Мудрата невиност на Фиромејците

Од „Таинствените списи на древната Фиромеја”

[ ]

Др. Артан Кларк е карактер кој пристигнува од иднината, тој е вработен во Центарот на истражувачкиот совет на Евроазија, една од најмоќните империи на планетата Земја. Неговото истражувачко поле се древните нации и цивилизации на некогашната древна земја Фиромеја. Сместена во центарот на Балканскиот полуостров некаде на почетокот на 21-от век, Фиромеја исчезнува на еден сосема мистериозен начин.

Noel Cummings
Земјата набргу станува поделена во Третата Светска војна, со времетраење од периодот меѓу 2017 до 2019 година АД. Артефактите од Фиромеја постојат единствено во виртуелна форма и за неговиот труд беше потребно повеќе од 7 години напорно изучување и пребарување по единствената преостаната дата во главниот сметач во престолнината на Евроазија, градот Истанбул. Бидејќи во војните за превласт меѓу нациите беше уништен сиот материјал на располагање единствениот извор беше виртуелната библиотека наречена „Ишкендрија“ во Шкуперија. Во прилог ви ги доставувам сакрално окултните текстови на една помалку опскурна историска личност од почетокот на 21-от век и неговите луцидни истресоци. Додатен напор за Др. Артан Кларк предизвикуваше дешифрирањето на текстот, пишуван на древниот фиромејски јазик, категоризиран во класата на словенските јазици и криличното писмо. Како и да е, резултатите се вчудоневидувачки. Во прилогот ќе проследите избор од еден непознат автор Шушумига Штајнбег.

 

 

Внимание! Бласфемичната содржина не подлежи на цензура и секое читање на овој текст спаѓа во одговорноста на читателот. Секое јавно дистрибуирање на овој материјал е строго казнив по член 666Л.

 

 

Книга Втора започнува со дејствие во некогашниот град Скопје – време: 2017 година, после потопот, локација: Шкуперија, провинција Фиромеја. Никола Лижипрст беше последниот наследник на династијата Шупчеркови, наследник на една трикатна гаража во центарот на Шкуперија, сместена веднаш до споменикот на Скендер Бег, поставена дијагонално под втората галија на реката Вардар. Никола со височина не поголема од 180 сантиметри и тежина не помала од деведесет килограми бучно размислуваше пред судската палата и паламудеше на толпата што извршуваше ситни поправки на едното од гаражните крила. Династијата Шупчеркови, која своето богатство го стекна за време на СФРЈ, со помош на поткуп и изнудување на работничките акции и шпекулации на ситната фиромејска берза, беше надалеку позната по својот фушерај и крвожедност. Покрај останатото тие истовремено го контролираа напливот на синтетичкиот кокаин наречен „крак“, како и сите останати синтетички дроги што служеа за експлоатирање на безнадежната маса на фиромејски граѓани. Деновиве требаше да пристигне една поголема пратка на Јаба (амфетаминска дрога често користена на територијата на Тајланд). Од канцелариите на Шупчеркови како скиснати ставорци се врткаа неколку инспектори од ионака фиктивната фиромејска влада. Правеа дополнителна инспекција на левото крило од ново изградениот објект кој наликуваше на подморница.

Шупчеркови непрестано кокетираа со сите влади на Фиромеја, нивните каси секојдневно се полнеа со високи суми на валути. Дел од дрогата Јаба се делеше кај работниците што деноноќно измеќареа за компаниите на Шупчеркови, а поголемиот дел одеше во џебовите на Никола Лижипрст. Инаку Лижипрст на себе гледаше како на управител во стилот на старите венецијански трговци. Непрестано купуваше од локалните лопужи украдени уменички дела, слики, скулптури па дури и нотни транскрипции, иако се сомневаше во фиромејската уметност тој имаше претчувство дека еден ден Фиромеја едноставно ќе исчезне и сите тие предмети и артефакти ќе имаа бесценета вредност. Но, за разлика од неговите крвожедни предци-примати, тој беше помалку богобојазен. Тоа му се случи додека еден ден го читаше Емануел Сведенборг. Лили Козата како за белја додека ја чаталеше во одаите на Мериот хотелот му подари една книга за небото и пеколот. Немаше никогаш ништо прочитано дотогаш, па летаргично трипајќи од големото количевство на алкалоидовиот лауданум успеа да прочита на случајно отворените страни од поклонетата книга:

