The Raveonettes

Pe’ Ahi

Pe’Ahi е името на легендарното и опасно место за сурферите во Мауи на Хаваи, а воедно и насловот на новиот албум на Raveonettes, на кој албум данското дуо игра горко-слатка игра и се чини ужива во изнаоѓањето нови начини како да се направи во основа истото, нојз поп со гејз фикс во височините населени од Jesus and Mary Chain.
Играта започнува со антитезата во дизајнот на омотот – тиркизен плисок кој нé носи до чистата вода на плажите на Хаваи за преку ножот одеднаш да нé доведе до помрачната реалност, бидејќи хоророт останува тема на Raveonettes, како што отсекогаш и бил.

Првата песна, “Endless Sleeper” претставува цикличен почеток на албумот, со шармантниот глас на Sharin Foo, кој нé вози од речиси сурф мелодија до слоевити дисторзии, и веќе создава своевидна непријатност со двата стиха: “I have sand in my shoes and death in my mind”.
Експлозиите на дисторзиите продолжуваат и во “Sisters”, со доволно моќни моменти за посмирувачките вокали, спротивставени со речиси акапела сегменти во кои пеачката е придружена само од харфа, инструмент кој бендот го вклучува како новина.

raveonettesbeach

Уште еден од главните моменти на албумот е “Kill!”, речиси електроника, каде Sune Rose го потсетува својот, неодама починат татко, за кој, судејќи според текстот, нема никаква посебна наклонетост “I never met my dad in a loving dream, smiling in the moonless night. One time I saw my dad fuck a redhead whore, I never ever thought I would.”

Ако ова не беше доволно, ајде да ја слушнеме приказна за скршените срца, изгубената љубов и неверството во “Wake me up”, најексперименталното поглавје на албумот, каде дуото комбинира агресија, прилично меланхолична, што претставува и еден од најслатките делови од пеењето на Sharin.

“Summer Ends” (Летото завршува), а завршува и овој албум, со песна која Sune Rose исто така ја посветува на својот татко: “You come running when I need you, I said go fuck yourself I don’t believe you. You had it all now you’re chasing ugly angels up in Heaven.”

На крајот на краиштата, да се слуша овој албум е да се нурне во темни води, во валкани атмосфери на бучава и дисторзии послужени со сурф гитари, па дури и неколку хавајски мелодии. Споредено со претходните албуми, тука бендот се осмелува да игра со ритмични промени и неконвенционални структури на песни. И да, Pe’ Ahi ” ви буди сеќавање на морето, но во моментите кога се урива во карпите.