KLO

Сè [Критика 038]

KLOmpletno

 

1 Possessed [KLO, 2002] 05:25
2 Penetrate (Into My Mind) [KLO, 2002] 03:37
3 Starlight [KLO, 2002] 03:40
4 We Know Everything [KLO, 2002] 04:38
5 Spell [KLO, 2002] 02:18
6 Feels Like… [KLO, 2002] 04:18
7 Possess [KLO, 2002] 01:24
8 Fallacy [KLO, 2002] 02:53
9 Embrace [KLO, 2002] 03:21
10 Soaking [KLO, 2002] 05:03
11 Mellancholly [KLO na Stotrojka, 2006] 03:17
12 Fallacy [KLO na Stotrojka, 2006] 02:26
13 Embrace [KLO na Stotrojka, 2006] 02:36
14 Penetrate (into your mind) [KLO na Stotrojka, 2006] 03:04
15 Cry for the moon [KLO na Stotrojka, 2006] 03:42
16 Spell [KLO na Stotrojka, 2006] 01:42
17 Starlight [KLO na Stotrojka, 2006] 03:18
18 Possessed [KLO na Stotrojka, 2006] 04:15
19 Mellancholly [Проба Макотекс, 2007] 04:04
20 Penetrate into your mind [Проба Макотекс, 2007] 07:36
21 Greatest gift [Проба Макотекс, 2007] 04:14
22 We know everything [Проба Макотекс, 2007] 04:44
23 Cry for the moon [Проба Макотекс, 2007] 14:34
24 Fallacy [Проба Макотекс, 2007] 03:58
25 Spell [Проба Макотекс, 2007] 03:00
26 Starlight [Проба Макотекс, 2007] 03:31
27 Lefted scenes [Проба Макотекс, 2007] 03:01
28 Црв [Ние, демо 1998] 05:38
29 F Play [Ние, демо 1998] 05:08
30 SiloF [Ние, демо 1998] 04:37
31 Up & Down & Fall [Ние, демо 1998] 06:06
32 Long way from home [Ние, демо 1999] 09:43
33 I don’t know [Ние, демо 1999] 07:31
34 What’s this anyway… [Ние, демо 1999] 04:49
35 But, for sure [Ние, демо 1999] 01:38
36 I’m not [Ние, демо 1999] 02:15
37 Happy [Ние, демо 1999] 05:46
38 Embrace [Ние, демо 1999] 02:37
39 Fallacy [Ние, демо 1999] 02:17
40 KLO (интрументал) [Ние, демо 1999] 03:18
41 01 The ghosts they were (со Орде) [Скици, 2004/2005] 07:04
42 01 The ghosts they were (прва верзија) [Скици, 2004/2005] 05:54
43 02 Melancholy (демо) [Скици, 2004/2005] 05:31
44 03 Скица без флејта [Скици, 2004/2005] 05:07
45 03 Скица со флејта [Скици, 2004/2005] 04:41
46 04 Со бас [Скици, 2004/2005] 05:38
47 04 Со флејта [Скици, 2004/2005] 05:39
48 05 [Скици, 2004/2005] 04:24
49 06 [Скици, 2004/2005] 09:10
50 07 Lighting dreams [Скици, 2004/2005] 04:11
51 08 [Скици, 2004/2005] 03:22
52 09 Ashes in your eyes 2 [Скици, 2004/2005] 03:48
53 09 Ashes in your eyes (со Соња) [Скици, 2004/2005] 03:40
54 10 [Скици, 2004/2005] 11:44
55 11 Fooger mooger (посветена на Сецко) [Скици, 2004/2005] 03:40
56 Молитва [Bastion: Works & Rew>>works, 2007] 04:57

 

● 1-10: КЛО / CDr [самиздат, 2006]

