Димитар Додовски

Potential worlds

КУПИ

D_D

Ехо на Планетите – за оние кои не сакаат предлолги рецензирања на албуми, а во овој случај, после солидно изградената дискографија, ги претставува „Потенцијалните светови“ на инспирираниот Димитар Додовски во осумте, медитативно димензионирани траки (реализирани за надоаѓачката лондонска дискографска работилница Womblabel), сместени во длабоко завален амбиентален светоглед кој интроспективно ги испитува скриените потенцијални можности на новите планети, во облик на музиката направена со персонален сметач и додатни неопходни сотверски помагала, кои користат експериментална текстура на ехо-управувани звуци и ритми во манипулативен збир на измамувачки, неверојатно игриви детали со лирска навигација на повлечени битови кои комфорно функционираат во светот на музичките рефлексии на Додовски, ослободени од деценски заглавената four-to-the-floor филозофија, позиционирајќи го звуковниот простор во отворено полетна футуристички рафинирана фузија на бујна дигиталија и сонична мимикрија што експресно го катапултира во фолдерот „паметна електроника“, соочено исправена пред вечното прашање „Дали електрониката има душа?“ која се восприема како (и само како) албум (а да, кој денес слуша албуми?) кој своето реализирање го најавува на 21-ви ноември, кога, прогнозата вели – ќе биде угодно сончево, совршено за преслушување на Ехото на Планетите.

 

Саша Павловиќ | Коза Ностра 7 | 5 ноември 2015

12.10.2018

„Слугинки“ е една од најизведуваните пиеси во историјата на театарот. Напишана и изведена за првпат во 1947 година во Париз во режија на легендарниот Луј ...

01.10.2018

Јетон Келменди е поет кој првиот чекор во стихот го прави од стаменоста на молкот. Кога ја читаме неговата поезија имаме впечаток дека неговиот стиховен ...