Sex and Broadcasting | Документарец за WFMU

[ 2014 ]

Американска приказна за животот, слободата и независното радио

Конечно – првиот документарен филм за култната радио станица WFMUfreeform радиото кое започна како мало студентско радио на колеџот Упсала во 50-тите, а кое по банкротирањето на овој колеџ во 1995 година беше откупено од вработените, слушателите и управителите, и продолжи да работи израснувајќи во светски позната радио станица. WFMU зрачи на 91.1 Mhz FM во Jersey City, NJ, а армијата слушатели низ светот го слушаат преку неговата веб-страница. Слушателите имаат речиси религиозен култ кон своето омилено радио, па така секоја година донираат средства за одржување на станицата во живот. Годишните маратони за донирање и саеми на плочи се главен извор за финансирање на ова радио, и настани кои слушателите со нетрпение ги очекуваат. И покрај растечките годишни трошоци, WFMU секоја година успева да собере доволно средства не само за да се одржи во етерот, туку и да ја одржи својата импресивна колекција на плочи, на која сигурно дури и Zero Freitas гледа со восхит. На ова некомерцијално freeform радио, каде ви се чини природно кога по Metal Angels ќе ги чуете Los Lobos, и каде никогаш не знаете каква музика ќе чуете следно, единствено нешто што сигурно знаете е дека радиото нема реклами.

Документарецот “Sex and Broadcasting” режиран од Tim K. Smith беше премиерно прикажан на овогодинешниот Doc NYC. Оние кои го виделе велат дека во него нема ни С од секс, но има нешто за што слушателите на ова радио би се согласиле дека e исто толку добро – многу WFMU оригинални снимки од настапите во живо, импресивна архива на плочи, средбите со слушателите, изјавите на и оние за сега веќе култниот менаџер и DJ на WFMU – Ken Freedman… Се чини дека може да очекуваме реален, срцепарателен приказ на донкихотската борба на WFMU да опстои како самостојна, некомерцијална и независна радио станица поддржана од слушателите наспроти притисоците од силната музичка индустрија, комерцијалните радија и оние кои ја штитат комерцијализацијата и програмското насочување на слушателскиот вкус и се обидуваат да им ја сокријат добрата музика. Затоа е тука WFMU, да остане уште долго во етерот и да ја пре тставува музиката на светот.

 

19.11.2018

Поетскиот ангажман на Лидија Димковска има една in flagranti конотација која интригира и восхитува. Поетскиот ракопис „Црно на бело“ започнува од едноставен бел стих, а ...

10.11.2018

Кон „Царството на мракот“ од Л.Н.Толстој во продукција на Народно позориште од Белград Режија: Игор Вук Торбица Главни улоги: Олга Одановиќ, Хана Селимовиќ, Вања Ејдус, Љубомир ...