Гоце Кантар

Овде има место за сите 2008-2012 [Критика 010]

 

 

GK_OIMZS

Најновиот lo-fi продукт на Критика доаѓа од спалната соба на Гоце Кантар, сместена некаде во прилепско, со базичен компјутер, еден Скајп микрофон и пар гитари кои беа доволни за 15-те сторителинг песни од албумот „Овде има место за сите“, креирани, сечени, лепени, монтирани и продуцирани во периодот од 2008 до 2012. Дебитантското издание на Гоце Кантар донесува 15 одважни приказни за нашето бреме, жанровски експлоатира повеќе стилови, политички (не)коректно ја сецира нашата стварност, помрднувајќи ги границите на слушливоста.
Да, овде има место за сите кои крадат.

 

01. Овде има место за сите
02. Робови
03. Плен
04. Тик-Так
05. Обожавам
06. Глува борба
07. Нови времиња
08. Ние сме…
09. Триумф
10. Еден за сите
11. Во името на…
12. Песна за Прилеп и прилепско
13. Култура (Анти) Култура
14. Не се диши
15. Овде има место за сите

с л о б о д н о   п р е з е м а њ е

Другата страна на надежта
режија: Aki Kaurismäki

21.05.2017

Кога зборуваме за помали европски кинематографии, финската секако е една од нив. Истата најчесто се поистоветува со имињата на браќата Мика (постариот) и Аки (помладиот) ...

Depeche Mode во живо во Амстердам
Ziggo Dome | 7 мај 2017

18.05.2017

По четиригодишната пауза од издавањето на последниот студиски албум кој беше оценет како најслаб од страна на критичарите и публиката – Delta Machine (2013,  Columbia ...