина, крадејќи од неименливото. Примајќи задоволство, негирајќи го животот во самата суштина, обвинувајќи – мразејки, а сепак во нас длабоко лежи љубовта или можеби желбата за небата на Сведенборг? Изгниените келии во умот… што знам… оваа замагленост мора да има крај.

И… и ако некој би ја напишал… би ја напишал во еден здив како што ова ти го говорам сега во мигов, во оваа вечност која што може да нè закопа сепак, до целта се пристигнува со трпеливост.

 
А музиката трае засекогаш како една вечна сатурналија, сублиминална стапица, зборови изговорени кои во оваа стварност имаат смисол, во некоја друга немаат никаква логика. Како кај два споени елементи или ноктурно на промислата – фиромеизам? Завера која што е дефиниција за саботирање на планот на пирамидата во име на редот. Реминисценција на првиот грев-срамот и чукањето на срцето, вдишувањето, времето-сателитите-патувањето до месечината и назад, нашата конечност, безбедноста на матката, болеста на евреите, кабалионот на Херместус Трисмегистус, тајните кои што немаат никаква загатка туку едноставна детска наивност. Што знам, мислам исто како и сите кога и да се родени на оваа планета, сите прокреати, солените води.

 

Се струполува на една клупа. Лерка го мокри со вода, капките паѓаат и се тркалаат низ призмата на малата небула од дупката на микротоналните рефракции.

– Сепак мислењето е процес на изгубеноста и длабоката внатрешност на секој човек колку и да е забеган, нели Жилберт?
– Во Јапонија ние би биле само предмет на опсервација како оној канибал што пишува книги – Исеи Сагауа и сака да биде егзекутиран а сепак жив е… Ете нè јаде Јабата… Јабата нè јаде.

– Канибалот Сагауа што ја изеде својата љубовница читајќи и поезија, да да, да бевме било каде ама не сме.

Дрогава почнува да ме тревожи, сега е тој миг во кој треба да с’чукаме уште една таблета? Но тоа сепак нема да се случи. Бидејќи јас си имам стабилизатор против шизоидно-депресивни состојби, а тоа е ова: Та-да!

Вади едно вреќуле и повторно го ора со носот во него. За неполни триесеттина секунди му испраќа порака на досадниот Лижипрст, кој што непрестано му ѕвони на телефонот:

– Јабава е грмушката на Мојсеј, гори мозок како бренер, камионот ќе биде за половина час ослободен од царина, а робата спремна за дистрибуција во складиштето на Енвер Кооперејшн во Кадино. Таму ќе бидат Таки Трики и Зумба Мршојадот, дали е потребно да повикам уште препакувачи? Веќе ја организирав единицата за дистрибуција, дејството на дрогава во прв налет трае околу 3 часа, високо адиктивна супстанција, која ќе произведе долг период на продуктивност по фабриките и профит се разбира.

Додека го пратеа камионот попат сретнаа неколку полициски патроли кои што практично служеа да им го синхронизираат зеленото светло на семафорите и да им го ослободат патот, возилата нервозно потсвирнуваа по колоната од неколкуте возила предводени од Ферарито на Жилберт. Лерка, навалувајќи ја главата подзина распојасана од удобната влажност на климата или тоа така и се присторуваше. Откако завршија со истоварот Жилберт предложи да посетат една куќа на периферијата од градот, куќата на Глигор Џигеровски наречен Сачма. Зграби една шака апови, па ги напика по џебовите како семки. Сакаше малку да експериментира со Глигор, да го извади сето лудило од него. Глигор беше еден од оние тврдокорни уметници што се плескаа од глава обидувајки се да го променат светот, но сепак светот ги менуваше нив. Правеше минијатури од дрво, свиреше на разни инструменти, пишуваше долги есеи за политиката, за светот во кој живееме, за природата, за вегетаријанците, за фашистите, за комунистите, а сепак на крајот од денот остануваше гладен и осамен. Имаше една долга врска со Ирена Мракозор која што работеше како психолог во државниот затвор Јеблинка, со дополнителна работа во локалниот санаториум. Ирена јадеше единствено полжави, полжави со спанаќ, полжави со компир, полжави со зеленчук, а по пат и се ебеше како полжав, одбиваше да пуши кур, па така Глигор еден ден реши повеќе да не се гледаат. Оддлуката ја донесе на својата четириесет и петта година и оттогаш блееше како овен со полни јајца но нова жена не се појавуваше.

Жилберт го убедуваше дека тоа е до неговиет табиет и дека треба да почне да се дрогира. Го убедуваше дека наркоманите добивале беспари бидејќи као не биле заинтересирани за секс – му трескаше како навиен. Глигор го надоместуваше сексот со страста за свирење и повремени поетски онании по локалните поетски клубови, иако сите на него гледаа како на коњушар. Токму кога пристигнаа од куќата извираа звуци од ненаштимано пијано и некаква крескава гитара. Жилберт скокна и се обеси за нискиот балкон, па пентрајќи се, се залепи до ѕидот веднаш до вратата.

Бам бум-зиу-еуууу! – пристигнуваше од просторијата каде што вежбаа, па одеше некаков сонорен вокал кој што ги брп’каше мембраните од звучниците. Високи тонови пиштеа долж старата куќа цепејќи ја вдолж и попреку, нарушувајќи го идиличниот мир во предградието. Во еден миг Жилберт ја шутна вратата и се најде во просторијата.

