[рецензија] War for the Planet of the Apes

режија: Matt Reeves

[ ]

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во War for the Planet of the Apes. Има нешто во Цезар и неговите соборци што го активира гуштерскиот дел од нашиот мозок и нè тера со страхопотсмев да гледаме на овие мајмуни што емулираат луѓе. Во Планетата на Мајмуните со Charlton Heston (како и во истоимената серија што нон-стоп се вртеше на РТС во 80-тите) потсмевот го оправдував со примитивните костуми и шминка кои го водеа серијалот кон камп. Кога почнав да ја гледам модернава верзија насмевката ми се заледи на лицето.

WFTPOTA
Приказната е лесна да се следи дури и ако не сте ги гледале претходните делови. Човечката армија предводена од Полковникот (Woody Harrelson) ги убива жената и постариот син на лидерот на мајмуните Цезар (Andy Serkis). Цезар, заслепен од омраза, поаѓа во потера по Полковникот и по пат сфаќа дека станал ист како Коба, мајмунот кој ја започна војната затоа што осветата му беше поважна од соживотот со луѓето.
Претходниот филм за планетата на мајмуните беше сага за животни кои се обидуваат во себе да го дестилираат најдоброто од човечката раса и по пат ја губат невиноста. Во продолжението мајмуните ја комплетираат трансформацијата, а луѓето се тие што дееволуираат и ја губат способноста за комуникација. Заедно, овие филмови ја претставуваат највиталната филмска франшиза во моментов.
Во својата суштина, War for the Planet of the Apes е вестерн приказна во која Индијанците се заменети со човеколики мајмуни. Ова делува како евтин трик, но е изненадувачки ефектен. Едно е да се сочувствува со обесправено малцинство (Dances with Wolves) или дури со обесправен вонземјанин (Avatar). Сосема друго е кога иста таква емпатија треба да се трансферира на мајмун, кого цел живот сме го доживувале како посмешна и поглупава верзија на нас самите. Овие мајмуни носат во себе повеќе човечност од сите суперхерои што ќе продефилираат низ кино салите во 2017.
P.S. Да, дури и од Логан!

13.12.2017

М о ј о т   л и ч е н   С у п е р х и к (с)     Кога нештата се случуваат ...

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...