Отворен повик за музичари и визуелни уметници за проектот CON-FRONT

октомври 2018 – октомври 2019

[ ]

МКЦ Скопје од неодамна е дел од големиот европски мултидисциплинарен проект за културно одбележување на Првата светска војна – CON-FRONT. Партнерството ќе истражува нови модели на комеморација, прибирајќи специфични стручни наоди, истовремено и од областа на современата музика и од наследството, соочувајќи го минатото со сегашноста.

DSC_0534-590adf2de2050__880фотографија: Драгана Петрушевска borepanda.com

 

CON-FRONT има за цел да ја покрене свеста за заедничкото европско наследство од Првата светска војна преку уникатна меѓународна соработка помеѓу концертни простори и партнери од областа на наследството.  Партнерството поаѓа од Белгија, кон Франција и Словенија, до Република Македонија, поврзувајќи голем дел од различните континентални воени фронтови, додека организациски партнери се МКЦ (Скопје, Македонија), Le Grand Mix (Tourcoing – Франција), 4AD (Diksmuide – Белгија) и Fundacija Poti miru v Posočju (Kobarid – Словенија). Проектот е поддржан од програмата Creative Europe во рамките на Европската година на културно наследство 2018.

Проектната реализација на концептот е врзана со отворен повик за локални музичари и визуелни уметници на возраст од 18 до 30 години, полупрофесионалци или професионалци, со напредно ниво на англиски јазик, отворени за работа според мултидисциплинарни и импровизациски методи, достапни за патување во периодот од октомври 2018 – октомври 2019 година во одредени временски рамки (месечни резиденцијални престои во Белгија, Франција, Словенија) како и турнеја низ споменатите партнерски земји. За возврат, учесниците ќе добијат поволен надомест за делото и настапите во живо, покриени трошоци за патување, храна и сместување како и можност за учество во проект со широк меѓународен опсег.

CON-FRONT има за цел да ја покрене свеста за заедничкото европско наследство од Првата светска војна преку уникатна меѓународна соработка помеѓу концертни простори и партнери од областа на наследството. Партнерството поаѓа од Белгија, кон Франција и Словенија, до Република Македонија, поврзувајќи голем дел од различните континентални воени фронтови. Првата светска војна е првиот воен конфликт на светско ниво во човечката историја. Исходот од неа го дефинира пејзажот, економијата, идентитетот и демографијата на континентална Европа. Дотолку повеќе што Првата светска војна расели милиони жители на Европа, создавајќи ја првата масовна бегалска криза во историјата на континентот. Воената миграција повеќепати се има повторувано низ последните 100 години. Продлабоченото разбирање на минатото е суштинско за да се разберат денешните предизвици пред кои е исправена Европа.

Највидливиот производ на CON-FRONT е мултидисциплинарно дело (60 минути музика и визуелни проекции) на група млади меѓународни изведувачи (поп и рок музичари и визуелни артисти), што ќе биде заокружено со европска турнеја и прекуграничен документарец што ќе го проследи целиот процес. Музичкото и визуелно дело ќе биде предводено од режисер и продуцирано во пет меѓународни и историски поддржани резиденции во центрите/просторите-учесници.

CON-FRONT ќе вклучи најмногу два изведувачи да учествуваат истовремено и во делото и во турнејата: еден музичар од современ жанр (поп/рок/џез/светска музика/итн.) и еден визуелен артист. Ве молиме за детали да се обратите на info@mkc.mk
CON-FRONT партнери се Le Grand Mix (Tourcoing – Франција), 4AD (Diksmuide – Белгија), Walk of Peace Foundation (Kobarid – Словенија) и МКЦ (Скопје, Македонија). Тие се поддржани од најразлични партнери од областа на културата и историското наследство во четирите земји-учеснички.

Повик за музичари-поединци

Критериуми:
Возраст: 18 до 30 години
Да дејствуваат во некласични жанрови (поп, рок, хип-хоп, world, џез, електроника, итн.)
Соло-музичар или член на бенд;
Нема потреба од диплома од областа на музиката;
Учество во најмалку едно професионално издание во форма на албум;
Полупрофесионалец или професионалец;
Напредно ниво на англиски јазик;
Отворен/а да работи според мултидисциплинарни или импровизациски методи;
Способен/на да работи и функционира во колектив;
Отворен/а кон историските и општествени димензии на проектот CON-FRONT;
Достапен во следниве периоди: 2018 – *Октомври (меѓународен престој/резиденција во Белгија – пет последователни дена); *Ноември (меѓународен престој/резиденција во Словенија – пет последователни дена) и 2019: *Февруари/март (меѓународен престој/резиденција во Македонија – 5 последователни дена); * Мај/јуни (меѓународен престој/резиденција во Франција – – 5 последователни дена); *Јуни (меѓународен престој/резиденција во Белгија или Франција – пет последователни дена); и Октомври-ноември (меѓународна турнеја низ четирите земји-учеснички – 14 последователни дена);

CON-FRONT очекува нејзините изведувачи да бидат вклучени во сите пет резиденции/престои и на сите датуми од турнејата. За возврат ќе добиете: поволен надомест за делото и настапите во живо; сите трошоци за патување, храна и сместување ќе бидат покриени и учество во проект со широк меѓународен опсег;

Испратете: Ваше CV, мотивациско писмо, дигитално портфолио (бендови, соло кариера или други проекти): youtube, bandcamp или wetransfer;

Апликациите може да бидат испратени на info@mkc.mk најдоцна до 1 септември 2018.

Повик за визуелни артисти

Критериуми:
Возраст: 18 до 30 години;
Уметнички профил: визуелни уметности, видеоуметност, VJ или анимација;
Студент/ка или професионално активен/на;
Напредно ниво на англиски јазик;
Отворен/а да работи според мултидисциплинарни или импровизациски методи;
Способен/на да работи и функционира во колектив;
Отворен/а кон историските и општествени димензии на проектот CON-FRONT;
Достапен во следниве периоди: 2018 – Октомври (меѓународен престој/резиденција во Белгија – пет последователни дена); – Ноември (меѓународен престој/резиденција во Словенија – пет последователни дена); 2019 – Февруари/март (меѓународен престој/резиденција во Македонија – 5 последователни дена); – Мај/јуни (меѓународен престој/резиденција во Франција – 5 последователни дена); – Јуни (меѓународен престој/резиденција во Белгија или Франција – пет последователни дена); и Октомври-ноември (меѓународна турнеја низ четирите земји-учеснички – 14 последователни дена);

CON-FRONT очекува нејзините изведувачи да бидат вклучени во сите пет резиденции/престои и на сите датуми од турнејата. За возврат ќе добиете: поволен надомест за делото и настапите во живо; сите трошоци за патување, храна и сместување ќе бидат покриени и учество во проект со широк меѓународен опсег;

Испратете: Ваше CV; Мотивациско писмо и Дигитално портфолио со активни линкови или WeTransfer;

Апликациите може да бидат испратени на info@mkc.mk најдоцна до 1 септември 2018.

 

BANDE-LOGOS-CONFRONT

Апотеза на моралната дисторзија
кон „Мизантроп“ во продукција на Комеди Франсез

05.08.2018

режија: Клемен Ервиен Лежер главни улоги: Лои Корбери, Аделин Дерми, Ерик Женовезе, Џенифер Декер, Серж Бадасариан и Флоренс Виала   „Мизантроп“, најзагадочната пиеса на Молиер, ...

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...