 

 

Истото се случува со секој што ќе се препороди. Препородувањето е повторно раѓање како духовен човек. Тој (човек) прво се воведува во невиноста на детството, што се состои во тоа што тој не може да ја знае вистината ниту да прави добро сам од себе, туку единствено од Господ, како во тоа што ги сака и ги бара вистината и доброто само затоа што тоа е вистина и затоа што тоа е добро. Тие постепено му се даваат од Господ како што тој старее. Господ првин го воведува во знаење за нив, потоа од знаење во разбирање, а најпосле – од разбирање во мудрост, а сето тоа е проследено со невиност, која се состои – како што беше речено – во тоа што човек не може да ја знае вистината ниту да прави од себе, туку единствено преку Господ. Без ваква верба и ваквото сваќање никој не може да прими ништо од небото. Во тоа главно се состои невиноста на мудроста.

 

Невиноста на мудроста… му се виде апсурдно како е можно невиноста да била мудра? Неколку лакеи му го масираа грбот додека Лили Козата го гребкаше по анусот, наизменично мачкајќи му го патлакот небаре за да го возбуди уште еднаш. Како е можно невиноста да стане мудра? Ја удри книгата од главата на Смиљко ташкарот (стариот масер на Шупчеркови), сега веќе во години тој понизно се насмеа, примаше двестотини евра на месец од кои педесет редовно мораше повторно да им ги врати на сметката. Сепак немаше каде да оди. И тој како милион фиромејци немаше никаков друг избор, па непрестано се смееше како зелен на шегите на Никола. Ја отвори корицата и почна на глас да се кикоти и прикажува:

– Ееее… ки ки ки-ки! Па овој Емануел бил бетер од нашиве верници?! Небото и пеколот? Разговор и средба со ангелите, со мртвите? Со познатите мислители и филозофи? А каде има тука гравче тавче? Каде е овдека на далеку познатото фиромејско –добредојде? Дрога и храна? Секс и салама?! Е хе хе хе… Какви будалетини читате млад господине?

– Читам?! Какво читање да не беше дедо Шупчерко I не ќе знаев ни курот да си го најдам, а не да читам. Еве седумдесет години го владееме просторот на Фиромеја и никој не ни може ништо – ДПМНЕ-СДСМ-ти-реков-ми-рече. Некакви патриоти – шушумиги?! Никој не ни може ништо со вакви абдали како тебе Смиљко? Да нам живи кафана и глупост, па сигурно ми ќе владамо – него ко?! Нама нам је дана моќ од горњега преко Београд, то се зна. Не може туј сад сваки џукац да уѓе. Хе хе, да се пошалам малку бре Смиљко.

Смилко се накостреши како земунска жаба во јули и скокна под маса, па оттаму се ничкоса во лобито на хотелот Мериот и застана да чека пред врата. Никола со поспаност и со монотон тон коментираше за новиот испад на Бејли амбасадорот.

– Овој Бејли додека е во Фиромеја сè ќе биде супер, ама оној хотлајн Хојт Ли, е во него ептен се сомневам. Тој ти е класичен американски хибрид, тие ти се исти како кога ќе ставиш варосано јајце од дрво па ќе чукаш по задниците на оние малски гилиптери што се перчет со оние селски јајца. Тој мама ќе ебе овдека. Се занесуваат бе ова американциве?! Тие ќе ми ти оправале работа овдека?!

Прати поглед кон Стив Џирлев. Џирлев пак се поднаведна принесувајќи му еден локум со харлекинска насмевка.

– Е да, се фатил за оние мечкиве од ДИК, мечки… Па мораат нешто и мечките за зима да земат. Тој Белји како мене да ми објавува војна? Па цела Јаба им ја откупив од Тајланд! Таксистиве возат како луди по градов, фабрикиве им направија милиони извоз од преплатениве работници, цели 150 евра? Ете дали ти би им дал 150 евра плата? Џирлев сневеселено одговара со едно кратко: не.

