Алек Костенаров

Скопје се сеќава

A_K

Првиот сингл од мини-ЛП-то на Алек Костенаров, некогашниот басист на Culture Development, кое го претставува како кантавтор на 6 акустични парчиња насловени како „Скопје се сеќава“, снимени во студиото на Дени Крстев, а издадени за новата дискографска работилница ДИП. На изданието во две песни гостува Глигорије Глигоров. Мини-албумот ќе биде достапен во CD формат и бесплатно на bandcamp страницата на Костенаров.

Промоцијата е најавена за 13-ти ноември.