Езерото како остров на средина од постмодернистичкиот бескрај

Кон збирката раскази „Секој со своето езеро“ од Ненад Јолдески

[ ]

Езерото е воден квантум кој ни се причинува дека стои, но не стои. Затоа страшно нè привлекува да дојдеме до него, до брегот. Да седнеме покрај него, да гледаме во хорзонтот, да плачеме покрај него, да се вљубуваме, да си ги кажуваме последните зборови пред да влеземе во него и да потонеме во неговите води зашто потајно сме направиле договор со лирскиот мрак чие ехо од неговите најдлабоки дамари многу пати нè повикува, а ние се поплукуваме во пазувите дека еве не сме го слушнале. Таа вода не стои иако кога трепери на сонце или на месечина и ни се чини дека е тука како и лани, како и пред една деценија, како и пред да сме се родиле. Нашето маѓиско сеќавање бележи во нефатографките наслаги дека таа вода се движи. Дека и кога не сме таму ни влегува во малите ситни куќички што ги носиме во духовната пештера внатре во нас и не наводенува и многу пати не само до глуждот.

 

ssse


Ненад Јолдески со книгата раскази „Секој со своето езеро“ влегува во интимата на брановите, во ехото на привидниот езерски мир, а што е најважно во историските епови кои се откорнуваат од секојдневните мудрости на обичниот човек и се провлекуваат низ постојаниот вриеж на ентитетот кој го има само тука и никаде на друго место – Струга  и езерото. Јазикот на оваа книга со петнаесеттина раскази од кои некои се половина страничка, а некои скоро една четвртина од самата книга има волшебна дијалектичка надмоќност. Кога ја читате по првпат имате впечаток дека девствената лиричност на говорот повремено наслоена со меки историски и етнолошки проколнувања ве носи на место каде филозофијата е над прагматичниот животен тек. Ненад Јолдески во овие раскази не го отвора срцето, тој ја покажува потребата од негово дефинитивно затворање. Решетките од пречкртувани редови кои ги покажува
a priori во овие „раскази од вода“ се дел од занданата која заторајќи го срцето го отвора неговиот раскажувачки гениј кој уште со првите неколку странички ме потсети на бесмртниот Дино Буцати и на неговите „С едум гласници“, недозавршени раскази во кои ликовите борејќи се со мета фактите на нивната фантазмагорична стварност постојано се соочуваатсо смртта. Ненад Јолдески не поведува на едно патување каде езерото ни ги задушува липтежите само затоа што неговите широчини се бескрај во кој постојано трагаме по нашата неизживеана вистина. Затоа задушените емоции што ги имаме како грутка во грлото се вратата која срцето дефинитивно ќе мора да ја затвори.

Авторот оваа книга ја започнува со обид. Обид да ги напише првите неколку реда. На почетокот безуспешен како кога новороденче кое се мачи да заплаче после излегувањето од утробата на мајката, како талентиран актер кој не може да го започне сојот прв монолог но потоа ја воодушеввува публиката со грандиозната изведба а бебето плаче толку гласно што ги заглушило сите кажувајќи им дека е здраво и спремно да го започне својот живот. Така започнува оваа тенка книгичка, срамежливо и несигурно за потоа да ве поведи во најинтересното литерарно патување што некогаш сте го доживеале. Лексиката на расказите се движи од постмодерничките лупинзи во расказите „Оган“, „Поплава“, „Спирала“ , „Патувања“ за преку реалистичките епиграмски раскажувања натопени со една мудрост налик на мит во (мене најомилен) расказот „Кај најде баш сливата , Господи!“ да не донесе до неговото јадро, а тоа е егзистенцијалистичкиот приказ на личноста на Никола Незлбински, природонаучник кој бил основоположник на првиот здравствен дом, но и природнонаучниот музеј во Струга кој денес го носи неговото име. Расказот „Николај и мастиловото езеро!“ во тој свој егзистенциајлистички наратив ја мистифицира неговата посветеност на овој град кој тлее на крстопатот меѓу Дрим и Охридското езеро. Конечно, овој расказ го сублимира целиот стилски ориентир на овој автор кој е еден од ретките во македонската книжевност што има талент да ни раскаже цел еден живот во неколку реченици.

nj„Секој со своето езеро“ не е густа книга. Напротив меѓу редовите од овие раскази има многу „нефес“, многу место за да земете здив и да продолжите, но и ви дава време да помислите на оние работи кои намерно сте си ги потиснале: на достагата, на тагата кон откинатите родови преграбувања, на несреќните случаи кои не требале да бидат онака  како штобиле, на љубовта која си го игубила патот а вие не сте можеле ништо да направите, конечно на вашата немоќ од која кај и да е еден ден ќе се ослободите и повторно ќе ги отворите кориците од оваа книга. Најпосле, искреноста на овој автор со последниот расказ „Вода“ (симболично) прави еден исчекор од опусот кој го заговара до последната страница, а тоа е обидот за пректично резлизирање на ракописот, еден жанр во жанр кој е исто така лирично експониран.

Сјајната збирка раскази „Секој со своето езеро“ е добитник на наградата за литература на европската унија и има потреба од уште многу преводи за кои искрено се надеваме дека ќе ги има.

Најпосле, езерото е проѕирна и студена магма која мазохистички сакаме да не покрие, а ако не совлада тагата и (не дај Боже) да не прекрие. Оваа книга, би рекол, македонската литература ја има како што француската го има „Малиот принц“, а американската „Галебот Џонатан Ливингстон“. На неа авторот на овие редови се наврати уште еднаш како што се враќа кон вистинското езеро и ја стави веднаш до споменатите две книги затоа што е сигурен дека некогаш повторно ќе ја отвори.

 

Секој со своето езеро“, во издание на Или Или, 2016


Го презентираме Куманово насекаде
интервју со Филип Михајловски од Khara

18.09.2018

  Khara – од каде името за групата, значењето/потеклото? Според монголската митологија, Кара е името на првиот шаман, што враќал мртви луѓе во живот. Приказната ...

16.09.2018

На 6 септември во клубот „Ла Кања“ во старата скопска чаршија низ слушачка промоција ни беше претставено новото чедо на Давид Ангелевски пророчки насловено „Бела ...