[видео] Matej Foltz

Понеделник

[ ]

Бит: JoeMay Beats / Аранжман, микс и мастеринг: 5R, TenSixty / Видео монтажа: Frozen Time Drops

 

Проблеми ми претат, но имам мирен сон
Проблем надвор или дома, проблеми по телефон
некогаш сум дисконектед, не ме барај, не те слушам
Не ми ѕвони кој и да си, пошто денес сум без душа

Нема шанси да ми погодиш во муд,
Денес личам како да сум некој друг
нејкам контакт, пошто нејкам да сум груб
Денес не сум дел од твојот круг

Океј, многу ствари кои лежат
Аха, малку луѓе кои тешат
Аха, многу рани кои не се лечат
Аха, горди фаци, често грешат

ја потискаат и кријат емоцијата,
И го третираат ко да не е проблем
нејкам кога се форсира енергијата
Сега да пушиш и да не мислиш е тренд

А на мене филмот ми е друг
Пуштени се битови на loop
Зошто сакаш да го згасиш мојот грув?
Не го сакаш бидејки е туѓ

Некад исклучен од светот, овој осеќај е познат
Нејкам надвор ама спремен сум да искочам од зона
Сакам комфорт, ама само кога го заслужувам
Па мирот ми е таму каде што завршува

Пошто проблеми ми претат, но имам мирен сон
Проблем надвор или дома, проблеми по телефон
некогаш сум дисконектед, не ме барај, не те слушам
Не ми ѕвони кој и да си, пошто денес сум без душа

Нема шанси да ми погодиш во муд,
Денес личам како да сум некој друг
нејкам контакт, пошто нејкам да сум груб
Денес не сум дел од твојот круг

12.10.2018

„Слугинки“ е една од најизведуваните пиеси во историјата на театарот. Напишана и изведена за првпат во 1947 година во Париз во режија на легендарниот Луј ...

01.10.2018

Јетон Келменди е поет кој првиот чекор во стихот го прави од стаменоста на молкот. Кога ја читаме неговата поезија имаме впечаток дека неговиот стиховен ...