Oval

Ovalprocess

Markus Popp

Oval AKA Markus Popp поголемиот дел од својте звуци ги креира и манипулира на својот сопствен Ovalprocess софтвер. Неговата музика се движи од амбиентална, експериментална, noise, електронска музика. Според фактот што сепак издава за најбитната postrock етикета би можеле да донесеме заклучок дека е сличен со Microstoria неговиот  side проект со jan St. Werner од Mouse on Mars (исто за thrill jockey), или пак Neina и Gas за Mille Plateaux етикетата. Овој соничен експериментален модел претставува џиновски чекор во еволуцијата на звучната скулптура. Песните на Ovalprocess се без имиња што уште еднаш го докажува избегнувањето на конвенциите на традиционалното пишување песни. Тој е репрезент и звучен еквивалент на непредвидливоста на живеењето во 21-от век. Рапавата звучна текстура претставува склоп од знаци кој претставуваат свој сопствен јазик со кој  Markus комуницира со виртуелната публика. Правејќи звуци и преку физичка манипулација со опремата, создава ритам и од лупувано скокање на CD. Неговите перформанси се во форма на звучна инсталација, кој ги имал неколку во Германија и Лондон во места како Art Cologne и Sound works 3. Oval е спонзориран од Goethe Институтот кој му помогна да ги создаде повеќето од неговите инсталации. Да, музиката на Markus Popp е апстрактна. Тој е електронски алхемичар.

 

Тони Димитров
Студентски збор, 2000