Klo I

● 11-18: КЛО НА СТОТРОЈКА / дигитален албум [Ако никој не свири, 2013]
KLO II
● 19-27: ПРОБА МАКОТЕКС [2007]
снимател: Ален Хаџи-Стефанов
● 28-40: НИЕ демо [1999]
● 41-55: СКИЦИ [2004-2005]
● 56: од компилацијата “Bastion: Works & Rew>>works” [PMG Recordings, 2007]

 


п р е з е м и   с л о б о д н о

 

KLO [Keen Lone Observers]

Иако официјално под името КЛО работат од октомври 1999 година, сепак вистински бендот ќе профункционира дури неколку години потоа, на почетокот на 2005, кога прво Соња Димитријоска, а потоа и Деан Змејкоски доаѓаат во Скопје.
Тие двајцата секогаш го чинеле авторското јадро на бендот, иако никогаш не настапиле самостојно како дуо. Како и секоја добра музичка приказна така и оваа има своја предисторија, во Прилеп, градот од каде потекнуваат и Соња и Деан. Соња своето музичко образование го стекнала на музичко училиште, свирејќи флејта, додека Деан е самоук гитарист кој во 1998 ќе го направи алтернативниот бенд „Ние“, во кој, освен него на бас, членувале и Данко Пирганоски како вокалист, Орде Стеваноски на каначки и Божидар Илиески на гитара.

Ова е само мал вовед во приказната бидејќи некои од песните кои потоа ќе се најдат на првото демо на КЛО се напишани од Данко и нивниот костур е создаден во неговата гаража каде бендот “вежбал”. Овој состав ќе трае многу кратко. Кога наредната година им се приклучува Соња, таа со себе ќе донесе и еден поинаков пристап и темпо на работа кое останатите нема да го прифатат и за кратко (во октомври 1999) ќе се создаде нов бенд со име КЛО. Во него, освен Соња и Деан, од стариот состав ќе биде вклучен и Божидар. На местото зад тапаните за краток период ќе се сменат Тони Цивкароски – Цивкаро и Пеце Свеќароски – Сабато (тапанар во многу прилепски метал и панк состави). Со нив, во домашни услови (на обичен касетофон), ќе ги направат своите први демо снимки кои сепак ќе останат само сведоштво за напорите да се создаде вистински бенд во минимални услови за тоа. Божидар ќе го напушти бендот, па Соња и Деан ќе продолжат самите да создаваат песни кои ќе ги снимат малку подоцна, кога на бендот ќе му се приклучи и Горан Попоски (Juke Joint Express) на тапани.

Овде некаде започнува и реалната приказна за бендот КЛО. Повторно во импровизирани услови, во јануари 2002, ќе го завршат снимањето на новото демо кое и во наредните три години ќе остане само на компјутерот на Деан. Во меѓувреме Соња заминува во Скопје, а, подоцна ќе и се придружи и Деан. Но, сосема случајно, зимото 2005, на инсистирање на Михајло Мотески – Моте (принт дизајнер), десетте песни од демото ќе бидат ставени на CDr, а тој самиот ќе отпечати и омот, па такво, по приватни канали ќе биде делено на музички фанатици низ Скопје. Цртежот на обвивката е дело на братот на Соња – Борче Димитријоски. Овој материјал за кратко време ќе го сврти вниманието кон групата и ќе ги етаблира КЛО во модерен бенд, чиј звук се темели на комплексни гитарски текстури со нагласена амбиентална психоделија, во кој до потполн израз доаѓа етеричниот вокал на Соња, или звук кој е во блиска корелација со она што на почетокот на 90-те се создава во кујните на бендовите од познатата британска етикета 4AD. Интересно, краток сегмент од една нивна песна може да се слушне и во филмот на Борјан Зафировски – „Алеф”. Одличниот прием кој ќе го доживее овој материјал, најмногу помеѓу слушателите на радиото Канал 103 ќе ги мотивира да го реактивираат бендот.

