Frank Bretschneider

SINN + FORM

Frank Bretschneider е музичар, композитор и видео артист кој доаѓа од Берлин и претставува еден од пионерите на новиот електронски звук, а неговата работа е позната по прецизните и комплексни ритам структури и минималистичниот и флуиден пристап. Историски гледно, еден е од најзначајните артисти за изгледот на електронската музика каква што ја познаваме денес. Ги поставува темелите на дигиталниот минималистичен пристап, трасирајќи го патот за генерации музичари и уметници кои денес го копираат неговиот стил, дефиниран под терминот microsound. Секако денес тој термин е веќе изваден од употреба, разгранувајќи се во бесконечно многу правци. Презаситувајќи се со дигиталноста, го напушта тој пристап, еволуирајќи го звукот, меѓутоа враќајќи се наназад, кон аналогијата.

Новиот албум SINN+FORM, издаден за реномираната Берлинска електронска етикета Raster Noton, е создаден на Buchla и Serge аналогните модуларни синтисајзер системи за време на Elektronmusikstudion резиденцијата во Стокхолм во јули минатата година. Со овој албум Frank Bretschneider го поместува фокусот од компонирање и генерирање музика со компјутери и софтвер и оди малку наназад кон основите на електронската музика, враќајќи се кон аналогната опрема, користејќи ги овие легендарни модули. SINN+FORM, за разлика од неговите претходни изданија, има различен фокус во пристапот и се вклопува во неговата рецентна идеја за подиректно и интерактивно чувство во компонирањето, добивајќи со тоа поспонтана, импровизирана електронска музика. Звучниот аспект е пропратен со визуелен аспект, кој претставува слика на музиката направен на софтверот гониометар што генерира вид на Лисажуови фигури, а на своите живи настапи е придружен и од визуелниот уметник Pierce Warnecke, со кој прават аналогна A/V симбиоза.

Со Sinn + Form тој ги разјаснува односите меѓу содржината и структурата во музиката и се обидува да најде синтеза на двете. Во овој албум, за разлика од претходните, забележително е и отсуството на ритам, барем во онаа очигледна форма, во смисла на категоријата битови/барови, поставувајќи го акцентот на импровизацијата. SINN+FORM е исто така еден вид на омаж кон авангардната електронска и импровизирана музика на 20-иот век, неговите влијанија и корени, кои се од суштинско значење за разбирањето на неговиот звук. И покрај тоа што овој албум е погруб од претходните ритмични инкарнации, повторно е електронски и минималистичен, препознавајќи ги во него техно, даб, ИДМ и амбиент влијанијата, менувајќи ги насоките, формулите, стереотипи и клишеата, со тоа добивајќи за него сосема нова форма.

 

23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...