– Ете гледаш во Америка треба да си ја платат дрогата а овдека таа е бесплатна, плус работат и не се размножуваат. Скоро повеќе од половина на фиромејска популација до четириесет годишна возраст не е во брачна заедница а останатите се на работ на егзистенција и не можат да се разведат бидејќи немаат пари. Нели е тоа прогрес за новиот светски поредок? Набргу ќе увеземе уште еден милион глупи арапишта и ќе има мамалуци за извоз. Ќе им ги симнеме дневниците на 6 центи! Хе хе, мудрост… Каква мудрост? Што е тоа мудрост ако не излегува од муда и не може да се јаде! Јас кога ќе ти го ставам во уста Лили што му правиш на главучот?

– ?

– Што!

– Го лижам?

– Така е, го лижеш, а помалку и ќе го џвакнеш за да се стврдне. Тоа те прави посебна, успешна жена, плус разговораш со мене за сите оние софистицирани работи како кладилници за спорт, за новите достигнувања во порно индустријата. Како мислиш дека успевам да ја контролирам оваа килава администрација, што освен ајвар во тегла и лепак за г’з, не знае ништо друго да направи. И само фалби е оваа Фиромеја. Желба за живот, интересно е како тоа на никого не му се умира овдека. Да им дадам покачување, човекови права? Ќе им дадам крив кур и српска музика, тоа го сакаат, така се воспитани. Толку се храбри и толку разбираат. Ете тато им даде да се лажат и сите да студираат имаме најголем број на универзитети на квадратен километар во цела Европа! Што кур повеќе? Некој откако ќе заврши факултет веднаш го земаме да собира ѓубре по улици. Каде го има тоа? Пред некое време сретнав еден феномен извесна Ѓермина, ми раскажуваше за сите гнасила на ФИРОМ, некаква фиромејска ложа? Гадости?! Како да во Америка нема гадости и јадости?

– Фиромејска ложа?

– Да, така тоа таа го објаснуваше, впрочем не е никаква тајна дека тие денгуби се групираат по принцип на приори и личности кои што имаат некаков статус во општеството, говореше Лили со занесеност и помалку загадочен тон во гласот.

– Е? Е добро де и? Да не си и ти една од оние што веруваат во “flat earth society”?

– Па ми раскажа една приказна за еден познат сликар, некаква гадост, те за некој хирург, за неговата мајка, за евангелистот Ташко, за ороспијата Милка, дури и за мојата мајка која што никогаш не ја запознав, како ја ебел некој арап и дека всушност овој ми бил полубрат-евангелистот. Ми шептеше како некоја гатачка дека ние сме биле демонска семка, а тие биле исправните. Ја слушав до изнемоштеност, всушност на крајот бев сигурна дека жената не ги пропуштила потребните медикаменти за тој ден. Минувавме низ градов и оддеднаш и се слоши. Мислам дека тоа беше поради една глетка од која гадењето и смеењето измешани со апсурд се слеваа во една комедија на очајот и мизеријата.

– Е? Каква сцена?

– Во еден ендек со длабочина од десеттина метри еден млад човек копаше дупка со една од оние машини за вадење земја, но тоа беше така необезбедено и неосигурано што околу дупката беа насобрани безброј циганциња и чекаа да падне некое железо. Некаде подолу од местото гладни жени претрчуваа по улиците како снемоштени кучки, целите распарталени и разлигавени. Имав чувство дека таа оддамна не била присутна во Шкуприја, очигледно ја беше погодила цела таа реа и несносност од звуци и бадавалечки селски капитализам. А колку ни беше убаво кога ни беше убаво. Кога цветаа цвеќињата, розите, лалињата… И реков дека на многумина овдека им е сè уште убаво, тука вклучувајќи се и себе. Сепак, таа беше сомнителна, посочуваше на големата безнадежност и на приказната со бугарските пасоши, за идните планови на Европа, Америка.