На 9 април 2006, официјално ќе го имаат својот прв концерт, на Канал 103, во емисијата „Тажен и прекрасен свет”. За таа прилика, како втор гитарист, ќе го поканат Александар Ников (ех Џигерс). Акустичниот концерт ќе биде снимен од страна на Ален Хаџи-Стефанов. Неколку месеци по настапот на Канал 103 ќе имаат уште еден акустичен настап, во клубот „Лудница“ и на тој начин ќе заокружат уште една фаза од постоењето на составот. Крајот на 2006 ќе го одбележи преработката на песната од Бастион – Молитва, а во истиот период и двајцата (Деан и Соња) ќе бидат гости-музичари на снимањето на деби албумот на Пиколомини – From subway to my way. Ова студиско искуство ќе придонесе и самите да започнат да размислуваат за некаква промена во звукот и за снимање на свој деби албум. Кон крајот на 2007 година ќе започнат со „електрификација“ на составот кој го прошируваат со Никола Дрвошанов на бас гитара и повторно го повикуваат стариот пријател Горан Попоски да седне зад тапаните. Интензивните проби на кои ќе ги преаранжираат старите песни се и почетоци на создавањето на комплетно нов материјал кој неминовно било и да се сними. За само една ноќ ќе влезат во студиото „Кларион“ и ќе ги наснимат тапаните, а останатите инструменти било планирано да се снимат во импровизираното домашно студио на Деан, но процесот некако не добивал посакуван тек. Во ноември 2008 ќе настапат уште еднаш во Канал 103, овојпат во емисијата „Ако никој не свири”, со желба да ги најават материјалите за својот деби албум. На 18 декември 2008 ќе настапат повторно во Скопје, во Indie Pub, промовирајќи го компилациското CD – „Ако никој не свири…Во живо на Стотројка“, на кое и тие се застапени со една песна.

И повторно ќе се повлечат во илегала, наводно да го доработат материјалот за деби албум. Но, односите внатре веќе се доволно затегнати, па бендот прв ќе го напушти Александар и ќе продолжи со соло работа на полето на електронската и амбиентална музика. Без главниот гитарист групата ќе биде приморана повторно да се наврати на преаранжирање на веќе готовите материјали, па целиот процес на снимање повторно ќе се растегнало до недоглед. Кога сите очекувале дефинитивен камбек, на почетокот на септември ќе отсвират одличен самостоен концерт (повторно во Indie Pub), а недолго потоа, на 21 септември 2009 во МКЦ, како и на отворањето на 34. издание на МОТ, сепак ќе следува дефинитивен крај. Секој на своја страна. Деан ќе се посвети комплетно на клубот “La Кana”. Неколку години потоа, во 2013, заедно со Никола на бас, Лазар Дарковски (ех String Forces) на тапани и Тодор Караколев-вокал (ex The Floods), ќе го започне пост-рок бендот Susijat. Под тоа име, во 2014 ќе го издадат албумот Safety is Numbness, a две години потоа и заедничкиот албум со францускиот бенд Portron Portron Lopez. Горан ќе продолжи да настапува со кавер бендот In The Mood. Соња ќе запее како главен вокал (во некои песни ќе свири и на флејта) на некои од песните на 7-те албуми на Mooger Fooger (со исклучок на вториот) и многу често ќе настапува со нив на сцена, а паралелно ќе започне и македонско–шпански (поточно каталонски) бенд со име Then. На неодамнешното (март 2014) компилациско CD издание со име „Некои девојки“, Соња заедно со Игор Стојановски (ех Smut) (паралелно работи своја музика под името Cableclark) ќе биде застапена со една песна – End Of The Universe, снимена под името Future Cathedrals.
Постхумно, во декември 2013, издавачката куќа „Ако никој не свири“, дигитално ќе ги објави материјалите од нивниот прв настап во живо, во април 2006, под името „КЛО на Стотројка“.

[ „Македонска рок енциклопедија“ ]