 

 

kayan kwok

 
– Буууууум!!! Ха ха ха ха.
– ?!

Тишина…
– Ајде де? Свирите. Ах ха ха-ха… хи хи хи-хи хи хи.
– Не, туку прдиме со електрични инструменти, конфабулираме пеејќи за фиромејските состојби, чекаме Сонцето да изгрее од западната страна и сите да се осветлиме како некакаква целулоидна опашка. Се сеќаваш на оние црно-бели филмчиња, па после колор и на крај сите лаборатории се преворија во софтвер за деца. Магаре и музика! Па така денеска имаме илјадници гологлаво-мрсулави дечишта што потскокнуваат со совршено знаење и со експертиза за политикиве, за состојбиве, за сè, само немаме мир и гледаме како други се ебат како монструми на мониторите, цели измачкани со семе и секрети па тие вреват во нашите умови како заклани ѓаволи. Вагини што уринираат и плукаат питони, па ги буткаат во меѓуножјата и… И? Вууууууу! Проклетсво!

Токму во тој миг влезе Лерка.

– ?

– Ааааааа ха-ха-ха ха ха ха! Ова е Лерка.

– Ки ки ки ки ки!

– Повтори, повтори, те молам, ова беше инспиративно, ти поету, ти мизангену, знаев дека ќе ме насмееш, само ти ме смееш во Фиромејава, сите овие преостанати скотови се неподнесливи, прави двеножни животинки, ма не, нема деминутивчиња… лапсус, не се животинки туку вреќи полни со измет и пакост!

– Кој се бе тие?

– Граѓаниве на Фиромеја Глигоре, сите овие луѓе кои што ни го арчат времето збрани во оваа дивјачка џунгла, овој нефункционален и смрдлив метрополис, сите овие примати што коагулираат меѓу нозе кога јас ќе им вреснам. Знаеш ли дека единствениот профит на планетава е тој што се добива од болните, овој град кој што себе се нарекува држава бидејќи 60% од популацијата се врти околу него не е ништо друго туку една голема болница. Страв и параноја од смртта.

Овдека најбргу се продаваат станови околу болниците. Сите уживаат во болеста и сакаат да живеат до несвест, горди се на тоа… На тој безвреден живот со должина од деведдесет, сто години. Стари, обестелени суштества на кои душата им свири и ги моли за напуштање на затворот, нивното тело… Ние сме заглавени во пензиите. Млади луѓе кои треба да работат од мрак до мрак само за да го потхранат овој демонски систем, во кој пелените за возрасни ја надминуваат бројката на пелените за новородените. Ете тоа е причината поради која се дрогирам и продавам дрога. Сакам да го изгаснам овој свет, сите овие корпорации, сите кланови кои работат во удобниот живот и глумат насмевки. Висока надеж…. Да им ги ебам лажните лица, да им ги ебам! Сè да им ебам!

Просторијата беше натрупана со кабли, преплетени како во змиско гнездо. На пијаното свиреше Рашид Микробранов, тој за сето време се моткаше и сопнуваше од каблите. Ќе вклучеше еден па ќе го отфрлеше, па ќе се обидеше со друг кабел во друг влез, па друго појачало. Во просторијата стануваше хектично, еден софтвер па друг, од сметачот на миксетата, од миксетата на компјутерот, канал по канал, па еден снимаш вклучен, друг исклучен. Никако не им успеваше да снимат ниту една песна. Правеа некаков вид на експериментален опит, нешто како жив албум, ама сепак нежив. Рашид предложи да седнат и да размислат, да се напијат по една чашка или можеби нешто друго. Токму тогаш се поторно се вмеша Жилберт.

– Имам нешто интересно… – брцна по џебовите, зграпчи еден грст пилули и ги стркала на еден голем Лесли звучник.

– Хм… што е тоа, личи како апчињата на баба ми, па уште и розева боја? Рашид исплашено затрепка со очите. Се згрозуваше од секаква помисла на дрога. Во глава почнаа да веднаш да му се вртат слики на изгладнети дрогераши, бесни и жедни за суицид, плус осудата на фиромејската средина, небиднината на состојбите, нивната налудничавост, се сврте со грб и уште повеќе се изгуби во каблите.

– Го викаат Јаба, го користат сите оние несреќни робови на капиталистичките свињички, за да работат до смрт, да го издржат притисокот на животот додека не паднат на колена. Ете, можеби сега ќе звучите поорганизирано. Пробајте, ова е free of charge.

 

 

 
Илустрации: Kayan Kwok и Monument Valley / Ustwo Games


п р о д о л ж у в а

 

Три билборди надвор од Ебинг, Мисури
режија: Martin McDonagh

20.01.2018

Тргнувајќи од славниот цитат на Маршал МекЛуан, „Медиумот е порака“, сценаристот и режисер Мартин МекДона во своето ново остварување „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“, ...

Холивудска приказна: Star wars, прости!

09.01.2018

Четириесет години по премиерата на првиот филм, односно, четвртата епизода од сагата „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас, и нешто помалку години од почетокот на ...