– Европа, Америка? Каква Европа, каква Америка, какво општество! Каков Бејли хммм… Белам?! Аха! Види види, па нели Евреите така го викаа Исус? Значи овој е тој Белја кој што е испратен Светата земја да ја испогани со Јаба, со неуролептици, со рептили, со слепи глувци, наместо српска музика со буфови да ја наполни, да ни го уништат раатот! Да не видат бел ден!
Во тој миг се јавуваше Стрелчо од царинската управа. Пратката со јаба пристигнала, сега фиромејците ќе јаделе коски од починатите по улиците, и така по анализите на Никола сите умрени ќе се претворале во прав-бидејќи ќе бидат изедени од самите браќа фиромејци. Со овој потфат ќе се олеснел животот на тристоиљадната администрација, недостатокот на погребни места и многу други комунални фалинки во фиромејското општество. „Човекот е најголем загадувач, зарем не Лили?“ Си се насмеа на глас. Никола имаше посебен човек за тестирање на новопристигнатите дроги, тој го повика Жилберт Ришар снежната вијулица (го викаа Бел снег бидејќи носот секогаш му беше полн со прав). Тој и кога не се дрогираше беше целосно издрогиран, прав професионалец. Жилберт требаше да отиде до царина и да ја проба пратката.

Gus Morais

 

Сцена бр 2: Надуениот царински паун и носот на Жилберт

 

Жилберт тоа утро изеде неколку вреќички авганистански хероин засладен со афионски прав и детергенти од Чивте Кале, посолен со керозин од топилница Злетово и комбустиран во приватната аптека на Сељадин Итрец (натурализиран албанско-фиромејски Словенец со престојувалиште во Марибор и лиценциран бизнис во Фиромеја). Со него беше малата шмизла Лерка Лезбеска Трошка (Трошка бидејќи секогаш остануваше со трошки на маса без скапана банка). Откако се спари со Жилберт јадењето повеќе не и претставуваше проблем, ниту дрогирањето, сепак нешто ја вознемируваше. Таа веруваше во еднаквоста на луѓето (или барем така се надеваше дека верува). Лерка не можеше да ги поднесе цариниците, жандармите и останатите мобови од агенциите за обезбедување. Сметаше дека тие се столбовите на капиталистичката свињарија. По Лерка единствено правиот џган ја контролираше состојбата во општествата, сите оние убијци, џукелоидни манијаци, луѓе сенки, сите оние што беа надвор од системот, оставени голи како прутови на наносите на ветрот и дождот. Откако го запозна Жилберт животот и стана поподнеслив, шмркаше значителни ни кратки дози хероинска пудра. Веднаш откако ќе ги отвореа пакетчињата. Жилберт го буткаше носот до самото дно од пакетот додека не му се појавеа ѕвездички со светол отсјај, посветли од најсветлиот ден, како да беше нурнат во сонцето. Така лежејќи со носот во дрогата тој добиваше визии и провиденија како пророкот Мојсие, па откако ќе се разбудеше развеселено ќе трепнеше со сините очи кои што наликуваа како оние на хаски кучињата со зацрвенет нос и разнесени капиларчиња што паѓаа како мрежички над неговите усни. Блед како најсветата смрт, со вампирски ресентиман тој предеше како мачка во месец Јуни. Се симнаа по скалите кај царинарницата на Фершпед и неколку минути подоцна чекореа кон еден контејнер со црна боја. Жилберт со внимателност ги отвори вратите, цариникот со наперченост примети дека некој веќе ја скршил пломбата и дека тој одбива да присуствува. Тогаш Жилберт му се доближи и му се издиша како некакаква анаконда, шупчејќи со јазикот меѓу нагризените заби, со темна мантра, со демонско глаголење, со милност на конкубина тој запеа:

– Ќе отвориш шупче ќе отвориш мозак, ако не – ќе ти га отвору и јабуке тамо ќе ти насаду и гладан ќе останеш за навек… Разбираш ли гу ти овуј песну лесну… Чалгије ќе ти свиру на сон, ќе ти се лигаву у тињу ќе те удаву ако не.

Со милост погледна кон Лерка притоаземајќи една вреќа Јаба. Љерка ово је Јаба? Још нисам пробаја овакву дрогу, информатори ми кажујев да је ово слично метамфетамину, ја тој не волим, ал професионалци возачи и остале барабе користе га за освежење па ондак им врије мозак како на чавке кад се навуку. Ах ово су таблетице, чек да изгмечу једну па да ушмрку.

 

илустрации: Piero Fornasetti, Noel-Cummings и Gus Morais

 

п р о д о л ж у в а

 


 

 

 

 

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...