Jyjo

Одасфалтирај ме [Критика 028]

Web

1 Часовникот 02:56
2 Одиме 04:01
3 Сензација 02:45
4 Силни емотивни состојби 01:51
5 Урла 02:54
6 Како се вклучува мозокот 02:29
7 Солено 04:28
8 Perpetuum mobile 03:33
9 Candyland 03:14
10 Историјата на човекот 03:27
11 Кардиоциклус Македонија 04:04
12 Отсуство 03:21
13 Флека 03:47
14 Во потрага по љубов за мојот град 03:28
15 За Големците 02:40
16 Врева 02:57
17 Лекот 01:58

free download @ kritika bandcamp

 

Jyjo / Ивана Стојковска – поезија/глас/концепт
Петар Јовановски – инженер на звук/ритам машина
Михајло Стојанов – гитара/пијано
Дину Вангели – гитара
Снимено во студио ESRA, Скопје / јануари 2015
Дизајн на обвивка: Катерина Трајановска

Идејата на „Одасфалтирај ме“ е комуницирање на внатрешниот свет преку истрошување на границите што постојат помеѓу медиумите. Признавајќи ја автентичната битност на секој поединечен медиум, а притоа осознавајќи ја дефинирачката улога на иститот врз содржината, ова дело оди во насока на мултидимензионално отклучување на значењето.

Овој мултимедијален обид започна како поезија на хартија, а продолжи со спријателување на стихот со звук, движење и илустрација кон независно оживување на мртвата природа на напишаниот збор преку дијалогот. Тој дијалог во кој звукот зборува, зборот музицира, танцот слика, а илустрацијата перформира, е дискусија во која од хоризонтално рамниште секој автентичен свет го кaжува своето мислење за материјата рефлектирана во песната. Кон средбата на сите овие јазици се гледа како на помирување на разликите кои постојат помеѓу каналите за пренесување на мислата, при што преостанува уживање на идејата на конкретната лирска творба во сеповрзаноста на присутните медиуми.

Мултимедијалноста на „Одасфалтирај ме“ беше овозможена од група на креативци кои се сретнааа на крстопатот на медиумите, изненадувачки ентузијастично дискутирајќи за идеите, секој на својот јазик, заедно.

06.02.2018

Ибзен забележал дека насловот на оваа негова бесмртна пиеса го оставил како Хеда Габлер, а не како Хеда Тесман токму заради нејзиниот социјален контекст, бидејќи ...

Супстанцијата на болката
кон концертот на Algiers, 2 февруари 2018 МКЦ

03.02.2018

Што прави некој кој што нема попаметна работа во Скопје? Оди на концерт на Algiers во МКЦ. фотографии: ЗдеПе   Кои се „Алжирците“? Алжирците се ...