Музика и марихуана во држава банана

Таксират фестивал 2015

T2015

Синоќа заврши седумнаесеттото издание на Таксират. И после 17 изданија мене сé уште не ми е јасно зошто фестивалот кој секоја година нуди среќа и забава за неколку илјадници посетители се вика несреќа или невоља што е македонски превод на турскиот збор таксират. Како и да е, мој таксират беше да не бидам присутен на последниве 8 фестивали. И после осумгодишно апстинирање не е лесно за повратник да ги сумира сите впечатоци, посебно што сега за првпат бев во улога на новинар, фотограф и секако како музички фан. Таа тројна улога ми направи идентитетска збрка и овој текст е резлутат на токму таквиот идентитетски хаос. Ова се моите хаотични заклучоци.  

2

Прво, фестивалот од организациски аспект е на многу повисоко ниво. Бројот на штандовите е зголемен, нема веќе гужви за пијачки, обезбедувањето прилично коректно, односот кон новинарите и фотографите одличен, со еден збор се чувствува дека фестивалот ги има прележано сите детски болести и од тој аспект заслужува висока оценка. Стварно не се сеќавам кога последен пат сум бил на фестивал во Скопје каде таа релаксираност и леснотија во организацијата се чуствуваше на секој чекор.
Програмскиот концепт на фестивалот речиси и да не е сменет. Се разбира тука не зборувам за сите придружни настани на фестивалот кои се одвиваа речиси две недели и кои само го надополнија вкупниот впечаток од последната вечер. Програмската стратегија која инсистира на музички шаренолика понуда и понатаму останува заштитен знак на Таксират. Така беше и оваа година. На менито беа: метал, индустриал, ска, румба, рап, даб степ. Одиме по ред.

Вечерта ја отворија популарните металци Sabaton кои ширум светот полнат стадиони и чија мелодичност е на трагите на познатиот шведски поп рок. Затоа и не беше случајно што пред нивниот настап како музичко загревање се слушаше The Final Countdown на нивните сонародници Europe. Членовите на бендот беа изненадени што имаат толку многу фанови во малата Македонија. Климаксот на нивниот концерт беше темата Primo Victoria и секако при изведбата на две песни со македонското знаме на грбот на пејачот. Можеби на тврдокорните метал фанови нема да им се допадне мојата констатација дека Sabaton е зрел бенд за Евровизија. Верувам дека ако Шведска реши Sabaton да бидат нивниот претставник тие дефинитивно би биле едни од главните кандидати за првото место.

Следни беа Laibach. Мојот фаворит на вечерта. Ги имам гледано 5-6 пати и секогаш ме лазат оние убави морници пред нивен концерт. Не изостанаа и овојпат. Laibach не се почитуваат само заради музиката. Тие се повеќе од бенд. Тие се повеќе и од концепт. За нив не може да се пишува без да се спомне контекстот и нивната идеја за искористување на уметноста во тоталитарните општества. За оние кои се израдуваа на нивниот концерт во Северна Кореја и истиот го протолкуваа како поддршка на тој систем наспроти западниот тотално го утнале филмот со име Laibach. Познатиот словенечки филозоф и марксист Славој Жижек вели дека работата на Лајбах е релевантна во овој свет во кој „цинизмот денес е оштоприфатен вид на идеологија; единствен начин да се биде вистински субверзивен…. е да се сфати системот многу посериозно отколку што тој самиот себеси се зема за сериозен, и мислам дека тоа е можеби еден од клучните белези на стратегијата на Laibach“. Сепак оваа е текст за Таксират а концептот на Laibach ќе го разработуваме во некоја друга прилика. А Laibach минатата година го издадоа новиот албум под името Spectre кој беше и сржта на нивниот скопски настап. Комбинацијата на полесни индустриал звуци облагородени со вокалот на Мина Шпилер вокалистката на Мелодром звучи одлично и после подолго време Laibach не ми беа монотони или веќе прежвакани во живо. Одличен  настап, некои нови млади фанови кои ги пееја сите песни и само една забелешка, кратката минутажа.

После Laibach сосема друга атмосфера со La Pegatina, шпанска румба–ска варијанта на Дубиоза колектив. Енергичен настап чие што финале се случи со прошетка на бендот меѓу публиката во центарот на салата. Следуваа 2 Cellos за чиј концерт имаше најмногу публика а кој јас го искористив за одмор на моите нозе.

Последни кои ги гледав беа САФ придружувани од Тони Китановски Little Big Band. На прва помисла чудна комбинација на рап со придружна дувачка секција и тапани во живо. Но, само на прва помисла. Она што го видовме беше нов аспект на старата школа. Звучи познато, нели? Дувачките инструменти целосно беа во функција на веќе познатиот звук на САФ и не знам дали има некој фраер кој ќе каже дека ваквото издание на САФ е лошо. Уживав во секој тон, во секој ритам и збор. Дека нивниот рап никогаш не бил само вид на музика туку  пркос на забраните и  критика на дволичноста на системот беше и потегот на сафистите кои си испушија џоинт на бина давајќи јавна подршка за легализација на канабисот.
Настапот на Modestep не го дочекав. На изненадување на моите претходно споменати три идентитети се појави уште еден идентитет кој беше појак од сите останати па си заминав дома.

Таксират или среќо, се гледаме следната година на 18-от роденден, за да си кажеме добредојде адолесценцијо.


s1lp12.23L1saf1saf2

Европската вожња на скопската линија
Кон фестивалот Cinedays 9-19 ноември

24.11.2017

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар се одржа 16-то издание на меѓународниот фестивал на европски филм Cinedays. Овогодинешното мото на фестивалот ...

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...