Фолтин

Пијан Славеј

„Ела си в кревет, прсти ќе ми бакнуваш, ќе бидеш ремек-дело“ – филмот кај Фолтин започнува без предупредување со трепкачки светла пред претставата. А каде пишува дека би требало да биде поинаку?

Foltin

Во полнолетната година од своето постоење, Фолтин се повторно на стартната позиција, со еден тон немир кој ја покренува доминантно вечната тема на односот маж-жена, поединец-општество, толку голема, просто непријатно голема. 3 години по последниот албум „Антитело“, на своето осмо издание, „Пијан славеј“ донесува рециклирана маниристичка невралгија со приземен вокабулар, сместен во „дваесетминутно свирење“ за, некогаш толку посакуваната движечка состојба на опиеност, каде од ситуацијата на немир природно налегнуваш на ситуацијата во потрага по нешто ново. Музички, „Пијан славеј“ е како киднапиран од некоја маалска забава во 50-тите, каде луѓето зборуваат за работите за кои никогаш не е доцна. Препознатливиот сезнибилитет на Фолтин во песните Ела Си В Кревет, Пијан Славеј, Облаче, Ми Падна Газо, Слободната Љубов и Купидон е помалу повлечен, во игра се жанровски различни, потентно универзални и прадоксално исчашени аргументи, но со истата добро познатата оркестарска раскошност во сé уште не до крај испитаните музички пространства. Обезграниченост, би рекле Фолтинци. Ваистина обезграничени. Повторно вашиот шлагер на сезоната.
А вистината секогаш чучи во парадокст, тоа барем добро го знаеме. Нашиот космос како наш космос, и понатаму ќе пее за односите. За тоа, за жал не постои вето. Љубов во време на ДДВ.

 

Саша Павловиќ | Коза Ностра 5 | 22 октомври 2015